Делови од Карпош и Сарај утре без струја
Без струја утре ќе останат дел од општините Карпош и Сарај.
Од РЦУК Скопје информираат дека во периодот од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел и од ул. „Московска“ во општина Карпош.
Без струја од 12 до 13.30 часот ќе бидат корисниците од Горно Нерези, Етно Село во општина Карпош и селата Крушопек и Горни...
„Ноќните волци“ утре во посета на Охрид
Руските „Ноќни волци” ќе го реализираат меѓународниот мото-марш „Словенски свет” по десетти пат. Мото-маршот почна на 22 јуни, а ќе трае до 20 јули. За 22 дена, тие ќе поминат повеќе од 8.500 километри низ повеќе држави, Русија, Белорусија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија... со порака за добрососедски односи меѓу граѓаните на Европа. Во текот на својот...
ФБИ уапси осомничен за подготовка на терористички напад во Кливленд
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска соопшти дека уапсило едно лице под сомнеж дека во соработка со терористичка организација подготвувало напад во центарот на градот Кливленд на 4 јули - Денот на независноста на САД.
Агентката на ФБИ, Вики Андерсон информура дека осомничениот маж бил уапсен за време на викендот поради „обид за пружање материјална поддршка на странска терористичка организација“.
Според...
Бабиш: Чешка нема да прима луѓе кои бегаат од војна
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Чешка од идните европски центри нема доброволно да прима ниту бегалци кои имаат право на азил бидејќи бегаат од војна.
- Сигурно нема да примаме бегалци, не гледам причина за тоа. Јас не сум видел никакви бегалци. Кога би бегале од војна, тогаш им треба помош, но тие луѓе планирале надеж во поубав живот....
Реконструираниот Албански театар-Скопје во функција од октомври
До октомври годинава целосно ентериерно ќе биде завршен Албанскиот театар-Скопје кој почна да се реконструира во 2014 година. Градежните работи се готови, а дотогаш останува да се доуреди електричната инсталација и да се монтира сценската и аудиовизуелна технологија.
Тоа денеска од надзорот од Градежниот институт Македонија му го соопштија на министерот за култура Асаф Адеми, кој по повод привршувањето на...
Во Италија разбиени две „балкански“ групи за криумчарење мигранти
Италијанската полиција соопшти дека разбила две групи што се занимавале со криумчарење на мигранти од Балканот во Швајцарија, при што биле уапсени 10 лица, меѓу кои и еден државјанин на Македонија.
Како што јави ДПА, во соопштението на италијанската полиција се наведува дека едната група била стационирана во северна Италија, а втората на Сицилија.
Покрај македонскиот државјанин, уапсени се и седуммина...
Алпинисти од Прилеп го искачија врвот Елбрус
Маријана Ѓориѓевска и Владимир Јовановски, двајцата прилепски алпинисти од прилепскиот клуб „Мамути“, вчера, на 1 јули во 10 часот по руско врме, под силен ветар и ниска температура го искачија врвот Елбрус, на Кавказ, висок 5642 метри. Оваа вест Ѓорѓиевска и Јованоски ја објавија на социјалните мрежи и на нивниот фејсбук-профил. Врвот Елбрус го искачија со 23-члена екипа на...
Заев: Летово ќе се работи на ребаланс на Буџетот
Во текот на летото ќе се работи на ребаланс на Буџетот, среќен сум што приходите во него растат, рече премиерот Зоран Заев на попладневниот дел од седницата за пратенички прашања.
Во одговор на пратеникот Панчо Минов дали ќе се зголеми износот за надомест на штетите на земјоделците, на кои им беа исплатени пет милиони евра или 10 проценти од утврдените...
Протест за декриминализација и легализација на канабисот
Пред Основниот суд денеска се одржа протест каде што членови на здруженија за легализација и декриминализација на канабисот во рекреативни цели, го поддржаа Филип Достовски, активист и претседател на здружението за легализација на канабис „Зелена алтернатива“, пред неговото судско рочиште.
Достовски е обвинет за одгледување и продажба на канабис. Неговиот адвокат Сашо Дуковски на првото судско рочиште рече дека Филип...
Нејмар помеѓу генијалноста и глумата
Нејмар го предводеше Бразил до пласман меѓу најдобрите осум репрезентации на Светското првенство (СП) во Русија, со триумфот над Мексико 2-0 во осминафиналето, во кој повторно можеа да се забележат неговиот извонреден талент за фудбал, како и способностите за глума.
Напаѓачот на француски Пари Сен Жермен го постигна првиот гол во 51-та минута, додека неговата индивидуална акција беше клучна за...







































