Непознато лице истурило црна течност во резервоар за вода во Стровија

Центарот за јавно здравје од Прилеп испитува дали има евентуална загаденост на водата во с. Стровија откако непознато лице истурило црна течност во резервоарот за вода. Надлежните од СВР Битола велат дека Центарот за јавно здравје подигнал примероци за утврдување на видот и степенот на евентуална загаденост на водата. Како што информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова во периодот од...

„Предизвикот Нејмар“ шири смеа низ светот

Луѓе од целиот свет го имитираат однесувањето на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар на Светското првенство, потсмевајќи се на неговото превиткување по теренот на мундијалските мечеви во Русија, во рамките на „предизвикот Нејмар“ што ги обзема социјалните мрежи, каде што се објавени бројни видеа од имитациите.  https://www.youtube.com/watch?v=LPZY_SsZSms https://www.youtube.com/watch?v=ReLEImipMzU

Бензините поскапуваат за еден, дизелот за половина денар

Малопродажната цена на бензините се зголемува за денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 72 денара, на еуросупер БС-98 ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а екстра-лесното масло за домаќинство по 52,50 денара за литар. Се зголемува и цената на...

Во Велес автомобил влетал во двор, двајца повредени

Според информацијата од СВР Велес вчера околу 17 часот на ул „Прохор Пчински“ во Велес се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Мерцедес вито“ со штипски регистарски ознаки управуван од лицето Е.Џ.(37) од Велес изгубил контрола над возилото и со задниот дел удрил во метална врата и влегол во двор на куќа. Во незгодата со повреди се здобиле...

Хан: Иднината на Западен Балкан е јасна

Не само што Берлинскиот процес создаде можност за напредок на поле на енергетиката, економијата, меѓучовечките контакти и дигиталната технологија, туку и придонесе за нова визија за регионот врз основа на цврста европска перспектива и регионална соработка. Ова го изјави комесарот на Европската унија за проширување Јоханес Хан во интервју за „Јуропиен вестерн Балканс“. - Берлинскиот процес постави конкретна визија за...

Најмногу одобренија за градење се издадени во скопскиот регион

Во мај годинава се издадени 222 одобренија за градење, што е за 7,9 проценти помалку во однос на мај лани. Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 стана, со вкупна корисна површина од 38.951 квадратен метар, објави Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија се издадени во скопскиот регион, 40, каде што предничат општините Центар, Бутел и Шуто Оризари, со...

На компаниите им е потребна поддршка при креирање нови производи

Од Стопанската комора на Македонија очекуваат 10 до 15 компани да поминат конкретна теоретска обука, а во пет да бидат спроведени таканаречени индивидуални инхаус-обуки во следниве два месеца Странски инвеститори, во најголем дел од автомобилската индустрија, имаат пројавено интерес за соработка со македонските компании, на кои, пак, им се потребни поддршка и помош да ги развијат своите потенцијали за креирање...

Уапсен дилер со 50 килограми марихуана

Полицијата пронајде 50 килограми марихуана вчера изутрина на локација од патниот правец Струмица-село Добрашинци. За случајот е поднесена е кривична пријава против Д.Т. (33) од село Владевци од општина Василево, К.К (26) од село Селемли, општина Богданци, како и против уште едно, засега непознато лице, поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на...

Деноноќното херојство на сите расположливи сили во Тајланд

Сите расположиви сили се вклучени во акцијата за спасување на децата од пештерата Там Луанг во Тајланд, работејќи деноноќно за нејзин успех. На теренот се околу 1.000 лица, вклучувајќи ги припадниците на тајландската армија и полиција, спасувачките екипи од целиот свет, нуркачи, инженери, лекари, нутриционисти, готвачи, како и родителите на децата, но и бројното локално население што ги следи...

Три возила се судрија на Плетвар, повредени нема

Нема повредени во сообраќајната незгода што се случи во 11:25 часот на патот Прилеп - Градско кај месноста Ленишки Мост. Според портпаролот на  СВР Битола, Сања Стаматова до несреќата дошло при судир на три возила, опел фронтера со велешки регистарски таблички, товарно моторно возило со прилепски и шкода октавија со странски регистарски таблички.  -Повредени нема, но е причинета материјачна штета -...