Кинеска навивачка инвазија на Русија
Кина нема репрезентација на СП, но, како што објавија медиумите од оваа земја, во Русија има околу 60.000 нивни љубители на фудбалот, меѓу кои повеќе од половината се со купени влезници
Светското првенство (СП) во фудбал е во полн ек, но одредени карактеристични групи навивачи веќе оставија голем белег на турнирот. Перуанците беа во огромен број (околу 80.000), Сенегалците беа...
Погубени седум членови на јапонската секта што изрши напад со сарин во Токио
Шоко Асахара, лидерот на сектата „Врховната вистина на Аум“ и шестмина негови следбеници денеска се егзекутирани во Јапонија. Нивните смртни казни се извршени со бесење.
Вкупно 13 следбеници на апокалиптичната, антисоцијална секта беа осудени на смрт поради нападот со гас сарин во метро во Токио во март 1995 година, во кој загинаа 13 и беа повредени повеќе од 6.000 лица.
Тоа...
Змејарите во Крушево ќе летаат за европската и за светската титула
Според Бараковски, претседателот на ВФМ, Крушево, каде што од понеделник ќе се одвива 20-то ЕП во змејарство, класа 1 и осмото СП во змејарство, класа 5, е една од најпосакуваните дестинации за слободно летање со змејови и со параглајдери во Европа
Од понеделник до 21 јули легендарното Крушево вторпат ќе биде во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин...
Заврши четвртата смена од летниот камп по веронаука во Рајчица
Во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во селото Рајчица, кај Дебар заврши четвртата смена од годинашниот летен камп по веронаука.
- Гости во монашката обител на Светиот Георгиј Победоносец беа дваесетина девојчиња од Радовиш, Битола, Прилеп и Охрид. Во текот на петдневниот престој тие имаа прекрасна и за нив многу корисна можност, освен предвидената едукативна програма, да се запознаат и со...
Четврт-финалиња на суперѕвезди, клупски колеги, кумови…
Денеска се играат првите два четвртфинални натпревари на СП 2018, во кои веројатно ќе играат, меѓу другите, Мбапе, Гризман, Погба (Франција), Суарез, Годин, Кавани (Уругвај), Нејмар, Вилијан, Кутињо (Бразил), Азар, Лукаку, Де Брујне (Белгија)...
Според многумина Светското првенство (СП) во фудбал во Русија е едно од најквалитетните и највозбудливите досега, со редица „класици“ на кои имаше многу голови, особено во...
Наскоро НАСА испраќа сонда кон Сонцето
НАСА привршува со тестирањата на сондата Паркер, која наскоро ќе биде испратена кон Сонцето. Агенцијата ќе го лансира леталото на 4 август годинава и предвидено е доближување на рекордно мало растојание до нашата ѕвезда.
Мисијата, која би требало да трае седум години, има за цел да се дојде на околу 6,1 милион километри од Сонцето. За споредба, најблискиот објект од...
Пенс ја потврди поддршката на САД, по историскиот договор
Американскиот потпретседател Мајк Пенс во телефонски разговори со македонскиот премиер Зоран Заев и со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, им го честиташе историскиот договор помеѓу Македонија и Грција за решавање на долгогодишното прашање за името меѓу двете земји, соопшти синоќа Белата куќа.
Пенс ја поздрави позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на патот кон преговори за пристапување во Унијата...
Мексико: Најмалку 24 жртви во експлозии во фабрики за пиротехнички материјали
Најмалку 24 лица загинале, а десетици се повредени во две експлозии вчера во погони за изработка на огномет во мексиканскиот град Тулапек.
Меѓу загинатите во вчерашните експлозии има работници во погоните како и пожарникари кои дошле да помогнат и случајни минувачи.
Тулапек е голем центар за производство на огномет, и несреќните случаи се релативно чести таму, имајќи предвид дека некои од...
Десет жртви и повеќемина исчезнати, откако брод се преврте во Тајланд
Нуркачи ги пребарале остатоците од бродот со кинески туристи што потона во невремето во близина на тајландското летувалиште Пукет, по што 10 лица загинаа, а околу 45 се исчезнати, според „Лос Анџелес тајмс“
Девет тела биле извлечени и однесени во Пукет, каде што властите, претходно, ја потврдиле смртта на уште еден од туристите.
На бродот имало вкупно 105 луѓе, од кои...
Црна се чума зададе
Написов ќе го започнам со цитат од една македонска народна песна опеана од македонскиот народ, „Црна се чума зададе“: „Црна се чума зададе там долу Македонија, там долу Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади од жална Македонија. Избрал ми се изнашол млад Гоце Делчев војвода.“
Историјата ни се повторува, но сега не од поробувачи, окупатори...







































