„Да“ на референдум, „не“ на референдум, „за“ и „против“ референдум
Во Македонија референдумот е уставна категорија регулирана со членот 73 од Уставот на Република Македонија. Референдум може да се распише по претходно гласање на мнозинството парламентарци или, пак, парламентот е должен да распише референдум по предлог од најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна. Формите на референдум се уредени со Уставот, Законот за референдум, како и со...
Велосипедист тешко повреден откако во него удрил мерцедес, возачот избегал
Триесет и едногодишен велосипедист е повреден ноќеска 30 минути по полноќ на улицата „Цветан Димов“ во Скопје кога во него удрило возило „мерцедес“, а возачот побегнал.
Повредениот А.А. со тешки телесни повреди е пренесен со друго возило во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош.
Полицијата денеска соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот...
Шестгодишно дете прегазено кај езерото Треска, возачот избегал
Шестгодишно дете од Скопје е потешко повредено откако непознато патничко возило удрило во него на паркингот пред езерото Треска, по што го напуштило местото, информираат од МВР.
Со друго возило детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Случајот во полиција вчера во 15:25 го пријавила Д.В. Се преземаат мерки за...
Објавени двата тома „Критички методи и толкувања“, изданија на МАНУ
Двата тома „Критички методи и толкувања“, издание на МАНУ кое произлезе од научно-истражувачкиот проект „Методи на книжевната херменевтика“, деновиве излегоа од печат. Томовите се приредени од академик Катица Ќулавкова, а во нив се објавени текстови на 22 автори.
Според МАНУ, во македонската книжевна наука досега немало ни изворни (македонски), ни преработени книги (зборници, хрестоматии), во кои систематизирано се претставени систематизирани...
Полека се издвојуваат тркачите по „златната топка“
Го нема повеќе Аргентинецот Лионел Меси, ниту, пак, Португалецот Кристијано Роналдо на Светското првенство (СП) во фудбал во Русија. Волшебниот двоец е елиминиран уште по првата нокаут-фаза, а пред почетокот им се даваа и најмногу шанси да ја освојат „златната топка“ на ова СП. Сега, други се меѓу најголемите кандидати за најдобар фудбалер на СП 2018.
Во прв план избиваат...
Пресвртите се во ДНК на мундијалите
Возбудливиот пресврт и победа на Белгија со гол на 15 секунди пред крајот на мечот со Јапонија, е само најновиот во серијалот мечеви што се „класика“ на светските првенства, како финалињата во 1950 и во 1974 година и многу други мечеви на повеќе мундијали
Во аналите на светските првенства (СП) во фудбал запишани се неколку натпревари т.н. „класици“ со многу...
„Резервна“ победа на Белгија со враќање невидено од 1966 година
Бразил - Белгија е третата четвртфинална двојка на Светското првенство (СП) во фудбал, по триумфите во осминафиналето над Мексико (2-0), односно над Јапонија (3-2). Синоќа се комплетира четврт-финалето, со мечевите Шведска - Швајцарија и Колумбија - Англија.
Бразилците, најтрофејниот светски првак, со пет титули, кои седми пат по ред се меѓу најдобрите осум на СП, релативно лесно ја поминаа пречката...
Во прекин сообраќајот на патот Градско-Прилеп
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп е во прекин во двата правца за сите возила.
Како што соопштија од Автомото сојузот на Македонија прекинот е поради штрајк што се одржува на овој патен правец.
Каменос: Нема да дозволам договорот да помине во Парламентот со 151 пратеник
Оваа влада има рок на траење до септември 2019, рече грчкиот министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, повторувајќи ја неговата позиција дека нема да дозволи Договорот да помине во грчкиот Парламент со 151 глас. Тој уште еднаш истакна дека за решението со Македонија потребно е зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници, а во спротивно, зборот...
Меѓу душевноста и бездушноста
Уште од своите почетоци, филмот се инспирира од историските сижеа. По пионерскиот период на браќата Лимиер и Мелиес, почнува заинтересираноста на филмот за историски драматични теми и личности. „Убиството на војводата од Гиз“ (1908), „Последните денови на Помпеја“ (1908), „Падот на Троја“ (1910) сведочат дека уште од најраните години на историјата на филмот, филмографите биле свесни дека „филмувањето“ на...







































