Сончево и топло време

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, попладне само во крајните северни планински делови ќе има краткотрајна нестабилност.  Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 29 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и топло попладне со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната...

Невил се сомнева дека Кејн играл повреден на Мундијалот

Англиската јавност тешко ќе ја преболи елиминацијата од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Русија, а многумина сметаат дека капитенот Хари Кејн е еден од виновниците за поразот од 1-2. Меѓутоа, легендарниот англиски фудбалер Гери Невил излезе со тврдење дека Кејн веројатно играл повреден на Мундијалот. - Нема да ме изненади ако во следниот период чуеме за повредата на Кејн....

Дани Педроса се повлекува од Мото ГП шампионатот

Возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса, објави дека по завршувањето на сезоната ќе се повлече од Мото ГП шампионатот. Педроса одлуката ја соопшти на прес-конференцијата во пресрет на трката за Големата награда на Германија. Тој објави дека по 18 години решил да ја заврши кариерата во Светското првенство. - Следната година нема да се натпреварувам во Светското првенство и ќе ја...

Арктикот може да стане светски центар за складирање на податоци

Арктикот може да стане еден од најголемите светски центри за складирање на податоци на меѓународните компании, изјави денеска проектниот офицер за развој на Арктикот, академик Александер Воротников. Тој додаде дека многу меѓународни компании, како на пример Фејсбук, имаат центри за податоци во близина на поларниот круг. - Русија има голем потенцијал на природен студ, што е неопходно за работа на центар...

Шкупи не успеа да го расипа дебито на Џерард

Фудбалерите на Шкупи се поразени од Глазгов ренџерс со 0-2 на гости, во вечерашниот прв меч од воведното квалификациско коло за Лига Европа.  Поранешниот англиски репрезентативец, Стивен Џерард, дебитираше на менаџерската функција во шкотскиот клуб на овој дуел. Џејми Марфи во 23-та минута и Џејмс Таверние од пенал во судиското надополнување од натпреварот беа стрелци за Ренџерс. Реваншот во Скопје се игра...

Трамп гледа напредок во преговорите со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека добил писмо од севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, за кое рече дека е многу добра порака и дека двете земји постигнуваат значителен напредок. Потегот на Ким доаѓа по посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Северна Кореја, која во американските медиуми беше оценета како разочарувачка. - Цврсто верувам дека со силна волја, искрени...

Херојот на Тајланд е бегалец од Мјанмар

Британските нуркачи, кои ги пронајдоа 12-те момчиња и нивниот тренер од поплавената пештера Там Луанг, имаа помош од едно од момчињата Адул Сам-Он, чие познавање на англискиот јазик било клучно во текот на комплицираната операција за спасување. Неговата професорка Кру Најс изјави дека 14-годишниот Сам-Он отсекогаш бил лидер и покрај тоа што не живее со родителите и официјално нема дом. -...

Со италијански и француски арии отворено „Охридско лето“

Охрид од вечерва се до 20 август ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи фестивалот „Охридско лето“. Со најпознатите италијански и француски арии за сопран и тенор во изведба на романските уметници Елена Мошуц и Калин Братеску, во придружба на уметниците од Македонската филхармонија предводени од маестро Николае Молдовеану, вечерва на Античкиот театар беше отворено годинашното издание...

Најдоброто од Тур де Франс

На фотографиите се прикажани најинтересните моменти од досегашниот тек на 105-то издание на најпознатата велосипедска трка на светот, Тур де Франс, која почна на 7 јули, а ќе трае до 29 јули.

САД вратија 57 деца одземени од илегални имигранти

Американските власти информираа дека вратиле 57 имигрантски деца на нивните семејства, откако судија од Сан Диего реши дека одлуката да се раздвојуваат децата и родителите - илегални имигранти е спротивна на законот. Судијата Дејна Сабрау нареди 103 од најмалите деца кои биле раздвоени од родителите да им бидат вратени на нивните семејства, иако оваа мерка може да значи ставање на...