Трамп му предложил на Макрон Франција да излезе од ЕУ
Американскиот претседател Доналд Трамп му предложил на францускиот колега Емануел Макрон, Франција да излезе од Европска унија и да склучи билатерален трговски договор со САД, објави денеска „Вашингтон пост“.
- Зошто не ја напуштиш ЕУ?, го прашал Трамп францускиот претседател за време на неговата посета на Белата куќа во април, наведува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца неименувани европски претставници.
Трамп...
Дејан Илиев го продолжи договорот со Арсенал
Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев останува во дресот на Арсенал, откако клубот потврдил дека македонскиот голман го продолжил договорот за уште две години.
Илиев на „Емирати“ дојде од струмичка Брегалница.
Македонскиот голман имаше одлична сезона во Арсенал и стандардно бранеше во младинскиот У23 тим со кого ја освои шампионската титула во развојната лига до 23 години.
Османи: Скрининг процесот почнува на 17 јули
По децении чекање, веќе имаме датум за почеток за преговори со Европската унија. На 17 јули еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најави дека доаѓа во Скопје и тогаш формално и ќе го започнеме скринингот, што е предуслов за отворање на преговорите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју од Брисел за емисијата „Топ тема на ваша страна“...
Холандија бара конкретни резултати од Албанија во борбата против криминалот и корупцијата
Холандија, преку својата Амбасада во Тирана, побара од албанските власти поконкретни резултати во борбата против криминалот и корупцијата.
Честитајќи и на земјата за напредокот и реформите, како што се наведува во денешното соопштение од Амбасадата, сега постои водич за продолжување на патувањето до јуни 2019 година.
- Подготвени сме и понатаму да соработуваме со Албанија за клучните реформи. Време е за...
Фелаини го продолжи договорот со Манчестер јунајтед
Договорот на белгискиот фудбалер Мауран Фелаини со Манчестер јунајтед истекуваше утре, но раководството на клубот во последен момент успеа да го убеди да остане на „Олд трафорд“.
Иако Фелаини пропушти голем дел од сезоната, сепак тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, одлучи да го задржи белгискиот фудбалер.
- Би сакал да му се заблагодарам на Мурињо, бидејќи секогаш имаше доверба во мене...
Најмалку 23 повредени во судир на трамваи во Прага
Најмалку 23 лица се повредени кога два трамваи се судрија денеска во Прага, јави ДПА, повикувајќи се на итните служби.
Несреќата се случи во центарот на главниот град на Чешка. Шест амбулантни возила пристигнаа на местото на настанот.
Еден трамвај удрил во задниот дел на другиот трамвај пред една крстосница. Штетата се проценува на 200.000 евра.
Повеќето од повредените се здобиле со...
Италијанските пристаништа летово ќе бидат затворени за невладините организации
Италијанските пристаништа ќе бидат затворени цело лето за бродовите на невладините организации кои им помагаат на мигрантите во Средоземното Море, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Италија Матео Салвини.
- Невладините организации ќе ја гледаат Италија само на разгледници- рече Салвини, кој исто така е вицепремиер и лидер на десничарската партија „Лига".
- Пристаништата ќе бидат затворени цело лето -...
Актерката Сузан Сарандон уапсена на протест против имиграционата политика на Трамп
Американската полиција приведе околу 600 жени, меѓу кои и актерката Сузан Сарандон, откако одржаа протест и во знак на поддршка на имигрантите седнаа пред зградата на американскиот Сенат.
Според наводите на вашингтонската полиција, уапсени се 575 лица поради незаконски протест.
Протестот беше насочен против политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за имиграцијата и особено одлуката да се раздвојуваат децата од...
Михајловиќ бара отштета од десет милиони евра од Спортинг
Српскиот тренер Синиша Михајловиќ доби отказ од Спортинг само по девет дена откако потпиша тригодишен договор и поради тоа одлучи да го тужи клубот од Лисабон.
Португалскиот спортски весник „А Бола“ наведува дека Михајловиќ не може да се помири со фактот дека на тој начин е избркан од клубот и бара отштета од Спортинг од десет милиони евра.
Според договорот, кој...
Германската разузнавачка служба призна дека ја вработила ќерката на Химлер
Германската разузнавачка служба признала дека ја вработила ќерката на Хајнрих Химлер во шеесеттите години на минатиот век, иако никогаш не се откажала од својот татко и од нацизмот, туку останала активна во десничарскиот екстремизам, пишува Ројтерс.
Германски Билд објави дека ќерката на Химлер, Гудрун Бурвиц работела за сојузната шпионска агенција БНД, што подоцна го потврди и самата агенција.
Химлер беше заповедник...







































