Џафери: Наша должност е да ја развиваме парламентарната дипломатија

Преку парламентарната дипломатија ја јакнеме и развиваме демократија дома, во регионот и на глобално ниво, порачал денеска претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во обраќањето на 3. Самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа што се одржува во Варашва, зборувајќи на темата „Парламентите во меѓународните политики“. - Наша должност е да продолжиме да ја негуваме...

Невообичаениот пат до финалето на хрватските господари на хаосот

Фудбалската репрезентација на Хрватска направи големо изненадување со пласманот во финалето на Светското првенство (СП) во Русија, особено ако се земат предвид сите предизвици со кои „коцкестите“ се соочија на Мундијалот, како и низ квалификациите за завршниот турнир, пишува англиски „Гардијан“. Хрватска имаше негатива од 0-1 во сите три дуели од нокаут-фазата на СП, против Данска, Русија и против Англија,...

Се запалил автобус без патници на обиколницата Сарај – Волково

Празен туристички автобус денеска попладне се самозапалил на обиколницата Сарај – Волково влез Ѓорче Петров. Повредени нема, а причинета е материјална штета која ќе се утврдува. Според првичните информации, се работи за двокатен автобус „Неоплан“ во кој немало патници, а бил управуван од Ј.К. (1980). Пожарот околу 14 часот избувнал во делот на моторот и брзо се проширил во кабинскиот...

Порно-актерката Сторми Даниелс ослободена со кауција

Порно-актерката Сторми Даниелс, која пред неколку месеци беше актуелна поради наводната афера со американскиот претседател Доналд Трамп, е ослободена со кауција од 6.000 долари, откако беше уапсена за време на настап во стриптиз клуб во Колумбус, Охајо. Како причина за апсењето е наведено дека „му дозволила на гостин од публиката да ја допре на сцената“. Нејзиниот адвокат Мајкл Авенати истакна дека...

Депонии крај празните контејнери во Кичево

Лошите навики на граѓаните на Кичево, во и крај контејнерите да ги одлагаат кабастите предмети никако да се искоренат. Така и летово сведоци сме на граѓанската недисциплина, што придонесува за лошата визулна слика што ја добиваат гостите во градот, кои во овој период ги има во голем број. - Безброј пати сме упатувале апели до граѓаните кабастите предмети да не...

Димитров: Македонија би можела да стане членка на НАТО кон средината на 2019 година

Македонија кон средината на следната година може и формално да стане 30. земја-членка на НАТО, доколку сите други процеси се одвиваат како што треба. Ова го порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Еуро Вестерн Балканс, објавено денеска, на денот кога Македонија ја доби и формално поканата за отпочнување преговори за членство во НАТО, кое го пренесува...

Павлопулос: Решавање на името согласно историјата и меѓународното право, па интеграција во ЕУ и НАТО

Решение на спорот со името, согласно историјата и Меѓународното право, е предусловот за нашата зенја да се интегрира во НАТО и ЕУ, смета грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Павлопулос во претседателската палата, денес прими група студенти од дијаспората и пред нив говореше за отворените прашања во грчката надворешна политика, меѓу кои и прашањето...

Обвинителството бара конфискација на имот во „Труст“

На денешното судско рочиште за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, обвинителството ги изнесе завршните зборови по што одбраната побара одлагање за нивните завршни зборови, а судот одлучи завршните зборови на одбраната да бидат наведени в понеделник. Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милини евра...

Столтенберг и формално му ја врачи на Заев поканата за НАТО

Членството на Македонија во НАТО уште повеќе ќе ја зголеми безбедноста и стабилноста и ќе служи како позитивен пример за Западен Балкан, порача премиерот Зоран Зоран денеска во Брисел, откако претходно на свечена церемонија заедно со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг ја потпишаа поканата за прием на земјата. - Како идна 30. земја-членка на Алијансата сме подготвени да дадеме...

Прскање против ларви од комарци во Скопје

Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци ќе се изврши в сабота, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе се изврши в понеделник, во текот на денот. - Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, соопшти Град Скопје.  Градските власти ги известуваат...