Жена од Косово се удавила во Треска во Сарај
Триесет и едногодишна жена од Косово вчера се удавила во реката Треска во Сарај. Како што соопшти МВР, се работи за М.Ц. од Приштина која била на гости кај сестра и во Скопје.
Двете сестри шетале покрај Треска, а несреќниот настан се случил кога М.Ц се лизнала и паднала во водата.
Граѓанин вчера во 16:55 часот телефонски пријавил во Единицата за информации...
Вечер на француска класична музика со виолончелистката Фредерик Легранд
Француската виолончелистка Фредерик Легранд вечер ќе настапи на „Скопско лето“ со пијанистката Марија Вршкова и виолинистот Марко Поп Ристов на концерт во Музеј на Град Скопје од 20.30 часот.
На концертот насловен „Вечер на француска класична музика“ тие ќе изведат дела од Дебиси, Купрен, Пуланк...
Музичарката од Франција Легранд почнала да свири пијано на три години, а откако дипломирала на конзерваториумот во...
Поради обилните дождови во Србија на неколку места е прогласена вонредна состојба
Поради невремето во Србија, во Чачак и во уште девет општини е прогласена вонредна состојба, а началникот на Секторот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Србија, Предраг Мариќ, посочи дека сите тимови од Секторот се на терен.
- Припадниците на Секторот за вонредни ситуации, заедно со тимовите за цивилна заштита, се на терен и ја следат ситуацијата,...
Калифорнија: Прогласена е вонредна состојба во Санта Барбара поради пожар
Во округот Санта Барбара, во јужниот дел на Калифорнија, прогласена е локална вонредна состојба поради пожарот што брзо се шири. Евакуирани се 3.200 жители.
Огнената стихија уништила 20 до 32 хектари земјиште и 20 објекти.
Околу 350 пожарникари се обидуваат да го изгаснат огнот, што е само еден од над 30-те кои горат во западните земји на САД.
Вчера е забележана и...
Променливо облачно со локален дожд и грмежи
Во Македонија времето ќе биде сончево со умерена облачност, а околу пладне и во попладневните часови променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура од 19 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува седум.
Во...
Даноците го водат Роналдо во Јувентус?
Кристијано Роналдо ќе може да има корист од многу позитивниот за него даночен закон во Италија, ако премине во Јувентус.
Данокот може да биде причина за големата желба на Португалецот да игра во клубот од Торино, откриваат локалните медиуми.
Токму даноците станаа најголемата причина за влошување на односите на Кристијано и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Суперѕвездата доби двегодишна условна казна...
Фејсбук и Гугл нѐ мамат, за да споделуваме повеќе информации на Интернет
Фејсбук и Гугл се две од највлијателните компании во светот и имаат пристап до огромно количество на информации за корисниците.
Технолошките гиганти сега повторно испровоцираа внимание кон себе, бидејќи беа обвинети дека ги манипулирале европските граѓани.
Независен извештај од 44 страници на Норвешкиот совет на корисниците (НЦЦ) тврди дека Фејсбук и Гугл користат тајни практики да ги измамат корисниците да споделуваат...
Индиски милијардер ги води на одмор своите 3.500 вработени
Индиски бизнисмен во текот на овој месец ќе престојува на одмор во Истанбул, каде со себе ќе поведе 3.500 свои вработени, за што ќе потроши над 10 милиони долари.
Како што јавија турските медиуми, за организирање на еднонеделниот одмор на милијардерот и неговите вработени во Истанбул, се ангажирани Сојузот на турските туристички агенции (ТУРСАБ), како и службеници од Министерството за...
Тајани ја најави можната кандидатура на Берлускони на изборите за ЕП
Поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент, што ќе се спроведат догодина, наведе претседателот на ЕП, Антонио Тајани.
До неодамна Берлускони (81) имаше забрана да извршува јавна должност поради осуда за даночна измама. Во мај годинава судот ја укина забраната.
За весниот „Стампа“, Тајани посочи дека го замолил Берлускони да се кандидира за ЕП.
Запрашан,...
Субашиќ го повтори подвигот на Гојкочеа, водејќи ја Хрватска до полуфинале
Голманот Даниел Субашиќ повторно е најзаслужен за победа на Хрватска во нокаут-фазата на Светското фудбалско првенство, откако неговите одбрани во пенал-серијата против домаќинот Русија, им обезбедија на „коцкестите“ пласман во полуфиналето. Хрватска славеше 4-3 на пенали, откако мечот заврши 2-2 по 120 минути игра.
Русија поведе преку Денис Черишев во 31-та минута, Андреј Крамариќ изедначи во 39-та минута, за Хрватска...






































