Песната „Посакувам да те видам“ на петтоодделенецот Бурхан Јаоски – најдобра
На литературниот конкурс што традиционално секоја година во средината на јуни го организира центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, кој десетти пат се организира годинава, пристигнаа вкупно 74 творби, песни, раскази и есеи, со единствен наслов „Посакувам“, а се однесува за ученици од основните училишта од општината.
Во исклучително силна конкуренција, за најуспешна творба беше прогласена песната на Бурхан...
Прв пијано-рецитал на Михаил Јагуриноски
Младиот прилепски пијанист Михаил Јагуриноски, кој својот талент го надградува во класата на проф. Денис Најдоски, денеска, во 19 часот, во ликовниот салон на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржи пијано-рецитал. Ќе се претстави со изведба на дела од Бах, Моцарт, Менделсон, Зографски, Мошковски, Лист.
Јагуриноски е ученик во осмо одделение, во основното музичко училиште „Ордан Михајловски-Оцка“...
Завршува сагата „Игра на престолите“, снимени последните епизоди
Снимањето на последната, осма сезона од ТВ серијата „Игра на престолите“, заврши, и ќе има шест епизоди, соопштија ѕвездите на друштвените мрежи.
Продукцијата траеше повеќе од девет месеци, а филмаџиите успеаја содржината на завршните епизоди да ја задржат во тајност.
- Никој не го доби сценариото на хартија. На сите ни беше испратено во дигитална верзија на апликација, при што по...
МВР без толеранција кон говорот на омраза и насилството
Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение ја информира јавноста дека ќе се преземат низа мерки и активности, како и зајакнати контроли со цел одржување на јавниот ред и мир во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари во Скопје закажани за денес и утре.
Во рамките на квалификациите во Лигата на шампиони вечер со почеток во 20:15 часот на „Телеком Арена“...
За јапонските работи
Ниту убавината, ниту честа не се резервирани да бидат „јапонски“. Ниту пак е патентирано нивното поимање. Мислата е таа што резервира. И желбата. Да се види убавото, но и ѓубрето. И желба да се исчисти
„Името, па името, напиши нешто за фудбалот!“ ми сугерира еден пријател тема за наредната колумна, поткрепувајќи ја својата сугестија со актуелноста на темата, а актуелноста...
Осамостои, не осамостали
Во зборуваме македонски стигна до уште една приказничка. За глувчицата и за мачорот.
- Глувчице, во последно време ти ги нема глувчињата. Како в земја да пропаднаа.
- Ами, мачориште едно, златните на мајка, пораснаа, се осамосталија.
Тука доаѓа ежот и им вели:
- Нема осамосталија. Осамосталува е осамостојува.
Успешен ден, почитувани!
Чувајте го јазикот!
„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист...
Вртоглав раст на инфлацијата во Венецуела
Инфлацијата во Венецуела надмина 4.600 проценти од почетокот на годината, соопшти претставник на Националното собрание.
Алфонсо Маркина, член на Комисијата за финансии во Националното собрание, нагласи дека цените во Венецуела се зголемуваат секој ден за 2,8 проценти.
- Од почетокот на годината до крајот на јуни инфлацијата достигна 4.684,3 проценти, а од јуни минатата година досега - загрижувачки 46.305 проценти -...
Внатре е надвор
Ова е доба на НИВЕЛАЦИЈА на основните спротивни етички вредности, целосно уништување на бинарните опозиции, кои Тери Иглтон ги сметаше за ознака на идеолошките тоталитаризми. Но иако изгледа како расчистување со закостенетите бинарни идеолошки етикеции, тоа „демократско“ нивелирање е всушност - вовед во еден стравотен, нов, глобален НИХИЛИЗАМ, од кој, како што денес изгледа светот, ќе нема веќе враќање
„Можеби...
Продолжува спасувачката операција во пештерата во Тајланд
Обновена е операцијата за спасување на последните четири деца и тренерот блокирани во тајландска пештера од 23 јуни.
Во првите два дена од операцијата, беа извлечени осум деца кои се во добра физичка и психичка состојба, но се со знаци на инфекции, соопштија властите. Тие се хоспитализирани и во следните седум дена ќе бидат под посебен лекарски надзор.
- Во третиот...
Илон Маск го исполни ветувањето, носејќи мини-подморница во Тајланд
Американскиот претприемач Илон Маск преку Твитер соопшти дека се наоѓа во Тајланд со прототипот на мини-подморница со цел да учествува во акцијата за спасување на преостанатите пет деца и нивниот тренер во пештерата Там Луанг, објавуваат американските медиуми.
- Само што се вратив од пештерата Три. Мини-подморницата е подготвена доколку има потреба. Таа е направена од ракетни делови и наречена...







































