Кога народот (не) се прашува

По потпишувањето на македонско-грчката спогодба во Нивици, на 17 јуни 2018 година, несомнено е дека сите политички активности во Македонија (и на власта и на опозицијата, па и на дипломатските претставници во земјава) се насочени кон барање начин како одговорноста за одлуката да се претстави како „волја на народот“, но ако е можно да се избегне народот Во медиумската врева...

ОН: Дури 25 проценти од децата живеат во земји на судири или катастрофи

Секое четврто дете во светот, односно 25 отсто или околу 535 милиони деца, живеат во држави погодени од конфликт или природни катастрофи, соопшти Хенриета Форе, директорка на УНИЦЕФ. Таа бројка е „речиси несфатлива“, рече таа на состанокот на Советот за безбедност на ОН. Форе истакна дека се најзагрозени децата и младите чии животи се на удар на судири, вклучувајќи ги и...

Судско рочиште за седмообвинетиот во „Насилство во општина Центар“

Ново рочиште денеска во Кривичниот суд треба да се одржи за одвоената постапка за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во општина Центар“. Судијата на главната расправа за овој предмет одлучи за него да ја раздвои постапката и да му се суди одвоено. Крстев се изјасни дека не е виновен. Тој на последното рочиште на кое присуствуваше рече дека нема...

„Пајакот“ собра 82 возила

Еден пешак е потешко повреден, а четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во вкупно единаесет сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на Скопје. Материјална штета е предизвикана во пет сообраќајки. Податоците од билтенот на СВР Скопје покажуваат дека 47 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени еден возач кој возел...

Кина затвори стотици службеници кои не се справиле со прекршувањата на еколошките прописи

Кинеските власти ставиле во затвор стотици кинески чиновници кои не успеале да се справат со прекршувањата на прописите за заштита на животната средина откриени за време на инспекцијата минатата година, соопшти кинеското Министерство за животна средина. Вкупно 4.305 лица во 10 провинции и области се сметаат за одговорни за неуспех да се справат со прекршоците. Некои се затворени, а на...

Протест во грчкиот град Вергина против Договорот од Преспа

Стотици граѓани, меѓу кои и свештени лица и префектот на грчката област централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, вчера се собраа на плоштадот во Вергина да протестираат против Договорот од Преспа. Со грчки знамиња и извици „Македонија е грчка“, „Овој договор е предавство“, „Тргнете ги рацете од Македонија“, „Грција, Грција, Македонија“, „Не отстапуваме“, „Ние не ја распродаваме Македонија“, граѓаните ја испратија нивната...

Манџукиќ: Модриќ ја заслужува „Златната топка“

Напаѓачот на Хрватска, Марио Манџукиќ ги сподели своите очекувања за полуфиналето на Светското првенство против Англија. Двете екипи ќе се сретнат в среда, а искусниот Манџукиќ ги утврди шансите на ривалите како еднакви. - Можеби навистина имаме повеќе играчи кои играат големи натпревари на ниво на клуб, но има доста млади момчиња во тимот, шансите се 50:50. Ние едноставно треба...

Облачно со умерен северозападен ветер

Умерено облачно, во северните делови со услови за краткотарен попладневен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 17 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Од среда следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север...

„Шаоми“ создава нов глобален бренд

Кинеската компанија „Шаоми“ (Xiaomi), која е еден од петте топ играчи на пазарот за паметни телефони, планира да создада нов глобален бренд. Покрај тоа, според некои кинески извори, новиот бренд целосно може да го замени брендот „Шаоми“ кај паметните телефони. Кинескиот производител, кој минатата недела излезе на берзата во Хонг Конг, ја регистрирал во САД трговската марка „Покофон“. Се претпоставува дека...

Нормализиран сообраќајот кај делницата Богданци – Фурка

Сообраќајот што попладнево беше во прекин на регионалниот пат 11-09, на потегот од кај делницата Богданци - село Фурка кај Дојран, вечерва е нормализиран. Како што претходно соопшти Авто мото сојузот на Македонија, причина за прекинот беше сообраќајна незгода.