Осумгодишно дете од Слупчане прегазено со автомобил
Осумгодишно дете од кумановското село Слупчане е повредено откако во него удрил автомобил „опел корса“.
Детето со тешки телесни повреди е пренесено во Општата болница во Куманово од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Несреќата се случила вчера околу 15 часот на локалниот пат од село Слупчане до село Руница....
Зголемени нивоата на Дојранското и Охридското Езеро
Нивото на Дојранското Езеро е 13 сантиметри над максималниот водостој, а на Охридското Езеро е четири сантиметри над максимумот, покажуваат најновите хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Кај реките скоро двојно е зголемен водостојот на Вардар кај Велес и кај Зајчев Рид, на Црна Река кај Новаци и на Треска кај Македонски Брод. Намалување на нивото во споредба со...
И јазикот заплеткан во небулози
Поранешниот дипломат Ристо Никовски во пообемен текст за „Нова Македонија“ се осврнува потемелно на договорот за надминување на разликата за името со Грција. Неговите ставови за овој договор досега ги изнесувал во повеќе текстови, во телевизиски дебати и во интервјуа, но во текстовите што ги објавуваме во четири продолженија прави детална анализа. Насловите се редакциски
Факт е дека со договорот...
Вие сте предавници
Вие, со изготвувањето и гласањето на договорот со Грција за наше преименување, господа, сте предавници и како такви ќе ве памети засекогаш македонскиот народ, со многу поколенија во иднината. Ќе ве памети исто како што ги памети и хероите што ги положиле младите животи за негова среќа и цивилизациска светлина. Ќе ве памети како и нив, бидејќи тоа е...
Перо Иваноски-Тиквар, учесник во НОАВМ и на АСНОМ
На 27 јуни 2018 година почина Перо Иваноски-Тиквар. Перо Иваноски-Тиквар е роден на 28 април 1920 г. во Прилеп, во занаетчиска безимотна фамилија. Гимназија завршил во Прилеп. Од својата тринаесетта година работи како калфа. Во 1935 г. како напреден младинец, станал член на СКОЈ, а наредната 1936 г. го истакнал црвеното знаме на Маркови кули во Прилеп. За член...
Макрон го смени амбасадорот во Унгарија бидејќи го фалел Орбан
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на викендот го смени амбасадорот во Унгарија, Ерик Фурниe, откако беше објавен доверлив меморандум, во кој амбасадорот ја фали мигрантската политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
За нов француски амбасадор во Будимпешта именуван е Паскал Андреани.
Во доверливиот меморандум, со датум од 18 јуни и адресиран до кабинетот на Макрон, Фурние наведува дека Унгарија претставува...
Проширувањето на ЕУ високо, но не и највисоко во агендата на Виена
Австрија, која од вчера претседава со Советот на ЕУ, сака да го задржи фокусот на бугарското претседателство кон земјите од Западен Балкан, но повисоко на листата на приоритети, сепак, ќе ѝ бидат миграциите и прашањата за безбедноста и конкурентноста на ЕУ, како и мошне чувствителните прашања поврзани со брегзит и со буџетот на Унијата
Австриската амбасадорка во Македонија, Ренате Коблер,...
Капите на мајстор Трајче се носат на сите континенти
Еден од занаетите што е, речиси, пред целосно исчезнување е капарскиот занает, и во моментов, прашање е дали во целата земја останале уште три или четири активни мајстори. Еден од тие мајстори, кој им пркоси на времето и на годините, е 80-годишниот Трајче Ѓорѓијоски од Кичево. Тој уште на 15-годишна возраст почнал да се занимава, поточно, да го учи...
Трамп тврди дека Саудијците ќе произведуваат повеќе нафта
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека саудискиот крал Салман се согласил со неговото барање да го зголеми производството на нафта за два милиона барела дневно за да се намали цената на црното злато. Државните медиуми од Ријад, пак, потврдија дека имало телефонски разговор, но не спомнаа согласност за зголемување на производството на нафта.
- Штотуку разговарав со кралот на Саудиска...







































