Општина Гази Баба ќе работи на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора

Општина Гази Баба, заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион, ќе работат за разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора. Со заеднички средства ќе изработат студија преку која ќе ги мапираат проблемите, за ефикасно да бидат решени. Делови од Скопска Црна Гора се прогласени за ерозивни подрачја и подрачја загрозени од ерозија, две нивоа што означуваат...

Опозицијата му поднесе кривична пријава на Рама

Албанскиот премиер Еди Рама заработи кривична пријава поради „прикривање на вистина“ во случајот со прислушуваните разговори на Агрон Џафај, брат на актуелениот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај, кој во Италија е осомничен за трговија со дрога. Кривичната пријава до Обвинителството за тешки кривични дела ја доставија координаторите на пратенички групи на опозициски партии, Едмонд Спахо за Демократската партија, и Петрит Васили за  Движењето...

МВР: Да не се поттикнува говор на омраза

Министерството за внатрешни работи соопшти дека случајот од 29 јуни е расчистен, а за тоа соодветно ја информирале и јавноста. Апелираат да не се  поттикнува говор на омраза и да се даде простор на институциите да си ја завршат работата. - Ги отфрламе сите злонамерни дезинформации на поединци и неодговорни политички партии кои ја злоупотребуваат смртта на момчето. Секторот за внатрешни...

Во Србија регистрирани 11 заболени лица од западнонилска треска

Во Србија се регистрирани 11 случаи на заболени од западнонилска треска, од кои девет се потврдени, информираа од Институтот за јавно здравје на Србија „Др.Милан Јовановиќ Батут“. Според податоците на Институтот, од потврдените случаеви на заболени, четворица се регистрирани во Белград, пет во Јужен Банат, и по еден во Јужна Бачка и во Подунавскиот округ, или осум мажи и три...

Макрон ќе се сретне со Путин за време на финалето на СП во Москва

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне в недела со рускиот колега Владимир Путин за време на финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Москва, соопшти денеска Елисејската палата. Средбата меѓу Макрон и Путин била договорена синоќа за време на краткиот телефонски разговор меѓу двајцата лидери. Францускиот претседател синоќа присуствуваше на полуфиналниот натпревар меѓу Франција и Белгија во Санкт Петербург, во...

Обвинителството презема истражни дејствија во врска со смртта на Саздовски

Основното јавно обвинителсто Скопје презема истражни дејствија за утврдување релевантните факти во врска со претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски. - Јавното обвинителство презема истражни дејствија за утврдување  на факти, велат за МИА од Обвинителството. Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка“, а по третиот полицијата се уште трага. Тројцата се осомничени дека на 29 јуни брутално го...

Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат за стечај на фабриката

Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат со понудата компанијата да отиде во стечај и сметаат дека тоа е единственото решение како во случајот со „Фени“.  - Ваква понуда ние имавме при разговорите со премиерот Зоран Заев и со потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев и сметаме дека е единственото решение- изјави денеска претседателот на синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ Роберт Богданоски, по информацијата...

Пендаровски: Денеска добиваме покана да ги почнеме пристапните преговори

Националниот координатор за подготовка на Македонија за влез во НАТО, Стево Пендаровски  од седиштето на НАТО во Брисел рече дека д енеска добиваме покана да ги почнеме пристапните преговори. - Грубо кажано ќе има практично две сесии за политички и за технички прашања како што е со секоја друга земја аспирант во минатото- рече Пендаровски. Според него, она што е специфично за Македонија...

Малолетник нападнат во автобус со број 57

Шеснаесетгодишно момче половина час по полноќ бил нападнато во автобус на ЈСП „Скопје“ со број 57 кој сообраќа на  релација од Козле до Радишани.  Како што соопшти МВР, момчето било нападнато од   три лица со кои претходно заедно биле на роденден кај нивна другарка во кафуле во Центар. Причина за нападот била претходна расправија. Напаѓачите потоа се симнале на автобуската постојка спроти „Стара фурна“...

Џафери: Сребреница не смее да се заборави, за никогаш да не се повтори

По повод одбележувањето на 11 Јули - Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со претставниците на политичката партија Бошњачки демократски сојуз, претставниците на бошњачките здруженија и бошњачката заедница во Република Македонија.  Како што соопштија од собраниската прес-служба, оваа активност е како резултат на Декларацијата за поддршка на Резолуцијата...