Над 40.000 Албанци со илегален престој регистрирани лани во ЕУ

Албанците се на прво место по бројноста на листата на лица со илегален престој откриени во земјите на Европската унија(ЕУ) во текот на 2017 година, покажуваат официјалните податоци на Евростат. Во текот на минатата година откриени се 40.025 албански државјани кои престојувале во некоја западноевропска земја без документи, со што нивниот број е поголем дури и од оној на Сиријците,...

Марадона: Во полуфиналето на Мундијалот играат „тимови од мигранти“

Аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона ги нарече полуфиналистите на Светското првенство „тимови од мигранти“. - Има мафија, која киднапира фудбалери од Африка и ги натурализира во Европа. Составите на полуфиналистите на СП се полни најмногу со мигранти. Се сеќавам на еден разговор со Жозе Мурињо, кој ми кажа дека мигрантите пристигнуваат во друг свет, каде имаат шанса да добијат...

Трамп: Уверен сум дека Ким Џонг-ун ќе го почитува договореното

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази увереност дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе го почитува тоа што тие двајцата го договорија минатиот месец на нивната средба во Сингапур. - Уверен сум дека Ким Џонг-ун ќе го почитува договорот што го потпишавме и она што е уште поважно - нашето ракување. Се договоривме за нуклеарно разоружување на Северна Кореја - објави...

Џонсон: Сонот за Брегзит умира

Британскиот министер за надворешни работи во оставка Борис Џонсон оцени дека сонот за Брегзит умира и оти Велика Британија ќе се претвори во „колонија на ЕУ“. Џонсон денеска поднесе оставка на функцијата, поради несогласувања со британската премиерка Тереза Меј во врска со планот за преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ, кој предвидува блиски трговски врски меѓу двете страни...

Макрон најави ‘правила’ за исламот во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека ќе почне да работи врз „рамки и правила“ за исламот во Франција, пишуваат агенциите. Во годишното обраќање на заедничката седница на парламентот, францускиот претседател рече дека „Франција нема причина да има повеќе проблеми со исламот отколку со било која друга религија“. - Но, постои радикално, агресивно читање на исламот што ги доведува во прашање...

Вилијамсон: Нападот со „Новичок“ го изврши Русија

Русија изврши напад кој доведе до смрт на британски државјанин од „Новичок“, изјави британскиот министер за одбрана, Гавин Вилијамсон, по смртта на 44-годишната британка од труење со нервниот агенс „Новичок“. Вилијамсон ова го кажа во Парламентот, одговарајќи на прашање во врска со заканата за луѓето во Велика Британија, по смртта на Даун Старџис. - Реалноста е дека Русија извршила напад на...

Сообраќајка кај Дојран, во прекин патот Богданци – Фурка

Сообраќајот на регионалниот пат 11-09, на потегот од кај делницата Богданци - село Фурка кај Дојран е во прекин. Како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, причина за прекинот е сообраќајна незгода. Засега нема други детали за сообраќајката.

Тора: Каталонија не се откажува од идејата за независност

Каталонија на никаков начин не се откажува од идејата да дојде до независност, изјави денеска претседателот на каталонската регионална Влада, Ким Тора по средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез во Мадрид. Шпанската Влада, од своја страна, по средбата повтори дека е против идејата за одржување референдум за самоопределување на Каталонија. - Нема што многу да се зборува за таа тема, бидејќи...

Напаѓач со нож се заканувал на северот на Франција, полицијата го ликвидирала

Француски полицајци ликвидирале маж кој се обидел со нож да нападне луѓе во град во северна Франција, јави локалниот весник „Курие Пикар“. Според весникот, екстремистот извикувал „Алах Акбар“ („Алах е голем“). Минувачите кои го виделе побрзале да се скријат во своите домови. Потоа, напаѓачот почнал со ножот да удира по паркираните автомобили. Очевидци изјавиле дека напаѓачот бил „исклучително агресивен“ и „изгледал...

Помпео бара мирни преговори меѓу авганистанските власти и талибанците

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е во ненајавена посета на Авганистан, го повтори повикот на администрацијата на Трамп за мирни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците. Помпео ова го изјави на состаноците со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и шефот на извршната власт Абдула Абдула. Помпео рече дека САД се залагаат за поддршка на мировен процес под покровителство на авганистанските власти...