Утре почнува 16-от „Пиво фест“ во Прилеп

Завршија подготовките за 16-то издание на најголемата музичка манифестација во земјава - „Пивофест“ 2018, која почнува утре и ќе трае до 15 јули. - Координативното тело кое се грижи за безбедноста на учесниците и посетителите на „Пивофест 2018“, а во кое има претставници на локалната самоуправа, Полициската станица – Прилеп, службата за Итна медицинска помош, Територијалната противпожарна единица, Агенцијата за...

Јотовски се пласираше во четвртфинале на фјучерсот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски се пласира меѓу осумте најдобри на фјучерсот во австриски Крамзах. Македонецот кој е втор носител, попладнево за нешто помалку од три часа игра го победи Аргентинецот Ферим Тенти со 2-1, по сетови 6:1, 3:6 и 6:4. Наградниот фонд на турнирот изнесува 15.000 долари.

„Вимблдон“ попушта во судирот со Мундијалот во Русија

Организаторите на тенискиот гранслем-турнир „Вимблдон“ нема да го менуваат времето на одигрување на финалето во машка конкуренција, и покрај тоа што предвидениот термин е во судир со завршниот меч на Светското првенство (СП) во Русија, но ќе им дозволат на посетителите на Сеанглискиот клуб да го следат фудбалскиот натпревар преку нивните паметни телефони. Тениското финале е закажано за 15...

Рама: Оптимист сум дека брзо ќе постигнеме договор со Грција

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за грчката агенција АНА-МПА вели дека е оптимист дека Албанија и Грција ќе постигнат договор за „еден нов стратешки документ за соработка“. - Проблемите меѓу двете земји се тешки, но нивното решавање е апсолутно неопходно. Многу значајно е не само да се решаваат овие проблеми, туку истите да ги доведеме на друго ниво на...

Грција претходно ја предупредила Русија дека ќе протера нејзини дипломати

Грција ја информирала Русија на 6 јули дека планира да протера руски дипломати од земјата за нелегални активности поврзани со митинзите против договорот со Македонија, изјави грчки дипломатски извор. - Веќе извесно време испраќаме предупредувања до руските власти за (акциите на) тие четворица дипломати и цивили, и во петокот беше официјално покренато, а даден им е и разумен период од...

Во Неготино отруени и затруени неколку кучиња

Здружението „Срце за животните-Тиквеш” од Кавадарци денеска алармираше дека е расфрлан отров низ Неготино, при што затруени и отруени се неколку кучиња. Од Здружението порачуваат до жителите да ги приберат на сигурно нивните и маалските миленици, да внимаваат на децата додека одат по улиците, а секоја сомнителна храна на улица внимателно да ја отстранат и фрлат во канализација, никако во...

Алегри: Доаѓањето на Роналдо е значајно не само за Јувентус, туку и за италијанскиот фудбал

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, трансферот на Роналдо го оцени како многу значаен настан и за клубот и за фудбалот во Италија. - Неговото доаѓање е многу важно и е чекор напред за целиот клуб. Тој е многу значаен за нас, исто како и сите други играчи, бидејќи ние имаме одредени цели кои сакаме да ги постигнеме. Знам дека...

Мицотакис: Ципрас и Каменос ја отвораат вратата за интеграција на Скопје во НАТО

Ципрас и Каменос, пред три седмици во Преспа признаа македонска националност и јазик за Скопје, денес во Брисел ја отвораат вратата за интеграција во НАТО, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во изјавата посветена на самитот на НАТО, лидерот на најголемата грчка опозициска партија, упатува остри критики и обвинувања до владата...

Хоакин Феникс во улогата на Џокер

Хоакин Феникс ќе го толкува „Џокер“, познатиот негативец од „Бетмен“ филмовите и стриповите, во филм каде што тој, Џокерот ќе биде главен лик, објави „Холивуд Рипортер“. Приказната ќе раскажува за почетоците - како Џокерот станал психопат, криминалец и убиец, и веројатно ќе биде заснована на стрипот на Алан Мур и Брајан Боланд - „Убиствената шега“. Претходно, се шпекулираше дека улогата ќе...

(Видео) Приведен градоначалникот на општина Ново Село за шверц на цигари

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев синоќа е приведен од полицијата. Приведувањето го потврдија од СВР Струмица со соопштение. Во него се наведува дека синоќа во близина на село Бадилен, од страна на полициски службеници, се запрени две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари. -Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49...