Франција, како и во 1998-та, има тројца бекови-стрелци

Французите беа подобри од Белгија во првото полуфинале (1-0), па в недела, во финалето на СП 2018 во Москва, ќе играат со Хрватска или со Англија. Како и во 1998 година, кога станаа светски прваци, Французите имаат тројца одбранбени играчи меѓу стрелците (Павар, Варан и Умтити, сите во нокаут-фазата) Франција ја совлада Белгија со 1-0 во првиот полуфинален дуел на...

Со новата „математика“ има пет кандидати за преземање на врвот кај ФИФА

Бразил, Франција, Белгија, Англија и Хрватска се во трка за првото место, кое досега го имаше Германија. Македонија би требало да скокне 5-6 места од минатомесечното 71-во скалило Светската фудбалска федерација (ФИФА) за новото рангирање, кое треба да биде објавено по завршувањето на Светското првенство (СП) во Русија, ќе почне да применува поинакви пресметки отколку досега. ФИФА досега ги сметаше...

К. Роналдо прв играч со над 30 години со трансфер од барем 100 милиони

Неговиот трансфер од Реал Мадрид во Јувентус за 117 милиони евра (сума според трансфермаркт) е четвртиот најскап во историјата на фудбалот Португалецот Кристијано Роналдо и официјално направи трансфер и по осум години во шпанскиот прволигаш, актуелниот европски фудбалски првак Реал Мадрид, во следните четири треба да настапува во италијанскиот шампион Јувентус. Според информациите, трансферот е вреден 112 милиони евра според шпанскиот...

Во нива пронајдена граната од Прва светска војна

Во Секторот за внатрешни работи  Битола, синоќа е пријавено дека е пронајдена неиспукана артилериска граната од Прва светска војна. А.С. (39) од село Бучин, Крушево пријавил дека при орање во нива во атарот на с.Бучин пронашол неиспукана артилериска граната 75 мм од Првата светска војна, која од страна на пиротехничар била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.      

Брисел блокиран поради Самитот на НАТО

Брисел е целосно подготвен за  вториот ден на средбата на врвот на НАТО, за чија безбедност се грижат 2.400 полицајци и 1.000 војници, распоредени на секои 100 метри долж патот од центарот до аеродромот. Локалните медиуми информираат дека кај граѓаните постои големо незадоволство од безбедносните мерки, поради кои многумина ги пропуштиле летовите или договорените средби. Властите не објавија однапред какави ќе бидат...

САД им се заканија со санкции на компании што инвестирале во „Северен поток 2“

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен поток 2“ кон Германија. Според американската Влада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа. - Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз - изјави претставник на американскиот Стејт департмент. Тој...

Шекеринска со 18 колеги од НАТО потпиша Меморандум за разбирање

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во седиштето на НАТО во Брисел,  го потпиша Меморандумот за разбирање со кој Македонија се приклучува кон „Смарт Дифенс“ иницијативата за муниција за копнено војување. Како што соопшти Министерството за одбрана, Меморандумот за разбирање министерката Шекеринска го потпиша заедно со 17 министри за одбрана од земји-членки на НАТО, и со својот колега од Финска,...

За потеклото на името Македонија

Ова мое јавување на некој начин се надоврзува на моето претходно писмо во „Нова Македонија“, а е поврзано и со текстот, исто во „Нова Македонија“, од нашиот еминентен научник Наде Проева за македонското име низ вековите. Овој напис е исклучително за етимологијата (потеклото) на името на Македонија. Македонија во најстаро време била територијата северно од реката Бистрица (Халиакмон), Лудиас и...

Најмалку 10 загинати откако се урна брана во Авганистан

Најмалку 10 лица загинаа кога на северот на Авганистан, поради обилните врнежи, се урна оштетена брана, соопштија денеска официјални лица. Портпаролот на авганистанското Министерство за хуманитарна помош Омар Мохамеди изјави дека надојдената вода целосно уништила околу 300 куќи во долината Пандшир. Таа долина, популарна меѓу туристите, се наоѓа на околу 140 километри од Кабул. По пукањето на браната водата го поплавила блиското...

Вандали оштетија споменик на жртвите на Холокаустот во Солун

Вандали го оштетиле споменикот на жртвите на холокаустот во Солунскиот универзитет Аристотел, јави „Катимерини“ . Напаѓачите со сина боја нацртале крст и други симболи на споменикот на студентите евреи кои загинале во нацистичките концентрациони логори за време на Втората светска војна. Градското собрание на Солун и израелската општина во градот остро го осудија инцидентот. Ова е втор напад врз споменикот во рок...