Тереза Меј се обидува да излезе од кризата
Британската Влада денеска ја одржа својата прва седница, по вчерашните оставки на двајцата клучни поборници на излегувањето на Велика Британија од Европската унија - министерите за надворешни работи и Брегзит, Борис Џонсон и Дејвид Дејвис.
Премиерката Тереза Меј претседаваше со новиот состав на Владата, во кој местото на Џонсон го зазема Џереми Хант, а тоа на Дејвис - Доминик Раб.
Според...
Во Италија уапсен македонски државјанин осомничен за тероризам
Италијанската полиција уапси македонски државјанин, кој е осомничен дека се подготвувал да изврши терористички напад во името на џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави ДПА.
Осомничениот Агим Мифтаров, на возраст од 29 години, бил уапсен во центарот за депотација на мигранти во Плацо Сан Џервазио во јужна Италија, откако полицијата забележала сомнителни активности на неговиот профил на Фејсбук.
Тој е обвинет...
Борисов: Европерспективата на Западниот Балкан е појасна како никогаш досега
Верувам дека европската перспектива на Западниот Балкан сега е појасна како никогаш досега, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на денешниот Самит за Западен Балкан во Лондон.
- Бугарија вложи огромни напори за тој приоритет - од потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и добрососедсѕвото со Република Македонија, големиот број средби што ги одржавме со лидерите на шесте земји...
Поповски: Јавноста ги знае сите информации од истрагата за прерано починатиот Никола Саздовски
Во случајот со младиот Никола Саздовски, чијшто живот, за жал, згасна прерано, јавноста е целосно и навремено информирана за активностите кои ги преземаа и се уште ги преземаат сите владини надлежни институции, стои во соопштението од кабинетот на министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.
- Владата на Република Македонија е пример за транспарентност, отчетност и одговорност кон граѓаните. Не...
НАТО не очекува блокади за поканата за Македонија
Високи дипломатски извори во НАТО велат дека не се очекуваат никакви блокади за издавањето на поканата за Македонија на утрешниот Самит.
Кон крајот на јуни, Њујорк Тајмс објави информација според која Доналд Трамп би можел да ја блокира поканата за НАТО за Македонија поради неговите односи со Владимир Путин. Денеска високи дипломатски извори велат дека нема никаква индикација за такво...
Трамп тврди дека е најпопуларен републиканец во историјата
Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека е најпопуларниот политичар во историјата на Републиканската партија.
Thank you to all of my great supporters, really big progress being made. Other countries wanting to fix crazy trade deals. Economy is ROARING. Supreme Court pick getting GREAT REVIEWS. New Poll says Trump, at over 90%, is the most popular Republican in history of...
Димитров за АНА-МПА: Не можеме да ги смениме историјата и географијата, но можеме да создадеме заедничка иднина
Не можеме да ја смениме географијата или историјата, но може да работиме заедно за да ја создадеме нашата заедничка иднина, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Тој истакнува дека договорот создаде историски крстопат што бара историска одговорност за да ја направат вистинската работа сите инволвирани страни.
Како што јави дописничката на МИА од...
Трамп: Средбата со Путин може да биде полесна од Самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин може да биде полесна од Самитот на НАТО во Брисел или од посетата на Велика Британија.
Трамп предвидува тешки преговори со земјите членки на НАТО за расходите за одбраната.
- Искрено кажано, со Путин може да биде најлесно. Кој би помислил- истакна Трамп.
Тој додаде дека во моментот...
Хелсиншки комитет: Органите на прогонот сè уште соодветно не ги третираат делата од омраза
Уште еднаш укажуваме на потребата од преземање сериозни мерки за спречување на делата од омраза, не само откако делото ќе се случи туку и превентивно односно преку санкционирање на употребата и ширењето на говорот на омраза, апелираа од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.
Изразуваме жалење за загубениот живот на младото момче Н.С.(21) кое вчера им подлегна на повредите...
Заев на Самитот во Лондон: Разговорите за Западен Балкан се разговори за иднината на Европа
Премиерот Зоран Заев и владина делегација во состав Бујар Османи, заменик претседател задолжен за европски прашања и Никола Димитров, министер за надворешни работи, денеска ги започнаа активностите на централниот дел од Самитот ЕУ-Западен Балкан (Берлински процес), што се одржува во Лондон.
Како што соопшти владината прес-служба, Програмата на Самитот ЕУ-Западен Балкан почна со приемот организиран од премиерката на Обединетото Кралство...






































