Малолетник нападнат во автобус со број 57
Шеснаесетгодишно момче половина час по полноќ бил нападнато во автобус на ЈСП „Скопје“ со број 57 кој сообраќа на релација од Козле до Радишани.
Како што соопшти МВР, момчето било нападнато од три лица со кои претходно заедно биле на роденден кај нивна другарка во кафуле во Центар. Причина за нападот била претходна расправија. Напаѓачите потоа се симнале на автобуската постојка спроти „Стара фурна“...
Џафери: Сребреница не смее да се заборави, за никогаш да не се повтори
По повод одбележувањето на 11 Јули - Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со претставниците на политичката партија Бошњачки демократски сојуз, претставниците на бошњачките здруженија и бошњачката заедница во Република Македонија.
Како што соопштија од собраниската прес-служба, оваа активност е како резултат на Декларацијата за поддршка на Резолуцијата...
Молотов коктел фрлен врз автомобил во Скопје
Две непознати лица кои биле на мотор вчера фрлиле молотов коктел кон патничко моторно возило „Пасат“ со словачки национални ознаки, кое било превезувано со шлеп служба.
Како што соопшти МВР, молотовиот коктел бил фрлен на булеварот „Александар Македонски“, додека возилото се превезувало на вештачење кон Министерството за внатрешни работи.
Двете непознати лица потоа го напуштиле местото на настанот, а возилото е делумно оштетено.
Полицијата презема...
Словачка ќе купи четиринаесет американски авиони Ф-16
Словачка денеска најави дека ќе купи 14 борбени авиони Ф-16 од САД, со кои ќе ги замени руските летала МиГ-29.
Најавата на словачкото Министерство за одбрана доаѓа за време на самитот на НАТО во Брисел, каде американскиот претседател Доналд Трамп директно побара од сојуничките држави да ги зголемат одбранбените расходи до најмалку два проценти од нивниот бруто домашен производ.
Словачка имала...
Откако и се нафрли утринава, Трамп изјави дека имал „одлична“ средба со Меркел
По утринските остри критики на сметка на Германија, за нејзиното одбивање да троши повеќе за одбрана и за договорот за гасоводот Нордстрим, американскиот претседател Доналд Трамп имаше средба со канцеларката Ангела Меркел за која рече дека била одлична.
- Имаме одлична средба. Разговаравме за трошењето за одбрана, разговаравме за трговијата. Имаме многу, многу добар однос со канцеларката. Имаме одличен однос...
Португалската полиција се справува со бандата „Ангели на пеколот“
Португалската полиција уапси десетици членови на бандата „Ангели на пеколот“, кои според властите се „исклучително насилни“.
Во полициската акција вклучени се 400 полицајци, кои извршија претрес во околу 80 објекти.
Полициската акција е преземена за ликвидирање на криминалната група. „Ангели на пеколот“ се релативно нова банда во Португалија. Против криминалната група се преземени операции во Германија и во Холандија.
Ангел Петрушев со две победи на Европскиот куп во Словенија
Минатиот викенд, во рамките на 7-то и 8-то коло (од вкупно 12 на шест локации) на Европскиот јуниорски куп што се одржа во Солкан, Словенија, забележителен настап на младите кајакари од Македонија.
Најголем успех постигна Ангел Петрушев кој на на двата натпревара во двата дена, го освои првото место во категоријата до 14 години. Од другите македонски натпреварувачи во таа...
Приведен старец за полови дејствија врз дете
Полициски службеници по пријава привеле старец и го задржале во Полициска станица Прилеп заради сомнеж дека вршел полови дејствија врз петгодишно дете.
Како што информираат од МВР вчера во 16,00 часот 23-годишна жена пријавила дека истиот ден околу 12,30 часот во Прилеп додека нејзината петгодишна ќерка си играла на улицата „Никола Карев“, С.Ч.(70) врз детето извршил полови дејствија.
Полицијата работи на...
Дрвокрадци повредиле полицаец при бегство со џип
Еден полицаец е повреден откако непознат сторител со џип се насочил кон полициска патрола која вршела контрола за нелегална сеча на дрва во гостиварска Долна Бањица.
Според СВР Тетово, утрово околу два часот полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, преземајќи активности во атарот на гостиварска Долна Бањица, забележале патничко возило „Фолксфаген венто“ зад кое по земјениот пат...
Авганистанец депортиран од Германија се самоуби во хотел во Кабул
Еден од 69-те авганистански мигранти кои беа депортирани од Германија се самоубил по принудното враќање во Авганистан.
Според германското Министерство за внатрешни работи, 23-годишниот човек бил пронајден мртов во хотел во Кабул каде бил сместен по депортирањето. Се работи за човек кој осум години живеел во Германија и очекувал дека ќе му биде одобрен азил.
Германското Министерство за внатрешни работи го...







































