Закерберг се искачи на листата на милијардерите

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, веќе е на третото место на најбогати луѓе во светот, според новата листа на „Идексот на милијардери“ на агенцијата „Блумберг“.  Закерберг го надмина Ворен Бафет, кој досега беше на третото место, откако акциите на „Фејсбук“ се зголемија за 2,4 отсто.   Првото место на листата на „Идексот на милијардери“ се уште го зазема Џеф Безос, основачот на...

Објавени детали од тестаментот на Ентони Бордејн

Детали од тестаментот на познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се самоуби минатиот месец, станаа достапни за јавноста. Од нив се гледа дека нема ништо верно во информациите дека неговото богатство изнесува 16 милиони долари. Износот е всушност значително помал - 1,21 милиони долари. Според документите, кои беа внесени во судот, Бордејн има 425.000 долари како кеш и заштеди во банките, како...

Алкохолните пијалаци од денеска се продаваат без временско ограничување

Од денеска алкохолни пијалаци ќе може да се купат кое било време во текот на денот или ноќта , откако стапија на сила законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите. Собранието на Република Македонија пред десетина дена ги изгласа измените на Законот за трговија, предложени од Владата во мај годинава. Со законските измени се дозволува...

Дутерте: Ќе поднесам оставка ако некој ми докаже дека постои Господ

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави дека ќе поднесе оставка на претседателската функција, доколку некој успее да му докаже дека постои Господ, јави ДПА. Дутерте на јавен собир изјави дека би сакал да се појави барем еден човек што ќе дојде и ќе му потврди дека бил во Рајот и разговарал со Господ. - Ми треба само еден човек да ми каже...

Србија потпиша договор од милијарда евра со Кина за пругата Белград-Будимпешта

На Самитот „16+1“ во Софија, Србија потпиша три документи со Кина, од кои Комерцијалниот договор за изградба на третата делница на брзата пруга Белград-Будимпешта, од Нови Сад до Суботица е вреден 943 милиони евра. - Од исклучително значење е што на Самитот конечно ја затворивме финансиската конструкција за целата делница во Србија. Ние почнавме со изградба на делницата Белград-Стара Пазова,...

Шестмина уапсени во полициската акција во Струшко

Шест лица се уапсени, а едно е во бегство при денешната полициска акција во Струга и Струшко за сузбивање криминална група која се занимавала со недозволена продажба на дрога и оружје. МВР соопшти дека карактеристично за групата е тоа што членовите се лица кои веќе се осудени и издржувале казна затвор во Казнено поправниот дом од отворен вид Струга - При...

МО: Соработката на Македонија и Црна Гора во одбраната пример за регионот

Министерствата за одбрана и армиите на Македонија и Црна Гора имаат одлична соработка која може да биде пример за регионот, оцениле државните секретари во двете министерства, Драган Николиќ и Слободан Филиповиќ. Делегација од Министерството за одбрана на Црна Гора, предводена од државниот секретар Филиповиќ, на покана на својот домаќин, Николиќ, во изминатите два дена беше во работна посета на Република...

Реал е на пат да ја победи конкуренцијата за трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Шпанскиот гигант Реал Мадрид испратил понуда во вредност од 155 милиони евра до Лацио за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди „Кориере дело Спорт“. Според италијанското издание, агентот на Милинковиќ-Савиќ - поранешниот напаѓач Матеја Кежман, се сретнал со претседателот на италијанскиот клуб Клаудио Лотито и лично му ја доставил понудата. За талентираниот играч за врска, наводно, заинтересирани се и Манчестер јунајтед и Јувентус. Дваесет и...

Рекордни горештини во јужна Калифорнија

Јужните делови на американската сојузна држава Калифорнија се зафатени од жежок бран, поради што синоптичарите за денеска најавуваат температури од 40 степени Целзиусови. Според американската Национална метеоролошка служна, денеска се очекува температурите во Лос Анџелес и Сан Диего да достигнат до 37 степени. Во текот на вчерашниот ден во еден момент на универзитетот УКЛА во Лос Анџелес се измерени 44 степени...

Поројниот дожд и градот предизвикаа штети во Струмичко

Невреме со пороен дожд, проследен со силен ветар и град, за дваесетина минути предизвика поплавување на сообраќајници и две улици во Струмица. Локалниот пат од Струмица кон Бања Банско, кој поминува низ центарот на селото Муртино беше под вода. Поради преполните одводни канали водата се излеа во дворовите, а граѓаните на Муртино со пумпи ја испумпуваа. Освен во Муртино невремето предизвика...