Доживотен затвор за мажот кој поттикнуваше напад врз принцот Џорџ

Британец, кој на исламски милитанти им предлагал напад врз четиригодишниот принц Џорџ, кој е во позиција некогаш да стане крал на Британија, е осуден на доживотен затвор. Хуснаин Рашид (32) од градот Нелсон, северозападна Англија, ќе мора да одлежи најмалку 24 години. Тој објавувал информации преку апликацијата „Телеграм“ со кои ги охрабрувал џихадистите да извршат напади низ целиот свет, како и...

Тевдовски: Се очекува висок раст на странските инвестиции по влезот во НАТО

Искуствата од другите земји покажуваат висок раст на странските директни инвестици по влезот во НАТО Алијансата. Ако се земе просек од пет години пред и по пристапувањето на нашите соседи Бугарија и Албанија, се забележува неколкукратен раст на странските инвестиции, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во изјава за МИА. - Кај Бугарија, странските директни инвестиции, анализирано пет години пред...

Шлаканици и аплаузи

Ниту реалноста е толку црна како што сака да ја претстави опозицијата, ниту, пак, иднината ни е толку светла како што тврди власта. Македонија е во една сива зона (за нијансите, посветла или помрачна, може да се дискутира) на неизвесност и поделеност по секоја основа. Притоа пред македонската јавност и од страна на власта и од страна на опозицијата...

Концерт на британскиот акапела секстет „The Queen’s Six“ во рамки на „Охридско лето“

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва предвидува концерт на британскиот акапела секстет „The Queen’s Six“ што ќе се одржи во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“. Членовите на секстетот се дел од професионалните пејачи, наречени Lay Clerks на капелата „St. George“, кои живеат и работат во дворецот Виндзор. Членувањето во таков вокален колектив бара особено високи музички стандарди, оттаму...

Почнува 45. Галичка свадба

Со поставување на свадбарското знаме денеска во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина ќе почне 45. издание на Галичката свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата. Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа, со потекло од Галичник и Златко Димовски. Тие се избрани во конкуренција од четири пара. Лепческа од својата петта година учестува на манифестацијата, а...

Македонија го слави добивањето на покана за членство во НАТО

Под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“ денеска во 15 градови низ државата ќе биде прославено добивањето на поканата за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО. Големата граѓанска прослава ја организира Владата на Република Македонија, а најавен е настап на околу 40 македонски музички ѕвезди меѓу кои Кирил Џајковски, Архангел, Дејан Декс, Дуке Бојаџиев, Горан Кан,...

Сончево со повремено засилен северозападен ветер

Сончево време со мала облачност и со умерен повремено засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието ќе преовладува денеска во Македонија. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а...

Формирањето на ДИК и референдумот приоритети во следниот период

Формирањето на новиот состав на Државната изборна комисија и одржувањето на референдумот се прашањата на кои во следниот период ќе бидат фокусирани политичките чинители во државата.  Премиерот Зоран Заев вчера најави дека дебатата во врска со референдумот и сите прашања поврзани со него, меѓу кои и формирањето на ДИК, ќе почне кон крајот на овој месец. - Прво треба да се...

Заев: Идната недела доаѓа Хан, почнува скрининг процесот

Следната недела со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан  почнува скрининг процесот, истакна вечерва премиерот Зоран Заев пред граѓанските организации со кои имаше консултативна средба во Владата. - Целта е на владина сесија да ги отвориме процесите, а тоа значи дека час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките тимови за процесот за којшто...

Русија се надева на постепено нормализирање на односите со САД по Хелсинки

Од кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин велат дека тој се надева на постепено нормализирање на односите меѓу САД и Русија, по самитот во Хелсинки на кој Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Јури Ушаков, помошник на Путин, изјави дека односите меѓу САД и Русија се нарушени веќе подолго време, поради што не може да се очекува...