Ситуацијата на децата во пештерата во Тајланд влошена, спасувачи волонтери направиле грешка

Ситуацијата со децата заглавени во пештерата на Тајланд е влошена откако за време на операција за спасување, спасувачите волонтери ненамерно впумпале дополнителна количина вода наместо да ја испумпаат. Командирот на акцијата за спасување Наронгсак Останакорн рече дека волонтерите, дејствувајќи самостојно, впумпале вода во дел од пештерата кој е поплавен и кој моментално се празни со цел децата, заедно со својот...

Сончево време со температура до 36 степени

Сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне, главно на североисток и северозапад, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9. Во Скопје слично време...

Драстичниот пад на турската лира ги направи 18 илјади Турци милионери

Околу 18 илјади Турци станале милионери, откако вредноста на турската национална валута, лирата, достигна рекордно ниско ниво, информира „Хуриет дејли њуз". Бројот на турски милионери се зголемил во последните пет месеци од 138.980 на 156.866 со падот на лирата, покажуваат податоците на Агенцијата за банкарска контрола и регулација.  Турските милионери во земјата и во странство имаат вкупно 1,37 трилиони турски лири....

Силно невреме ги погоди Хрватска, Словенија и Италија

Невреме погоди делови на Хрватска, Словенија и Италија во доцните попладневни часови, а се очекува временските неприлики да се интензивираат во текот на ноќта. Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападна Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб. Бурата зафати делови од Словенија, по должината на границата со Хрватска, како и делови на Корушка. Во некои области падна и град,...

Заев за ЕРТ: Референдумот ќе биде на 23, 30 септември или 7 октомври

Референдум ќе биде на 23 септември, 30 септември или 7 октомври, а целта е до 15 јануари да се завршат сите предвидени обврски, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ. Тој објаснува дека референдумот ќе има обврзувачки карактер, ќе биде прифатен од сите, па дури и од претседателот Иванов. Одговарајќи на прашањето кои се роковите...

Австрија ќе ги проверува мобилните на бегалците и ќе им зема по 840 евра надомест за азил

Долниот дом на австрискиот парламент денеска ги усвои измените во Законот за правната положба на странските државјани, кои ќе им овозможат на властите да ја проверуваат содржината на мобилните телефони на мигрантите, да ги приведуваат илегалните, кои ја игнорираат забраната за престој во Австрија, како и да земаат по 840 евра од бегалците.  За заострување на законот едногласно гласаа пратениците од...

Почна судењето за вооружената пресметка од 5 април во близина на седиштето на ДУИ во Тетово

По неколку одложувања денеска во Основниот суд во Тетово се одржа првото рочиште за вооружената пресметка на две групи кумановци што на 5 април годинава се случи во Мала Речица. Притоа, животот го загуби Наим Реџепи, а уште две лица беа повредени. Одлучено е случајот да се одвои на два судски процеси откако четворица од вкупно тринаесетте обвинети го признаа...

Заев-Звиздиќ: Македонија пример за регионот како со лидерски одлуки до евроатлански перспективи

Премиерот Зоран Заев попладнево во Сараево имаше тет-а-тет средба со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ со кого заеднички оценија дека билатералните односи добро се развиваат за што говорат честите средби на високо политичко ниво. - Претседателот на Владата, Заев и претседавачот со Советот на министри, Звиздиќ заеднички констатираа дека напредокот на Република Македонија, за...

Хуманитарната организација на Мајка Тереза продавала бебиња

Една од жените кои работат во хуманитарната организација на Мајка Тереза, „Мисионери на милосрдието" во Индија, е уапсена под обвинение дека продала бебе старо 14 дена. Уште две жени биле приведени и ќе бидат испрашувани за други можни случаи на продажба на бебиња, јавува Би-Би-Си. - Дознавме дека уште неколку бебиња се нелегално продадени од овој центар. Ги најдовме имињата на...

Ахмети: Претседателот го крши Уставот и прави кривично дело за кое треба да одговара

Претседателот на државата ја блокираше највисоката институција со не потпишувањето на законот за ратификација на Договорот со Грција. Со тоа тој го крши Уставот и прави кривично дело за кое треба да одговара, изјави вечерва лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија. - Не сакам првиот човек на државата после кратко...