Вулин: Македонија и Србија немаат исти цели
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин му одговори на премиерот Зоран Заев за неговите изјави дадени во Брисел, велејќи дека Македонија и Србија немаат исти цели и дека Србија ќе остане воено неутрална и слободна земја.
За време на самитот на НАТО во Брисел, Заев рече дека се надева оти решението со Грција ќе ги охрабри Србија и Косово да...
Над двесте учесници на Петровденската мото-парада во Кичево
На традиционалната Петровденска мото-парада што попладнево се возеше низ улиците во Кичево, учествуваа над 200 мотоциклисти од сите возрасти, од двата пола и на повеќе различни марки мотоцикли.
Како што налага традицијата, стартот беше од пред железничката станица, од каде големата колона мотоцикли продефилира низ градските улици и своето патешествие го заврши пред храмот „Свети Петар и Павле“ кој денеска...
Сириската армија влезе во бунтовничкото упориште Дера
Единици на сириската и руската армија денеска влегоа во градот Дера, на крајниот југ на Сирија, каде во 2011 година, во екот на Арапската пролет, почна востанието против сирискиот водач Башар ал Асад.
Армиските единици поставиле сириски знамиња околу џамијата пред која во март 2011 година се одржа масовен протест против Асад - настан кој се смета за почеток на...
Порошенко: Никој нема да успее да го блокира членството на Украина во НАТО
Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска изјави дека на Самитот на НАТО сите земји членки изразиле целосна поддршка за политиката на Киев за членство во Алијансата.
- Нема да кажувам датуми, но сакам да кажам дека никој нема да успее да го блокира членството на Украина во НАТО. Тоа е суверено право на украинскиот народ, посочи Порошенко по завршувањето на...
Русија најави одговор на грчкото протерување на дипломати
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека протерувањето на двајца руски дипломати од Грција нема добро да се одрази на односите меѓу Москва и Атина, јави руската новинска агенција ТАСС.
Захарова најави и дека Русија ќе одговори на грчкиот потег.
- Тргнуваме од фактот дека билатералните односи имаат сопствена вредност, тоа не се виртуелни односи туку за...
Вардар се враќа со пораз од гостувањето во Ереван
Фудбалерите на Вардар беа поразени од Пјуник со 0-1 на денешното гостување во Ереван, во првиот меч од воведното квалификациско коло за Лига Европа.
Во првиот дел Пјуник дојде до водство од 1-0 со голот на Мохамед Конате во 28-та минута од натпреварот, а фудбалерите на Вардар до паузата не успеаја посериозно да се заканат на голот на домаќините.
Вардар во...
Конте: Италија не се согласи на дополнителни финансиски обврски кон НАТО
Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска изјави дека Италија не се согласила на никакви дополнителни финансиски обврски кон НАТО и покрај притисоците на претеседателот на САД, Доналд Трамп, кој побара од земјите членки да се обврзат дека ќе издвојуваат по четири отсто од бруто домашниот производ за Алијансата.
- Италија наследи обврски, кога станува збор за издвојување, што не го сменивме....
Захарова: Вовлекувањето на Македонија во НАТО, доказ дека ширењето на Алијансата е цел
Стремежот на НАТО механички да се прошири во Европа не може да ја зацврсти безбедноста, а форсираното вовлекување на Македонија во тој воен блок, само потврдува дека „политиката на отворени врати“ станува самата на себе цел, изјави Марија Захарова, портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија.
Како што пренесе „Спутник Србија“, Захарова на брифингот за новинарите во Москва, во...
Џафери: Наша должност е да ја развиваме парламентарната дипломатија
Преку парламентарната дипломатија ја јакнеме и развиваме демократија дома, во регионот и на глобално ниво, порачал денеска претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во обраќањето на 3. Самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа што се одржува во Варашва, зборувајќи на темата „Парламентите во меѓународните политики“.
- Наша должност е да продолжиме да ја негуваме...
Невообичаениот пат до финалето на хрватските господари на хаосот
Фудбалската репрезентација на Хрватска направи големо изненадување со пласманот во финалето на Светското првенство (СП) во Русија, особено ако се земат предвид сите предизвици со кои „коцкестите“ се соочија на Мундијалот, како и низ квалификациите за завршниот турнир, пишува англиски „Гардијан“.
Хрватска имаше негатива од 0-1 во сите три дуели од нокаут-фазата на СП, против Данска, Русија и против Англија,...





































