Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ
Самитот за Западен Балкан во Лондон докажува дека Европската Унија продолжува да ја зајакнува соработката со регионот со јасна посветеност и конкретни мерки, фокусирајќи се на три клучни обласи на соработкате - економијата, безбедноста и помирувањето, оцени високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Во обраќањето на Самитот во Лондон, Могерини истакна дека изминативе години „сите...
Ослободен од притвор предизвикувачот на инцидентот со дронот на фудбалскиот меч во Белград
Италијанските власти го ослободија од притвор Исмаил Морина, попознат како Балист, кој управуваше со беспилотното летало со знаме на Етничка Албанија над стадионот во Белград за време на квалификацискиот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во октомври 2014 година, по што избија серија насилства на теренот.
Веста за ослободувањето ја соопшти самиот Морина на Фејсбук, каде објави и негова фотографија заедно...
Француска поддршка за имплементација на Договорот од Преспа на Самитот во Лондон
Франција дава целосна поддршка на имплементација на неодамнешниот договор меѓу Грција и Република Македонија во врска со името, е ставот кој ќе го пренесе шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан на Самитот од Берлинскиот процес посветен на Западен Балкан, кој се одржува во Лондон.
Како што се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и за надворешни работи на Франција, Ањес...
Италија ќе бара НАТО да ги насочи ресурсите кон мигрантската криза
Италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези најави дека на претстојниот Самит на НАТО во Брисел ќе побара пренасочување на ресурсите на Алијансата од источните кон јужните граници на Европа, со поголем ангажман за спречување на илегалната миграција.
Миланези рече дека Италија има докази за уфрлање на исламисти меѓу големите групи мигранти кои влегоа во земјата во изминатите години...
Реал Мадрид потврди дека Роналдо заминува во Јувентус
Реал Мадрид потврди дека му дозволил на Кристијано Роналдо да се премине во Јувентус, откако фудбалерот изрази желба да замине од шпанскиот клуб.
По големиот број шпекулации во европските медиуми, попладнево стигна и официјална потврда од европскиот шампион за трансферот на Роналдо.
Висината на трасферот која двата клуба ја договориле изнесува 105 милиони евра.
Реал му се заблагодари на Роналдо за неговите...
Хан: Одлуката за визната либерализација за Косово пред 25 јули
Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан денеска повторно нагласи дека одлуката на Брисел во врска со либерализацијата на визниот режим за Косово ќе биде донесена многу наскоро, пред годишните одмори, јави дописникот на МИА од Приштина.
Запрашан од телевизијата КТВ кога точно ќе се случи тоа, Хан одговори дека тој заминува на одмор на 25 јули.
- Јас сум...
Заев: Со Ципрас избравме да оставиме историски решенија зад нас за нашите граѓани и општества
Премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Тереза Меј со посебен гест ги покани премиерите на Република Македонија Зоран Заев, и на Република Грција Алексис Ципрас, заедно со неа на посебна фото сесија, како придонес во сесијата „Надворешна политика, билатерални прашања и наследство од минатото“, на која посебно место доби договор за македонско-грчкиот спор за името...
Тереза Меј се обидува да излезе од кризата
Британската Влада денеска ја одржа својата прва седница, по вчерашните оставки на двајцата клучни поборници на излегувањето на Велика Британија од Европската унија - министерите за надворешни работи и Брегзит, Борис Џонсон и Дејвид Дејвис.
Премиерката Тереза Меј претседаваше со новиот состав на Владата, во кој местото на Џонсон го зазема Џереми Хант, а тоа на Дејвис - Доминик Раб.
Според...
Во Италија уапсен македонски државјанин осомничен за тероризам
Италијанската полиција уапси македонски државјанин, кој е осомничен дека се подготвувал да изврши терористички напад во името на џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави ДПА.
Осомничениот Агим Мифтаров, на возраст од 29 години, бил уапсен во центарот за депотација на мигранти во Плацо Сан Џервазио во јужна Италија, откако полицијата забележала сомнителни активности на неговиот профил на Фејсбук.
Тој е обвинет...
Борисов: Европерспективата на Западниот Балкан е појасна како никогаш досега
Верувам дека европската перспектива на Западниот Балкан сега е појасна како никогаш досега, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на денешниот Самит за Западен Балкан во Лондон.
- Бугарија вложи огромни напори за тој приоритет - од потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и добрососедсѕвото со Република Македонија, големиот број средби што ги одржавме со лидерите на шесте земји...






































