Облачно со умерен северозападен ветер

Умерено облачно, во северните делови со услови за краткотарен попладневен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 17 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Од среда следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север...

„Шаоми“ создава нов глобален бренд

Кинеската компанија „Шаоми“ (Xiaomi), која е еден од петте топ играчи на пазарот за паметни телефони, планира да создада нов глобален бренд. Покрај тоа, според некои кинески извори, новиот бренд целосно може да го замени брендот „Шаоми“ кај паметните телефони. Кинескиот производител, кој минатата недела излезе на берзата во Хонг Конг, ја регистрирал во САД трговската марка „Покофон“. Се претпоставува дека...

Нормализиран сообраќајот кај делницата Богданци – Фурка

Сообраќајот што попладнево беше во прекин на регионалниот пат 11-09, на потегот од кај делницата Богданци - село Фурка кај Дојран, вечерва е нормализиран. Како што претходно соопшти Авто мото сојузот на Македонија, причина за прекинот беше сообраќајна незгода.

Граѓанскиот сектор бара од Мета да не го потпишува законот за уривање на Националниот театар

Повеќе граѓански организации побараа од шефот на албанската држава, Илир Мета, да не го потпишува законот за уривање на Националниот театар. Во писмото упатено до Мета тие ги наведуваат причините зошто на овој закон не треба да стои неговиот потпис и бараат итна средба со него. - Усвоениот закон, само со гласовите на владејачкото мнозинство, е во спротивност со уставните и...

Чакир и Куња ќе ги судат двата полуфинални натпревара на Мундијалот

Џунеит Чакир од Турција ќе го води полуфиналниот меч на Светското првенство помеѓу Англија и Хрватска. Средбата, која се игра в среда на 11 јули на стадионот „Лужники“ во Москва, ќе биде трета за Чакир на ова првенство. Тој го водеше натпреварите во групната фаза Аргентина - Нигерија и Иран - Мароко. Претходно денеска, беше соопштено дека уругвајскиот судија Андрес Куња ќе...

Над 40.000 Албанци со илегален престој регистрирани лани во ЕУ

Албанците се на прво место по бројноста на листата на лица со илегален престој откриени во земјите на Европската унија(ЕУ) во текот на 2017 година, покажуваат официјалните податоци на Евростат. Во текот на минатата година откриени се 40.025 албански државјани кои престојувале во некоја западноевропска земја без документи, со што нивниот број е поголем дури и од оној на Сиријците,...

Марадона: Во полуфиналето на Мундијалот играат „тимови од мигранти“

Аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона ги нарече полуфиналистите на Светското првенство „тимови од мигранти“. - Има мафија, која киднапира фудбалери од Африка и ги натурализира во Европа. Составите на полуфиналистите на СП се полни најмногу со мигранти. Се сеќавам на еден разговор со Жозе Мурињо, кој ми кажа дека мигрантите пристигнуваат во друг свет, каде имаат шанса да добијат...

Трамп: Уверен сум дека Ким Џонг-ун ќе го почитува договореното

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази увереност дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе го почитува тоа што тие двајцата го договорија минатиот месец на нивната средба во Сингапур. - Уверен сум дека Ким Џонг-ун ќе го почитува договорот што го потпишавме и она што е уште поважно - нашето ракување. Се договоривме за нуклеарно разоружување на Северна Кореја - објави...

Џонсон: Сонот за Брегзит умира

Британскиот министер за надворешни работи во оставка Борис Џонсон оцени дека сонот за Брегзит умира и оти Велика Британија ќе се претвори во „колонија на ЕУ“. Џонсон денеска поднесе оставка на функцијата, поради несогласувања со британската премиерка Тереза Меј во врска со планот за преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ, кој предвидува блиски трговски врски меѓу двете страни...

Макрон најави ‘правила’ за исламот во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека ќе почне да работи врз „рамки и правила“ за исламот во Франција, пишуваат агенциите. Во годишното обраќање на заедничката седница на парламентот, францускиот претседател рече дека „Франција нема причина да има повеќе проблеми со исламот отколку со било која друга религија“. - Но, постои радикално, агресивно читање на исламот што ги доведува во прашање...