Бела куќа: Трамп ја сака и почитува Тереза Меј

Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп „многу ја сака и почитува“ британската премиерка Тереза Меј. Ова е соопштено откако Трамп даде интервју за британскиот весник „Сан“ во кое рече дека Меј го уништила она што нејзината земја треба да го доби од Брегзит. Тој исто така рече дека Меј, определувајќи се за „мека“ стратегија за Брегзит во...

САД вети помош во модернизација на хрватската армија

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис синоќа во Загреб изјави дека Хрватска е „докажан американски сојузник“ и вети помош во модернизацијата на хрватската армија. Матис на средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нагласи дека е задоволен што повторно е во земја „која е докажана американска сојузничка и која има респектабилна војска“. Тој ги пофали одлуките на хрватскиот државен врв за набавката...

Трамп: Меј го уништи Брегзит, Џонсон би бил добар премиер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини британската премиерка Тереза Меј дека го „уништила Брегзит“ и додаде дека секој нејзин обид да задржи блиски односи со Европската унија ги намалува шансите за профитабилен трговски договор со САД. - Ако склучат таков договор (со Унијата), тогаш ние ќе работиме со ЕУ наместо да работиме со Британија, така што тоа веројатно би го...

Анкета: Повеќето Руси сметаат дека со светот управува тајна влада

Двајца од тројца Руси сметаат дека тајна влада управува со светот, стои во студија на рускиот Центар за проучување на јавното мислење (Вциом) која покажа зголемено влијание на теориите на заговор во Русија. На учесниците во анкетата им било поставено прашањето дали веруваат дека постои „организација или група организации кои влијаат врз сите светски процеси и ги контролираат активностите на...

Експлозија во фабрика во Кина, 19 лица загинати

Во експлозија во хемиска фабрика во југозападниот дел на Кина загинаа 19 лица,  а 12 се повредени, соопштија утрово локалните власти. Експлозијата се случила синоќа во индустрискиот комплекс во градот  Јибин во провинцијата Сечуан.  Повредените се во стабилна состојба и префрлени во болница. Се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката на компанијата Хенгда. Најголема експлозија во фабрика во Кина...

Во Брисел 14. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија и ЕУ

Советот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија и Европската унија денеска во Брисел ќе го одржи 14. состанок. На состанокот се очекува да бидат разгледани теми за односите меѓу Македонија и ЕУ во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, подготовките и предизвиците кои произлегуваат од временската рамка за почеток на преговорите, која неодамна ја усвои Советот на Европската...

Десет филмови на програмата Кафе-кино на „Скопско лето“

Кафе-киното на „Скопско лето“, кое вчеравечер почна со филмот „Смртта на Сталин“, ќе продолжи до 21 јули со проекции од 21 часот во Сули ан - Факултет за ликовни уметности. На програмата вечер е воената драма „Во четири ѕида“ во режија на Филип ван Лиу, копродукција на Франција, Белгија и Либан од 2017 година. Романтичниот трилер „Духовите на Исмаел“ на режисерот...

Адеми: Се подготвува национална стратегија за дијаспората

Националната стратегија за соработка со дијаспората 2018-2023 е при крај и се очекува да се донесе до крајот на летото. Тоа е прв стратешки документ што една Влада во овие 27 години го работи во делот на дијаспората. Ова го истакнува министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми во интервју за МИА.   - Националната стратегија има четири клучни столбови. Првиот е политичко-административниот дел каде се...

Викендов 45. Галичка свадба, концерт во пресрет на манифестацијата

Во пресрет на 45. Галичка свадба која ќе се одржи викендов, на платото пред чешмата Упија во Галичник вечер од 22 часот ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски, оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова и групите „Тоа е тоа“ и „Бенд офф“, со што ќе почне и Галичкото културно лето. Во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина, утре  со поставување...

Македонија и официјално поканета во НАТО, фокусот сега на референдумот

Македонија и официјално ја доби поканата за почетокот на преговорите за влез во Северноатлантската алијанса, со што се отвора патот да стане 30. земја-членка, а прогнозите се дека постои можност официјално да бидеме дел од Алијансата кон средината на следната година. Во меѓувреме треба да се исполнат обврските од Договорот со Грција, за Македонија - успешно спроведен референдум и уставни...