Кошарката и американскиот фудбал им носат успех на Англичаните

Прекините се најсилното оружје на фудбалската репрезентација на Англија на Светското првенство (СП) во Русија, кое се покажа како пресудно и во триумфот над Шведска од 2-0 во четврт-финалето, во кое Хари Мегваер го отвори резултатот по изведен корнер во 30-та минута. Тоа беше осми гол постигнат по прекин (слободен удар, корнер или пенал) од вкупно 11 погодоци на...

Италијанската полиција заплени тон марихуана пристигната од Албанија

Италијанската полиција кај Лече заплени моторен чамец натоварен со тон марихуана пристигната од Албанија. Уапсени се три лица, од нив двајца албански државјани од приморскиот град Валона на возраст од 30 и 34 години, како и еден 65-годишен италијански државјанин. Според полицијата, дрогата, која била спакувана во 49 големи пакети, доколку стигнала на нарко пазарот би достигнала вредност од 10 милиони...

Папата и православни партијарси одржаа молитва за христијаните на Блискиот Исток

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск и неколкумина православни патријарси денеска во италијанскиот град Бари одржаа молитва за христијаните од Блискиот Исток. - Соучесничкиот молк овозможи насилството да го покрие Блискиот Исток и да протера десетици илјади христијани од нивните домови, порача папата. Тој нагласи дека Блискиот Исток е изворот на Христијанството, каде се чуваат древните христијански обичаи и наследство и...

Филипче: Новите огласи за вработување ќе бидат подготвени во септември

Министерството за здравство ќе биде подготвено да ги распише новите огласи за вработување во септември. Најголеми потреби од кадар има во Здравствениот дом во Скопје, а исто така е и разгледано и барањето на штипската Клиничка болница за вработување на 100 медицински лица, од кои 26 се лекари. Прашан како ќе се реши недостатокот на лекари во тетовската болница, каде...

Со манифестацијата „Иванка“ во Преспа одбележано раѓањето на св. Јован Крстител

Во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен денеска по шести пат симболично се одбележува Денот на раѓањето на Свети Јован Кристител - 7 јули или кај народот попознат како Иванден. Овој ден, според ресенчани, има посебно значење во преспанскиот регион. Пред многубројните гости беше прикажан обичајот кој со децении наназад се практикува во Преспа. Според традицијата, на...

Преку задругите се пласираат само девет отсто од земјоделското производство

Македонија се уште не може да каже дека има земјоделски задруги. Вкупно ргистрираните 38 се многу малку и преку нив се пласираат едвај девет проценти од вкупното производство, беше речено на денешниот настан по повод Светскиот ден на задругите. - Последната државна поддршка за земјоделските задруги беше објавена пред пет години. Во моментов се изготвува правилник со кој ќе се...

Почнаа жетвените активности во Дебарско

Во Дебарско почнаа жетвените работи и според првичните информации, земјоделците може да бидат задоволни од приносите по единица хектар. - Иако е суште рано да се зборува бидејќи сме на самиот почеток на жетвата, сепак, очекуваме земјоделците да остварат добри приноси. Од досега ожнеатите 10-на хектари приносите се 2.000 - 3.000 килограми по единица хектар - изјави Арбен Муладаути, овластен...

Полицијата разбива мрежа за дистрибуција на дрога во Струшко

Во Струга и Струшко се спроведува полициска акција за разбивање криминална мрежа на дилери на дрога. Според некои медиуми, приведени се повеќе лица, меѓу кои и функционер од јавна установа и полициски инспектор. Од МВР за МИА потврдија, но не откриваат детали за акцијата. Најавено е соопштение до крајот на денов.

Заев: Кинеските компании се подготвени да учествуваат на тендери

Драго ми е што конечно кинеските компании се подготвени да учествуваат на тендери, а не по пат на преговори во четири очи, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Софија, каде учествува на 7. Самит на шефови на влади од процесот на соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа. Овој значаен собир, рече, ги потврди големите инвестициски...

Тренерот ги моли родителите на тајландските момчиња за прошка

Тренерот на младите фудбалери заробени во пештерата Там Луанг преку нуркачите достави писмо во кое ги моли родителите на момчињата за прошка. - Во моментов сите деца се добро. Спасувачите се грижат добро за нив. Ви благодарам за целата морална поддршка и ги молам сите родители за прошка - стои во писмото на 25-годишниот тренер Екапол Чантавон. Од пронаоѓањето на заглавените...