Селма Алиспахиќ – актерка на Европа

Култната актерка од Босна и Херцеговина Селма Алиспахиќ е добитничка на престижното меѓународно признание „Актер на Европа“ на 16-то издание на истоимениот Интернационален театарски фестивал, кој ќе се одржи од 6 до 11 јули на бреговите на Преспанско Езеро. Алиспахиќ, која ќе ја прими наградата во предворјето на сарајот во Ресен, со своето име ќе се вгради во европската...

Јанешлиева со „Mоре 5“ на триенале во Токио

Графиката „Море 5“ (мал формат) на македонската графичарка Славица Јанешлиева е селектирана за изложбата на 6-то Меѓународно триенале на мала графика во Токио, Јапонија. Авторката на својот фејсбук-профил, со видлива радост, информира за добиеното известување дека нејзиното дело ја поминало втората селекција. - Од вкупно 1.927 пријавени уметници (графичари), со по 1 графика од 91 држава или региони, по првото...

„Реквием за смртта“ – нова пиеса во стих од Зоран Пејковски

Книгоиздателството „Феникс“ ја издаде од печат новата драмска пиеса во стих во 18 сцени со пролог и епилог чиј автор е македонскиот поет и драматург, битолчанецот Зоран Пејковски. Драмскиот текст во стихови е посветен на долгогодишната мистерија околу смртта на македонскиот легендарен поет и револуционер Коста Рацин, кој еден од рецензентите, академик Јордан Плевнеш, го оценува како постмодерна слика...

Макрон планира антиисламистички акции со Нигерија

Францускиот претседател Емануел Макрон се сретна со колегата од Нигерија Мухамед Бухари, да договорат заеднички активности против исламистичките групи во Западна Африка. - Мораме да го засилиме притисокот и да ги прошириме нашите активности против џихадистите. Франција ќе остане во регионот на Сахел се додека тоа е потребно - изјави Макрон. Се смета дека во меѓу-верските борби во Нигерија во изминатите...

Објавена дебитантска книга на Емилија Славковска

Издавачката куќа „Македоника литера“ деновиве ја објави новелата „Марика и Стравот“, дебитантска книга на младата писателка Емилија Славковска. Во новелата има необична и нестандардна раскажувачка постапка - се раскажуваат приказни и мисли на различни луѓе, наназад, секоја наредна приказна се случува една година порано. Почнува со тажен крај, а завршува со среќен почеток. Темите во приказните содржат многу прашања и...

Еден од најголемите живи кинематографери

ЛИЧНА КАРТА: Роџер Дикинс е роден на 24 мај 1949 година, во гратчето Торквеј, Девон, Англија/Обединетото Кралство. Студирал фотографија на академијата „Бет“ и на Националната филмска школа (НФШ) во Лондон од 1972 до 1975 г. Од тој ран период фотографијата останува негова трајна љубов, а потоа му се посветува на филмот. БРИТАНСКИ ПЕРИОД: има два периода во својата кариера како...

Сами се бришеме од Уставот дека сме Македонци

Има една народна поговорка: „Кој те удри? Сам. Те боли? Не.“ Така ние сами си го бришеме вековното име од Уставот. За тоа никој не ни е виновен, освен самите ние. Во теоријата на држави и право не е забележано самиот народ да се откаже од сопственото име. Преседан сме само ние. Повелбата на Обединетите нации му гарантира на секој...

Бездомништвото во фокусот на Берлинското биенале за современа уметност

Уметниците поканети за учество во 10-то Берлинско биенале доаѓаат од различни страни на светот: Јужна Африка, Бразил, Доминиканска Република, Индија, Намибија и Холандија, вмрежувајќи се во широк интернационален конструкт што ја слави годишнината на еманципаторските движења од 1968 година. Различни идентитети, кои опстојуваат во постколонијални контексти, сѐ уште се во потрага по својот дом. Берлин и Германија со својата...

На вработените во „Еурокомпозит“ линеарно ќе им се исплатат примања

Владата ја задолжи компанијата 11 Октомври – Еурокомпозит од Прилеп да побара позајмица од компаниите во државна сопственост од ЕЛЕМ и од МЕПСО од по три милиони денари или вкупно шест милиони денари. Во исто време, Владата им препорача на двете претпријатија да го обезбедат побаруваниот заем. - Половина од средствата, три милиони денари, се наменети за линеарна исплата на...

Синот на Тина Тарнер изврши самоубиство

Синот на пејачката Тина Тарнер, Крег Рејмонд Тарнер (59) се самоуби со огнено оружје во својот дом во Студио Сити, Калифорнија.  Локалните власти потврдија дека тој вчера напладне бил пронајден мртов. Неколку часа претходно, неговата мајка гостуваше на Џорџо Армани шоуто на модна недела во Париз. Крег беше најстариот син на познатата пејачка и на познатиот саксофонист Рејмонд Хил.