Црна се чума зададе

Написов ќе го започнам со цитат од една македонска народна песна опеана од македонскиот народ, „Црна се чума зададе“: „Црна се чума зададе там долу Македонија, там долу Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади од жална Македонија. Избрал ми се изнашол млад Гоце Делчев војвода.“ Историјата ни се повторува, но сега не од поробувачи, окупатори...

Во Турција акција за апсење на 271 припадник на армијата

Турската полиција денеска почнала координирана низа акции за апсење на 271 припадник на армијата, кои се осомничени членови на групата ФЕТО на Фетула Ѓулен, организаторот на неуспешниот државен удар од 2016 година. Акцијата отпочна во пет часот изутрина. Меѓу бараните лица има 10 активни полковници како и пензионирани генерали кои биле во контакт со оперативци на Ѓулен. Од обидот за државен...

Изложба од Моника Десоска Каргова во Прилеп

Изложбата на дела ,,Живееме, танцуваме, тагуваме“ од Моника Десоска Каргова ќе биде отворена вечерва од 20 часот, во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. - Делата се развиени низ последните девет години од уметничкото творештво на Моника. Делата не заведуваат со минималистичко претставување на фигурите, кои танцуваат, разговараат и ненаметливо ни ја раскажуваат приказната. Уметницата ја постигнува илузијата на просторот, преку играта на...

Македонци, Македончиња и Македончишта

А знаете ли што е македонољубец? Македонољубец е именка од машки род и го маркира оној што ја љуби Македонија. Тој најмногу служи за употреба како книжевен збор, за да се означи подостарен романтичен Македонец. Збор што е замена за патриот, за родољубец, зборови на кои им врви модата и кои полека ќе се исфрлуваат од употреба зашто не...

Промоција на „Про музика“ и балет „Либертанго“ на „Скопско лето“

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје денеска во рамки на „Скопско лето“ ќе ја промовира книгата „Про музика“ на музикологот Костадин Костадиновски, која содржи 150 рецензии за домашни и странски музички уметници, есеи, портрети, интервјуа, занимливости и анегдоти. - Тие се историја на тридеценискиот музички живот илустриран со 50 фотографии. Изобилува со значајни настани од сите музички жанрови со широк стилски...

Спасувач се задушил, носејќи кислород во пештерата Там Луанг

Поранешниот нуркач на тајландската морнарица Саман Кунан (38) загина во акцијата за спасување во Тајланд, објави Би-би-си. Тој загубил свест при излегувањето од пештерата Там Луанг, каде што дотурал кислород на заробените 12 деца и нивниот фудбалски тренер. - Неговата задача беше да однесе кислород, а тој самиот остана без кислород при излегувањето - кажа заменикот-гувернер на областа Чијанг Раи. Кунан бил...

Нов тест за трансатлантското партнерство

Однесувањето на Трамп и неговото демонтирање на одамна воспоставените норми на глобалната дипломатија го иницираат прашањето дали НАТО, сојузот што ја зачува глобалната стабилност по најмрачните денови на Студената војна, е следниот основачки блок на актуелниот светски поредок што американскиот претседател сака да го откорне Трансатлантските односи повторно се соочуваат со голем предизвик, а американскиот претседател Доналд Трамп не го...

Четири сообраќајки вчера во Скопје, повредено едно лице

Едно лице било полесно повредено во една од вкупно четири сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во три била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица поминале на крстосница на црвено светло, двајца не...

Десетици жртви од топлиот бран во Канада

Необично топлиот летен бран уби најмалку 33 лица во канадската провинција Квебек, соопштија локалните власти. Температурите достигнаа до 45 степени во Монтреал, при што 18 лица починаа. Повеќето од жртвите се постари мажи, кои живееле на високите катови на згради и немале клима уреди. Топлиот бран почна при крајот на јуни, и го зафати источниот дел на Канада, а метеролозите очекуваат да...

Ново рочиште за „Титаник 2“

Со доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето по предметот на СЈО, „Титаник 2“. Предметот се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, а обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета...