Албанија ја напуштиле 2.500 медицински сестри за шест месеци
Во последните две години албанските бели мантили масовно ја напуштаат земјата и главно заминуваат во Германија. Друштвото на медицински сестри изнесува алармантни бројки за бројот медицински сестри кои веќе ја напуштиле земјата и оние кои чекаат да заминат.
- Само во периодот јануари-јуни годинава во Германија заминаа околу 2.500 медицински сестри. Исто така, имаме информации дека околу 2.000 други веќе...
Исчезнатите тајландски момчиња пронајдени живи по девет дена
По деветдневна потрагата пронајдени се живи 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои беа исчезнати во поплавена пештера во Тајланд.
Локалните власти соопштија дека 13-темината се спасени по обемната спасувачка операција во пештерата Там Луанг во областа Чијанг Раи.
Момчињата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер исчезнаа на 23 јуни, откако по обилните дождови нивото на...
Ураганот Фабио формиран крај брегот на Мексико
На мексиканскиот брег на Пацификот денеска се формирал нов ураган Фабио, но метеоролозите најавуваат дека веројатно ќе премине во голема бура која, како што се очекува, нема да претставува закана за граѓаните.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека ураганот Фабио бил со ветар од 120 километри на час.
Центарот на ураганот е 1.125 километри јужно од јужниот врв на полуостровот...
ЕК: Поддршка на квалитетното новинарство во борбата против лажните вести
Во согласност со предлог на Европската комисија, до крајот на јули би требало да биде подготвен и на онлајн платформите и социјалните мрежи да им биде претставен Кодекс за пракса за борба против дезинформациите, како начин за борба против лажните вести и манипулации со информациите.
Комисијата во исто време ги повика државите членки на ЕУ да ја зголемат поддршката на...
Оспоруваниот Мартинез од виновник до херој во два потези
Селекторот Роберто Мартинез веројатно ќе беше означен како главен виновник за евентуалниот неуспех на Белгија на Светското првенство (СП), но токму шпанскиот фудбалски стратег ги спаси неговите избраници од пораз против Јапонија, водејќи ги до четврт-финалето на Мундијалот, по вечерашниот триумф со пресврт 3-2.
Азиската селекција изненадувачки стигна до предност од 2-0 во осминафиналниот дуел, со головите на Генки Харагучи...
Уапсени 577 нелегални мигранти во северозападна Турција
Турските власти денеска уапсија 577 илегални мигранти во северозападна Турција, соопштија безбедносните сили.
Безбедносните сили во Едрене уапсиле 390 мигранти државјани на Сомалија, Пакистан, Авганистан, Иран, Ирак, Тунис и Мароко, како и лица по потекло од палестинските териториии. Меѓу нив имало и жени и деца.
Уште 142 мигранти биле уапсени во соседната област Чанаккале. Вкупно 78 од нив биле од Авганистан,...
Шпанија ќе ги префрли уапсените сепаратисти во затвор во Каталонија
Шест од деветмината каталонски лидери, кои се во затвор поради нивната улога во обидот за отцепување на Каталонија, ќе бидат префрлени во затвори во областа, соопшти денеска новата шпанска Влада.
Аналитичарите ова го толкуваат како желба на официјален Мадрид да ги смири тензиите во областа.
Предвидено е шестмината до четврток да бидат префрлени во казнени центри кои се под јурисдикција на...
Делови од Карпош и Сарај утре без струја
Без струја утре ќе останат дел од општините Карпош и Сарај.
Од РЦУК Скопје информираат дека во периодот од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел и од ул. „Московска“ во општина Карпош.
Без струја од 12 до 13.30 часот ќе бидат корисниците од Горно Нерези, Етно Село во општина Карпош и селата Крушопек и Горни...
„Ноќните волци“ утре во посета на Охрид
Руските „Ноќни волци” ќе го реализираат меѓународниот мото-марш „Словенски свет” по десетти пат. Мото-маршот почна на 22 јуни, а ќе трае до 20 јули. За 22 дена, тие ќе поминат повеќе од 8.500 километри низ повеќе држави, Русија, Белорусија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија... со порака за добрососедски односи меѓу граѓаните на Европа. Во текот на својот...
ФБИ уапси осомничен за подготовка на терористички напад во Кливленд
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска соопшти дека уапсило едно лице под сомнеж дека во соработка со терористичка организација подготвувало напад во центарот на градот Кливленд на 4 јули - Денот на независноста на САД.
Агентката на ФБИ, Вики Андерсон информура дека осомничениот маж бил уапсен за време на викендот поради „обид за пружање материјална поддршка на странска терористичка организација“.
Според...







































