Вие сте предавници

Вие, со изготвувањето и гласањето на договорот со Грција за наше преименување, господа, сте предавници и како такви ќе ве памети засекогаш македонскиот народ, со многу поколенија во иднината. Ќе ве памети исто како што ги памети и хероите што ги положиле младите животи за негова среќа и цивилизациска светлина. Ќе ве памети како и нив, бидејќи тоа е...

Перо Иваноски-Тиквар, учесник во НОАВМ и на АСНОМ

На 27 јуни 2018 година почина Перо Иваноски-Тиквар. Перо Иваноски-Тиквар е роден на 28 април 1920 г. во Прилеп, во занаетчиска безимотна фамилија. Гимназија завршил во Прилеп. Од својата тринаесетта година работи како калфа. Во 1935 г. како напреден младинец, станал член на СКОЈ, а наредната 1936 г. го истакнал црвеното знаме на Маркови кули во Прилеп. За член...

Макрон го смени амбасадорот во Унгарија бидејќи го фалел Орбан

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на викендот го смени амбасадорот во Унгарија, Ерик Фурниe, откако беше објавен доверлив меморандум, во кој амбасадорот ја фали мигрантската политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан. За нов француски амбасадор во Будимпешта именуван е Паскал Андреани. Во доверливиот меморандум, со датум од 18 јуни и адресиран до кабинетот на Макрон, Фурние наведува дека Унгарија претставува...

Проширувањето на ЕУ високо, но не и највисоко во агендата на Виена

Австрија, која од вчера претседава со Советот на ЕУ, сака да го задржи фокусот на бугарското претседателство кон земјите од Западен Балкан, но повисоко на листата на приоритети, сепак, ќе ѝ бидат миграциите и прашањата за безбедноста и конкурентноста на ЕУ, како и мошне чувствителните прашања поврзани со брегзит и со буџетот на Унијата Австриската амбасадорка во Македонија, Ренате Коблер,...

Капите на мајстор Трајче се носат на сите континенти

Еден од занаетите што е, речиси, пред целосно исчезнување е капарскиот занает, и во моментов, прашање е дали во целата земја останале уште три или четири активни мајстори. Еден од тие мајстори, кој им пркоси на времето и на годините, е 80-годишниот Трајче Ѓорѓијоски од Кичево. Тој уште на 15-годишна возраст почнал да се занимава, поточно, да го учи...

Трамп тврди дека Саудијците ќе произведуваат повеќе нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека саудискиот крал Салман се согласил со неговото барање да го зголеми производството на нафта за два милиона барела дневно за да се намали цената на црното злато. Државните медиуми од Ријад, пак, потврдија дека имало телефонски разговор, но не спомнаа согласност за зголемување на производството на нафта. - Штотуку разговарав со кралот на Саудиска...

Педесетгодишен велешанец пронајден мртов на улица

Педесет и тригодишен велешанец е пронајден мртов на улица вчера околу 16 часот. Според денешниот билтен на МВР, починатиот З.С. е пронајден на улицата „Благој Ѓорчев“ во Велес по што е извршен увид на местото на настанот, а телото на починатиот е испратено на обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје.  Случајот во полиција бил пријавен од Итната медицинска помош...

Северна Кореја и понатаму ја развива нуклеарната програма?

Американски разузнавачи тврдат дека Северна Кореја го зголемила производството на гориво за нуклеарно оружје на повеќе тајни локации во изминатите месеци и дека се обидува да ги скрие овие активности, објави Ен-би-си-њуз, додавајќи дека Пјонгјанг истовремено бара отстапки во преговорите со Вашингтон за неговата нуклеарна програма. Ен-би-си-њуз се повикува на изјави на пет неименувани американски разузнавачи, кои тврдат дека Пјонгјанг...

Израел распоредува тенкови на границата со Сирија

Израелската армија тврди дека тоа е мерка на претпазливост поради засилените борби меѓу силите Асад и бунтовниците близу границата Израелската армија соопшти дека поставува дополнителни тенкови и артилериски единици по должината на границата со Сирија, како мерка на претпазливост поради засилените борби меѓу силите на Башар ал Асад и бунтовниците, јави Ројтерс. - Силите се поставени изутрината како дел од подготовките...