Вилијамсон: Нападот со „Новичок“ го изврши Русија

Русија изврши напад кој доведе до смрт на британски државјанин од „Новичок“, изјави британскиот министер за одбрана, Гавин Вилијамсон, по смртта на 44-годишната британка од труење со нервниот агенс „Новичок“. Вилијамсон ова го кажа во Парламентот, одговарајќи на прашање во врска со заканата за луѓето во Велика Британија, по смртта на Даун Старџис. - Реалноста е дека Русија извршила напад на...

Сообраќајка кај Дојран, во прекин патот Богданци – Фурка

Сообраќајот на регионалниот пат 11-09, на потегот од кај делницата Богданци - село Фурка кај Дојран е во прекин. Како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, причина за прекинот е сообраќајна незгода. Засега нема други детали за сообраќајката.

Тора: Каталонија не се откажува од идејата за независност

Каталонија на никаков начин не се откажува од идејата да дојде до независност, изјави денеска претседателот на каталонската регионална Влада, Ким Тора по средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез во Мадрид. Шпанската Влада, од своја страна, по средбата повтори дека е против идејата за одржување референдум за самоопределување на Каталонија. - Нема што многу да се зборува за таа тема, бидејќи...

Напаѓач со нож се заканувал на северот на Франција, полицијата го ликвидирала

Француски полицајци ликвидирале маж кој се обидел со нож да нападне луѓе во град во северна Франција, јави локалниот весник „Курие Пикар“. Според весникот, екстремистот извикувал „Алах Акбар“ („Алах е голем“). Минувачите кои го виделе побрзале да се скријат во своите домови. Потоа, напаѓачот почнал со ножот да удира по паркираните автомобили. Очевидци изјавиле дека напаѓачот бил „исклучително агресивен“ и „изгледал...

Помпео бара мирни преговори меѓу авганистанските власти и талибанците

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е во ненајавена посета на Авганистан, го повтори повикот на администрацијата на Трамп за мирни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците. Помпео ова го изјави на состаноците со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и шефот на извршната власт Абдула Абдула. Помпео рече дека САД се залагаат за поддршка на мировен процес под покровителство на авганистанските власти...

Заев-Смит: На референдумот македонските граѓани ќе ги одобрат политиките што водат кон ЕУ и НАТО

Со новите вредности во соседската и регионална политика, како и со унапредувањето на демократскиот амбиент, Република Македонија доби соодветно признание со датумот за преговори со ЕУ и со најавеното активирање на поканата земјата да стане 30-та членка на НАТО, рече денеска извршниот директор на Фондацијата за демократија Вестминстер од Велика Британија Ентони Смит. На средбата со премиерот Зоран Заев, во...

Тајани: Либија да формира „црна листа“ на шверцери на мигранти

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани за време на денешната посета на Триполи ја истакна потребата да се направи црна листа на главните шверцери на мигранти, со цел успешна борба против трговијата со луѓе во Европа и Африка. - Треба да се создаде „црна листа“ на големите шверцери, врз чија основа полицијата и безбедносните служби во Африка и Европа ќе...

Димитров: Целта не е формално членство во ЕУ, туку Македонија да стане вистинска европска земја

Првото големо ветување на актуелната македонска Влада минатата година беше дека ќе ја воведат Македонија во Европа. Меѓутоа, крајната цел за Македонија не е формално членство кон ЕУ, туку таа да стане вистинска европска земја со вредности како што се слобода на медиуми, независно судство, активно граѓанско општество, одговорни политичари. Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров...

Античкиот локалитет „Стибера“ продолжува да фасцинира

Три мермерни блока со натписи на грчки алфабет се откриени на градба на античкиот локалитет „Стибера“ кај прилепското село Чепигово. Според археологот Душко Темелкоски од прилепскиот „Завод и музеј“ кој ги предводи годинашниве истражувања, по пронајдените мермерни статуи, станува збор за сѐ уште таинствена градба веднаш до храмот на богињата Тихе- заштитничка на „Стибера“. - Станува збор за три мермерни блока...

Британија со 10 милиони фунти ќе го помага развојот на дигитални вештини на Западен Балкан

Велика Британија денеска најави дека ќе издвои средства во висина од 10 милиони фунти за развој на дигитални вештини и вработување на младите во земјите од Западниот Балкан. На првиот ден од Самитот за Западниот Балкан, во присуство на министрите за надворешни работи од ЕУ и Западен Балкан, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон објави дека Британскиот совет ќе спроведе...