Нов обид за зонско паркирање во Гостивар

Нов обид на гостиварската локална самоуправа да го реши хаосот со паркирањето во градот. Јавното претпријатие за паркинг и зеленило објави тендер за избор на фирма која ќе го воспостави, управува и одржува системот за зонско паркирање. Во јавниот оглас стои дека со фирмата ќе се склучи договор на една година, а вредноста е проценета на 1,2 милиони денари. Системот...

Маж уценувал и принудувал девојка од Кочани на сексуални односи

Дваесетгодишна девојка од Кочани била уценувана и принудувана на сексуални односи од страна на 46-годишен маж. Според нејзиниот исказ, во периодот од ноември лани до моментот на пријавување на случајот во неколку наврати била уценувана од страна на 46-годишниот М.Л. од Кочани дека за неа јавно ќе објави фотографии со компромитирачка содржина и била присилувана на сексуални односи. Случајот го пријавила...

Ослободени петмината Срби кои беа уапсени во Гњилане

Петмината косовски Срби кои беа уапсени во денешната акција на полицијата во Гњилане, попладнево се ослободени, откако се интервјуирани во полиција, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за телевизијата КТВ ја потврди главниот обвинител на Основното обвинителство во Гњилане, Јетиш Маљоку. Петмината Срби беа приведени како осомничени за „дејствија против Уставот и безбедноста на Косово“. Ослободувањето уследи откако Белград се закани...

Компирите се поважни од Помпео за Ким Јонг-ун?

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун бил презафатен со посетата на фарма за компир, за да се сретне со државниот секретар на САД Мајк Помпео, сугрерираа државните медиуми од Пјонгјанг, а пренесе сингапурската телевизија „Ченл Њуз Азија“. Севернокорејските медиуми вообичаено го следат секој чекор на Ким Јонг-ун, но неговото отсуство од тамошните насловни вести во последните седум дена, покрена шпекулации...

Сајси МС на „Бич филм-фестивал“ и „Блендер“

Српската хипхоп и треш-дива Сајси МС ќе настапи на првото издание на „Бич филм-фестивал“, на плажата Оревче, во Охрид. Нејзиниот настап е резултат на соработката меѓу „Бич филм-фестивал“ и „Блендер“, фестивалот за децентрализирана култура, кој се труди да ги поттикне и поддржи индивидуалците и организациите во промовирањето на културата и уметноста во балканските мултиетнички општества, меѓу кои е и...

Македонската филхармонија со богата програма во новата концертна сезона

Македонската филхармонија најави богата програма за концертната сезона 2018/2019, која ќе почне на 27 септември со концертот „Ново утро“ и настапот на славниот француски пијанист Лука Дебарг. Диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од Израел. Дебарг е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“ и еден од најбараните пијанисти на класичната музичка сцена. Тој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар...

Емоцијата е мојот материјал, ја моделирам како глина

Со концерт во Античкиот театар во Охрид, кој ќе се одржи на 2 август, Јаневски одбележува 25 години музичка кариера. Познатиот кантавтор вели дека на овој настап чека цели 13 години Владо Јаневски, пејач, текстописец, композитор „Главен град на тагата“ е насловена најновата песна на Владо Јаневски, за која тој ги напиша музиката и текстот, за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов,...

Кичево и околните села утре 12 часа, без вода за пиење

Поради менување на вентилот на главната водоводна цевка од страна на компанијата „Малихидро“, Кичево и блиските села утре ќе останат без вода за пиење 12 часа, поточно од 7 до 17 часот. Токму од овие причини на жителите од овој регион им се препорачува навремено да се снабдат со вода за пиење и за домашни потреби. -Во текот на утрешниот...

Готемелер: НАТО поддржува формирање на војска на Косово

Заменик- генералниот секретар на НАТО Роуз Готемелер изјави денеска дека НАТО го поддржува формирањето војска на Косово и тој процес треба да се одвива во согласност со Уставот. - Важно е Косово да го продолжи процесот на реформи, што вклучува формирање на професионални сили за безбедност. Ќе продолжиме да соработуваме со претставниците на Косово и да ја поддржуваме мисијата на...

Антологија со 182 песни за скопскиот земјотрес

На 26 јули, на 55-годишнината од скопскиот земјотрес, ќе биде промовирана поетската антологија „Ден судбоносен - 26 јули 1963“ приредена од новинарите и публицисти Свето Стаменов и Искра Чоловиќ и писателот и универзитетски професор Васил Тоциновски. Антологијата содржи 182 песни на деведесетина поети од речиси сите страни на светот, кои преку нив ги искажуваат својата болка и тага за...