Фокусот на скринингот за Македонија ќе биде на поглавјата 23 и 24

Македонската и европската страна оваа недела ги усогласуваат календарите за почетокот на скринингот на македонското законодавство, што е прв и основен чекор пред почетокот на преговори со ЕУ. Потоа се очекува на 17 јули еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан да отпатува во Скопје каде што официјално премиерот Зоран Заев ќе го најави стартот на процесот. Скринингот е процес на скенирање на...

Заев: Договорот ќе донесе благосостојба за сите Македонци

Убеден сум дека Договорот за името ќе донесе благосостојба за сите што се чувствуваат Македонци, посебно во Грција, заради тоа што тие и досега немале никакви придобивки, рече премиерот Зоран Заев на попладневниот дел од седницата за пратенички прашања во одговор на  пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски и содржината на член 4 став 3 од Договорот за името со Грција.  Порано,...

Малта побара конфискација на германски хуманитарен брод

Јавното обвинителство на Малта денеска побара од Суд во Ла Валета да нареди конфискација на бродот „Лајфлајн“, што го користи германска хуманитарна организација за помош на мигрантите кои со несоодветни пловила се обидуваат илегално да преминат од Африка во Европа преку Средоземното Море. Врз основа на барањето на Обвинителството, капетанот на бродот Клаус-Петер Рајш денеска се појави на рочиште во...

Гутереш слушнал „незамисливи приказни“ за насилството врз Рохинџите 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска на Твитер објави дека од Рохинџите кои избегале од Мјанмар во Бангладеш слушнал „незамисливи приказни за убиства и насилства“. По посетата на бегалските кампови во областа на Кокс Базар во Бангладеш, Гутереш напиша дека стотици илјади Рохинџи муслимани кои се засолиниле таму сакаат „правда и безбедно да се вратат дома“. Гутереш е во посета...

Хан: Има и други прашања, покрај Косово, за напредокот на Србија кон ЕУ

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Белград изјави дека е познато оти Косово е „отворено прашање“, но тоа не е „се и сешто“ за напредокот на Србија на европскиот пат. - Има уште многу други прашања, нагласи Хан на заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ од своја страна истакна дека со Хан разговорале за...

Неизвесен датумот на средбата на Јункер и Трамп за царините

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер треба да се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп за да разговорара за американските царини за увоз на челик, алуминиум и европските автомобили од ЕУ, но ниту Брисел, ниту Вашингтон за сега не потврдуваат датум за средбата. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, во меѓувреме, Европската комисија испрати писмо до американските...

Пресудата за обидот за убиство на Села в четврток

На 5 јули во Кривичниот суд Скопје судечкиот совет ќе ја донесе пресудата за седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април 2017 година. Во завршните зборови на одбраната во попладневниот дел од рочиштето, адвокатите побараа ослободителни пресуди за сите, со образложение дека за ниту еден од нив не постојат докази...

Апелација преиначи девет условни во затворски казни за насилството на 27 април

Апелацискиот суд Скопје ги преиначи условните казни за девет лица за учество во толпа за време на насилство во Собранието на 27 април минатата година, во казна ефективен затвор. Деветмината обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите им пресуди условни казни. Апелацискиот суд по жалбите на Обвинителството, условните ги преиначи во...

Обвинителството ги отфрли кривичните пријави против пет уставни судии

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје ги отфрли кривичните пријави против петмина судии од Уставниот суд поднесени од страна на претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров. Во денешното соопштение од Јавното обвинителство се наведува дека надлежниот јавен обвинител утврдил дека нема основано сомнение оти судиите ги сториле кривичните дела за кои биле пријавени. Во кривичните пријави поднесени од...

Доаѓањето на Кралот Џејмс ќе го направи Дивиот Запад уште „подив“

Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс (33), одлучи да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес лејкерс, со што и онака силната Западна конференција во НБА-лигата, ќе стане уште посилна следната сезона. Популарниот Крал Џејмс се согласи да потпише четиригодишен договор со „езерџиите“ вреден 154 милиони долари, со што заминува од Кливленд со кој играше во НБА-финалето во последните четири...