Димитров: Македонија би можела да стане членка на НАТО кон средината на 2019 година
Македонија кон средината на следната година може и формално да стане 30. земја-членка на НАТО, доколку сите други процеси се одвиваат како што треба.
Ова го порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Еуро Вестерн Балканс, објавено денеска, на денот кога Македонија ја доби и формално поканата за отпочнување преговори за членство во НАТО, кое го пренесува...
Павлопулос: Решавање на името согласно историјата и меѓународното право, па интеграција во ЕУ и НАТО
Решение на спорот со името, согласно историјата и Меѓународното право, е предусловот за нашата зенја да се интегрира во НАТО и ЕУ, смета грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Павлопулос во претседателската палата, денес прими група студенти од дијаспората и пред нив говореше за отворените прашања во грчката надворешна политика, меѓу кои и прашањето...
Обвинителството бара конфискација на имот во „Труст“
На денешното судско рочиште за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, обвинителството ги изнесе завршните зборови по што одбраната побара одлагање за нивните завршни зборови, а судот одлучи завршните зборови на одбраната да бидат наведени в понеделник.
Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милини евра...
Столтенберг и формално му ја врачи на Заев поканата за НАТО
Членството на Македонија во НАТО уште повеќе ќе ја зголеми безбедноста и стабилноста и ќе служи како позитивен пример за Западен Балкан, порача премиерот Зоран Зоран денеска во Брисел, откако претходно на свечена церемонија заедно со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг ја потпишаа поканата за прием на земјата.
- Како идна 30. земја-членка на Алијансата сме подготвени да дадеме...
Прскање против ларви од комарци во Скопје
Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци ќе се изврши в сабота, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе се изврши в понеделник, во текот на денот.
- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, соопшти Град Скопје.
Градските власти ги известуваат...
Тачи: Косово има црвени линии, Србија треба да ја признае независноста
Косовскиот претседател Хашим Тачи го смени претходниот став дека во изнаоѓањето решение за споровите со Србија нема црвени линии и нагласи дека Косово, сепак, има свои услови во завршната фаза од дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според Тачи, овој процес треба да се затвори со историски договор, односно со договор кој ќе биде обврзувачки за двете...
Трамп: Еден ден и со Иран ќе се договориме
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден ден ќе попуштат тензиите во односите помеѓу САД и Иран и оти очекува повик од Техеран.
Тој додаде дека сега Техеран се однесува кон Вашингтон со многу повеќе почитување откако САД се повлекоа од Договорот за иранската нуклеарна програма.
- Знам дека Иран има многу проблеми и дека им се урива економијата. Но, ова...
Помпео побара сојузниците на САД да го прекинат финансирањето на Иран
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денеска ги повика американските сојузници да помогнат Иран да биде ставен под економски притисок и го обвини Техеран дека продолжува да продава оружје на Блискиот Исток и покрај резолуциите на Обединети нации.
- Треба да го прекинеме целото финансирање, што режимот го користи, за да финансира тероризам и посредува војни- напиша Помпео на Твитер...
Украдени лаптоп компјутери и опрема од основното училиште во Чаир
Од основно училиште во Чаир украдени се лаптоп компјутери, полначи и глувчиња за компјутери при што е причинета материјална штета од 576 илјади денари.
Кражбата е пријавена вчера во полициската станица во Бит Пазар. Според полицискиот билтен, таа се случила во основно училиште на улицата „Коста Абрашевиќ“ во временскиот период од 6 до 10 овој месец.
Украдени се 169 мали ученички...
Продолжува протестот на такси возачите на Бит Пазар
Самостојните такси возачи од Скопје втор ден денеска ја блокираат крстосницата меѓу Трговскиот центар Мавровка и судовите со барање да им се овозможи користење на дел од старата такси постојка на Бит Пазар.
Таксистите во разговор за МИА, најавија дека денеска ќе ја блокираат крстосницата се до 16:30 часот доколку не се оствари средба или не добијат некаков одговор...






































