Повторно можност за поднесување барања за приватизација на државно градежно земјиште

Граѓаните повторно можат да поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во Управата за имотно правни работи. Со измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, што стапија на сила вчера, на граѓаните им се дава повторно ова право. Барања за приватизација законски не можеа да се поднесуваат од истекување на претходниот...

Тотенхем има најмногу полуфиналисти, речиси цел тим

Од четирите репрезентации-полуфиналисти на Светското првенство во фудбал во Русија, само Англија има селекција со фудбалери само од една земја. За Хрватска настапуваат репрезентативци од клубови од 11 земји, за Белгија од осум, а за Франција од пет. Најмногу фудбалери во полуфиналето ќе има англиски Тотенхем, речиси цел тим, вкупно девет, и тоа петмина во Англија (Дени Роуз, Киран Трипие,...

Што ќе решава – нијанса, потег, инспирација, среќа, тактичка зрелост…?

Во пресрет на полуфиналињата на СП 2018, разговаравме со тројца македонски тренери, кои сметаат дека Франција, Белгија, Англија и Хрватска заслужено се во полуфиналето, но ги издвојуваат Белгија и Хрватска Вечерва почнува разврската на Светското првенство (СП) во фудбал во Русија, со првото полуфинале, Франција - Белгија, а утре е мечот Англија - Хрватска. Во пресрет на овие дуели разговаравме...

Мартинез може да стане првиот селектор-странец шампион

Шпанецот Роберто Мартинез може да стане првиот селектор-странец со титула на некое светско првенство (СП) во фудбал. Во сите претходни 20 мундијали светскиот првак бил предводен од домашен селектор. Мартинез е селектор на Белгија. Тој е првиот селектор-странец во полуфинале на СП од 2006 година, кога Бразилецот Луис Фелипе Сколари ја предводеше Португалија до полуфиналето. Селектори на другите три полуфиналисти на...

Дешам е на два чекора до Загало и до Бекенбауер

Французинот Дидие Дешам во 1998 година како капитен ја предводеше Франција до првата титула светски фудбалски првак, на Светското првенство (СП) што се играше во таа земја. Од 2012 година тој е селектор на „триколорите“ и сега, на СП 2018 во Русија, има шанса да се израмни со две фудбалски легенди, Бразилецот Марио Загало и Германецот Франц Бекенбауер. Само тие...

Ѕвездено полуфинале вечерва во С. Петербург

„Златната“ генерација белгиски фудбалери со Куртоа, Азар, Лукаку, Де Брујне, Компани, Фертонген, Фелаини..., во првото полуфинале на СП 2018 од 20 часот игра со Франција, со Лорис, Умтити, Варан, Канте, Погба, Гризман, Мбапе... Новиот светски фудбалски првак ќе биде репрезентација од Европа бидејќи во завршницата, во полуфиналните дуели на Мундијалот во Русија ќе се сретнат Франција - Белгија (вечерва, 20...

За седум дена младите творци направија шарен венец од прозни и поетски творби

Во различни денови дел од своето творештво претставија писателите Пунторие Муча-Зиба, Анета Велкоска, Виолета Ѓуровска, Ванчо Полазаревски и Сузана Мицева, а манифестацијата со литературна вечер ја затворија авторите Филип Димкоски, Власта Цениќ и Вера Андон Во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, од 28 јули до 4 јули, се одржа книжевниот камп за деца и млади „Да бидам, да бидам“, во...

„Патување со Големата мајка“ – изложба на детски ликовни творби

Во Музејот на градот Скопје , во рамките на „Скопско лето“, неодамна беше отворена изложбата „Патување со Големата мајка“ - ликовни творби на петгодишни деца од градинката „Детска радост“. Нивните дела се резултат на запознавањето со археолошката поставка во Музејот на градот Скопје, која им овозможила да патуваат низ времето и да дознаат како артефактот од теракота од пред новата...

САД: Одбиено барањето да се продолжи времето за држење деца мигранти во притвор

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп загуби обид да убеди федерален суд да дозволи долгорочно затворање на семејства мигранти, што претставува значително правно назадување во агендата за миграција на претседателот, пишува „Њујорк Тајмс“. Во пресуда која е против речиси секој аргумент на Министерството за правда, судијката Доли М. Ги од Федералниот окружен суд во Лос Анџелес смета дека нема основа...

Комбе удрило во пешак на влезот на Сарај, возачот побегнал

Ноќеска во 00,10 часот на влезот во село Сарај, Скопско, товарно моторно возило марка “Форд транзит“ со велешки регистерски таблици удрило во пешакот К.Н. (65) од село Рашче, по што товарното возило го напуштило местото на настанот. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се работи на...