Заев на Самитот во Лондон: Разговорите за Западен Балкан се разговори за иднината на Европа
Премиерот Зоран Заев и владина делегација во состав Бујар Османи, заменик претседател задолжен за европски прашања и Никола Димитров, министер за надворешни работи, денеска ги започнаа активностите на централниот дел од Самитот ЕУ-Западен Балкан (Берлински процес), што се одржува во Лондон.
Како што соопшти владината прес-служба, Програмата на Самитот ЕУ-Западен Балкан почна со приемот организиран од премиерката на Обединетото Кралство...
Донација од Зоолошка градина за Домот за деца без родители „11 Октомври“
Зоолошката градина Скопје денеска донираше три телевизори за Домот за деца без родители „11 Октомври“.
Директорката на Домот Соња Стамевска заедно со дел од штитениците ја посетија Зоолошката градина, каде директорот Ѓорѓи Галетановски им ги врачи телевизорите во форма на егзотични животни.
- На средбата беше договорена и понатамошна соработка меѓу Зоолошката градина и Домот за деца без родители „11 Октомври“, како и бесплатни едукативни тури...
Нова траса за гасоводот на Водно – ќе се заштити зеленилото
Македонски енергетски ресурси предложи нова траса за гасоводот преку Водно со која максимално ќе се заштити зелениот појас, а во краток рок да можат да почнат и градежните работи на гасоводот. Денеска увид на предложената нова траса извршија вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на МЕР Бајрам Реџепи и претставници на иницијативата „Го сакам Водно“.
Вицепремиерот Анѓушев ја поздрави...
Србија доби 5,5 милиони евра за пругата Ниш – македонска граница
Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) ќе ја поддржи Србија со 5,5 милиони евра бесповратни средства за изработка на проектно-техничка документација за изградба на обиколница околу Ниш и модернизација на железничката пруга Ниш -Прешево - граница со Македонија, информираа денеска од српското Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура.
Управниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан одлуката за финансиска поддршка за...
ИД презеде одговорност за нападот во Џалалабад
Најмалку 12 луѓе загинаа, а петмина се повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад во авганистанскиот град Џалалабад, а одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Меѓу жртвите, двајца се припадници на разузнавачката служба, а другите се цивили.
Според локалните власти мета на нападот била разузнавачката служба.
Напаѓачот го активирал експлозивот во близина на бензинска станица, а потоа избил голем пожар.
Речиси во...
Годишно во Русија исчезнуваат меѓу 70.000 и 100.000 лица
Секоја година во Русија исчезнуваат меѓу 70.000 и 100.000 луѓе, од кои половина се деца, објави Агенцијата за стратегиски иницијативи на Русија.
Една четвртина од лицата кои ќе бидат пријавени за исчезнати воопшто нема да бидат пронајдени, додава Светлана Чупшева од Агенцијата, која се обрати на форум на спасувачките организации од цела Русија што се одржува во градот Красногорск.
Според гувернерот...
Бериша: Рама и отстапува на Грција 1.200 километри од морето
Поранешниот албански претседател и екс премиер, Сали Бериша, денешниот ден го нарече ден на национална жалост, поради тоа што „премиерот Еди Рама во Лондон и отстапил на Грција дел од морето“.
За Бериша, кој е и поранешен лидер на опозициските демократи, тоа е повторно распарчување на нацијата, по она од 1913 година.
- Пријатели, денеска во Лондон, Едвин Кристаќ Рама, со...
НАТО: На Србија е да одлучи за евентуален влез во Алијансата
НАТО ги почитува ставовите на секоја земја со која соработува, а Србија е добар партнер на НАТО и на неа да одлучи дали сака да стане членка, изјави денеска во Брисел заменичката на генералниот секретар на Алијансата, Роз Готемолер, јави дописничката на МИА од Брисел.
Таа смета дека српското партнерство со НАТО придонесува за поголема безбедност на граѓаните и НАТО...
Родител пријавил дека детето му било повредено во градинка
Двегодишно дете од Штип било повредено при престојот во градинка, според пријавата на родителот.
Како што соопшти МВР, случајот во полиција вчера попладне го пријавил таткото на детето, 23-годишниот Г.З. од Штип.
Родителот Г.З. пријавил дека на петти јули го однел неговото двегодишно дете во градинка во Штип и околу 14:30 часот, кога отишол да го земе, забележал дека детето има повреди и веднаш реагирал...
Премиер-лигата веќе е „светски првак“
Девет од почетните 11 играчи во составот на Белгија на мечот со Бразил во четврт-финалето настапуваат во англиската Премиер-лига, а во клубови од Англија играат 40 од 92-та фудбалери на полуфиналистите на СП 2018
Белгија во вечерашното полуфинале на Светското првенство (СП) во фудбал во Русија, против Франција игра за место во големото финале, но каков и да биде исходот...






































