Северна Кореја и понатаму ја развива нуклеарната програма?

Американски разузнавачи тврдат дека Северна Кореја го зголемила производството на гориво за нуклеарно оружје на повеќе тајни локации во изминатите месеци и дека се обидува да ги скрие овие активности, објави Ен-би-си-њуз, додавајќи дека Пјонгјанг истовремено бара отстапки во преговорите со Вашингтон за неговата нуклеарна програма. Ен-би-си-њуз се повикува на изјави на пет неименувани американски разузнавачи, кои тврдат дека Пјонгјанг...

Израел распоредува тенкови на границата со Сирија

Израелската армија тврди дека тоа е мерка на претпазливост поради засилените борби меѓу силите Асад и бунтовниците близу границата Израелската армија соопшти дека поставува дополнителни тенкови и артилериски единици по должината на границата со Сирија, како мерка на претпазливост поради засилените борби меѓу силите на Башар ал Асад и бунтовниците, јави Ројтерс. - Силите се поставени изутрината како дел од подготовките...

Хрватската претседателка во соблекувалната на фудбалерите (видео)

Пласманот на „коцкестите“ во четвртфиналето на Светското првенство меѓу првите го честиташе претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ. Таа доцна синоќа по триумфот над Данска, отиде во соблекувалната на фудбалерите и на сите поединечно со гушкање им оддаде признание за големиот успех. На Грабар Китаровиќ не и пречеше што некои од фудбалерите беа полуголи. Во четвртфиналето Хрватска ќе игра со домаќинот на...

Образованието никако да фати чекор со стопанството

Една од приоритетните активности на СКМ во изминатиот период беше, но и во иднина ќе биде, унапредување на системот на образование во согласност со потребите на бизнисот, преку втемелување на дуалните принципи во средното стручно образование Недостигот од вештини е утврден како критично ограничување за конкурентноста на Република Македонија и тоа постојано се споменува како клучно ограничување во глобалниот индекс...

Младите возат уморни, а повозрасните алкохолизирани и самоуверени

Македонските сообраќајници долго време се небезбедни за сите учесници во сообраќајот. Ниската сообраќајна култура, големиот број несовесни возачи и инфраструктурни услови во кои постои можност сериозно да се загрозат животите на граѓаните се секојдневни и константни проблеми во цела Македонија. Доказ за тоа се и големиот број жртви и повредени во сообраќајни несреќи. Акциите за издигнување на свеста кај...

Протести поради недостиг на вода во Иран

Во југозападните делови на Иран две вечери по ред избиваат судири меѓу полицијата и демонстранти кои протестираат поради недостатокот на вода за пиење. Како што јави иранската новинска агенција ИРНА, демонстрантите фрлаат со камења по полицијата и запалиле еден автомобил, но безбедносните сили ја држат состојбата во градот под контрола. Протестите се најинтензивни во градот Абадан, а протести имало и во...

Прегледајте го сами вашиот миленик

Ако се сомневате дека кучето има некакви здравствени проблеми, најпрво посветете внимание на неговото однесување Секако дека ветеринарот знае најдобро, но некогаш едноставни прегледи на вашиот миленик можете да направите и сами дома. Кучињата се најолабавени кога се дома, па затоа ако се посомневате дека не им е добро, дека нешто не е во ред со нив, можете сами да направите...

Кој ќе го контролира небото над Македонија

Бугарија може да ја преземе воздушната контрола над земјава кога таа ќе влезе во НАТО, под услов Алијансата да ѝ ја довери оваа задача на Софија и Македонија да се согласи со тоа, пишуваат бугарските медиуми, а домашните воени експерти потврдуваат дека тоа се вообичаени решенија кога некоја од членките нема сопствена воена авијација Авиони на воените воздухопловства на Италија...