Иако по секој дожд во ГТЦ прокапува се подготвува проект за зелен покрив
Градскиот трговски центар е едно од главните обележја на Скопје што не е дел од новоизградените градби во изминатите десетина години. Изграден во далечната 1973 година и овој објект има огромно историско и културно значење за главниот град. За жал, грижата за него како да е подзаборавена од надлежните. По секој дожд капе вода од таванскиот дел, а минувачите...
„Вечерњи лист“: ЕУ го менува начинот на гласање за пристапните преговори
Европската комисија(ЕК) се подготвува на есен да предложи нов систем на донесување одлуки во врска со преговорите за членство во ЕУ, при што повеќе нема да биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку само квалификувано мнозинство, тврди загрепскиот весник „Вечерњи лист“.
- ЕК се подготвува на есен да предложи во иднина за претпристапните преговори за државите кандидати за...
Дудинка – вкусна мамка за кленот
Дудинката спаѓа во групата овошки што се меѓу најслатките за одредени видови риби, а тука пред сѐ се мисли на кленот. Доколку може да се избира помеѓу две дрвја, подобро е да се одберат оние дудинки што се послатки, односно зрели. Таа најдобро се монтира на јадицата, со нејзин целосен опсег. При риболовот добро е да се користат јадици...
Каде се заштедите на стотина злетовски рудари?
Индициите за злоупотребата на штедните влогови во поштата во Злетово им го сменија животот на злетовци, кои идиличниот и на моменти досаден селски живот го заменија со шетање по шалтерите и канцелариите во поштите во Пробиштип и во Штип, чии врати тешко се отвораат поради „молкот“ на поштенските работници
Неизвесност, страв и исчекување деновиве се гледаат на лицата на жителите...
Младинците подготвени за кошаркарското Б-ЕП во Софија
Македонската младинска репрезентација (за кошаркари до 20 години), утре ги почнува натпреварите на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, што се игра во Софија, Бугарија. Црвено-жолтите се наоѓаат во групата А заедно со селекциите на Азербејџан, Белгија, Летонија и на Белорусија.
Првиот ривал е Летонија, меч што се игра утре со почеток во 19.30 часот. Четирите најдобри селекции од секоја од...
Поканата за НАТО во сабота ќе се прославува во 15 градови низ Македонија
Премиерот Зоран Заев утринава, пристигнувајќи на вториот ден на самитот на НАТО, ги повика граѓаните на Македонија на 14 јули на заедничка прослава во 15 градови низ земјата за да се прослави поканата за НАТО како голем успех за сите граѓани.
-Од денеска Македонија оди само напред, а граѓаните нижат уште еден голем успех. Честито Македонија. НАТО одлучи да биде...
Шкендија со мислите е веќе во 2-то коло
Тетовска Шкендија го декласира во Скопје велшкиот претставник ТНС со убедливи 5-0 во рамките на 1-то квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите (ЛШ), постигнувајќи една од најубедливите победи во оваа конкуренција од македонските клубови.
Се чини со овој убедлив триумф, во кој најдобриот стрелец и фудбалер за минатата сезона во македонската Прва лига, Бесарт Ибраими, постигна четири погодоци,...
Белгија речиси со ист состав играше со Франција и со Македонија во 2013-та
Во полуфиналето на СП 2018 завчера настапија деветмина што играа и во 2013 година во Скопје, со Македонија, во квалификациите за СП 2014. Вкупно од 23-члениот состав на Белгија за СП 2018 во Скопје, тогаш играа или беа присутни во составот дури 14 фудбалери
Белгиската фудбалска репрезентација е запрена во полуфиналето на Светското првенство (СП) во Русија, со поразот од...
Мбапе со порака до Англичаните: Трофејот сепак не доаѓа дома
Еден од најдобрите на Мундијалот во Русија, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, се огласи по поразот на Англија од Хрватска.
Британците изминатите неколку дена најавуваа освојување на СП и самоуверено најавуваа „враќање на фудбалот дома“, алудирајќи дека ќе станат шампиони.
-Доаѓа дома. Невозможно - напиша Мбапе.
Младиот талентиран напаѓач ја објасни својата реакција.
-Жал ми е. Ја сакам Англија, но заслужувате ваков одговор поради...
МВР со детали за тешката сообраќајка на Партизанска
Четири лица од кои едно потешко се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“.
Во несреќата учествувале „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје и „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил...






































