Романот „Просечен индекс на среќата“ на македонски
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на романот „Просечен индекс на среќата“ од португалскиот писател Давид Машадо. Книгата ја доби Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година. Преводот на македонски е на Ненад Трповски.
Погодено од финансиската криза во Португалија, семејството на Даниел се разделува. Неговата сопруга Марта заедно со децата се отселува кај своите родители. Но Даниел...
Сите 12 деца и тренерот се спасени од пештерата во Тајланд
Сите 12 деца и тренерот се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заглавени од 23 јуни кога влегле во неа после тренинг.
Сите досега извлечени момчиња со хеликоптер се пренесени во болница во блискиот град Чианг Раи.
Спасувачката операција трае три дена, и секој ден досега беа извлекувани по четири момчиња.
Во третиот ден од операцијата во пештерата Там Луанг влегле...
Самостојна изложба на Пандора и на Сашо Саздовски
Самостојна изложба на слики и инсталации на Пандора Апостолоска Саздовска со наслов „во_Транзит“ и на скулптури и цртежи на Сашо Саздовски ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во Музејот на градот Скопје. Куратор е Златко Теодосиевски, историчар на уметност и ликовен критичар.
- Уметноста, се чини, никогаш и не била нешто друго туку однос кон она надвор и она...
Заев апелира на воздржаност од говор на омраза и разгорување нетрпеливист
Премиерот Зоран Заев денеска упати апел за воздржување од говор на омраза и разгорување нетрпеливост по смртта на дваесет и едногодишниот Никола Саздовски, кој на 29 минатиот месец физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје.
- Омразата и насилството не и прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина...
Збогување со македонската писателка Олга Арбулјевска
Македонската книжевна сцена остана посиромашна за уште еден плоден автор. Поетесата Олга Арбулјевска, по кратко боледување, минатата недела ја загуби последната животна битка. Таа својот работен и креативен век го мина како новинарка, поетеса, есеистка, преведувачка и сликарка.
„Оља остави трага и како уредничка и како новинарка низ многу емисии од културата на телевизијата Телма, магазините ’Везилка’ и ’Соѕвездија’, портретната...
Охрид релативно исполнет со туристи, но плажите празни
Охрид се уште го чека шпицот на летната туристичка сезона, со релативно ниски температури невообичаени за овој период од годината.
Студеното време што го зафати регионот во текот на втората половина на минатиот и првата декада на овој месец во значајна мера влијаеја врз посетеноста на градот. Охрид не е празен, напротив, исполнет е со гости, но претежно со оние...
Баша повикан на „советување“ во САД
Посетата на лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша на САД се случува во многу значен политички момент во Албанија, кога опозицијата најави силни активности против Владата, кои не подразбираат само протести туку и можност за бојкот на институциите, па други и за „гаснење на пратеничките мандати“
Лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша отпатува во ненајавена посета на САД, каде...
Атина притиска за менување на учебниците во Албанија
Во рамките на тековните преговори за границата помеѓу Албанија и Грција во Јонско Море, грчката страна побарала со Тирана да формираат заедничка експертска комисија што ќе ги менува учебниците во Албанија.
Грчкиот весник „Прототема“ пишува дека Албанија засега одбива да се формира таква мешана група на експерти и потсетува дека шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас неодамна изјавил оти грчката...
Мигранти пронајдени во возило кај Стоби, возачот избегал
Вкупно 25 илегални мигранти од Пакистан, од кои еден малолетен, се пронајдени утрово во товарно возило кај археолошкиот локалитет Стоби.
Како што соопшти МВР, утрово во пет часот полициски службеници се обиделе да го сопрат возилото „Рено Мастер" со скопски регистарски ознаки на стариот пат Неготино - Градско. Возачот застанал, но излегол од возилото и избегал.
Извршен е увид на местото...
Вучиќ на жешка линија со Меркел
Регионалната економска зона и изградбата на автопатот Ниш - Приштина, според српскиот претседател, се од големо значење за Западен Балкан поради што тој ја замолил германската канцеларка, со својот авторитет и углед, да ја забрза реализацијата на овие проекти
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел за состојбата во регионот и за мигрантската криза, информираа...






































