Уапсени поранешниот пакистански премиер Шариф и неговата ќерка
Поранешниот премиер на Пакистан Наваз Шариф и неговата ќерка Маријам денеска беа уапсени во Лахоре, откако се вратија во земјата во пресрет на парламентарните избори кои се одржуваат на 25 јули.
Наваз Шариф е осуден на 10 години затвор поради купување на станови во Лондон за кои не можел да го покаже потеклото на имотот. Маријам е осудена на седум...
Британската полиција нашла шишенце со нервен отров во домот на затруениот граѓанин
Британската полиција денеска соопшти дека го открила изворот на нервниот гас „Новичок“, од кој беа затруени двајца жители на градот Солсбери, од кои еден почина.
Полицијата разговарала со 45-годишниот Чарлс Роули, кој го преживеа труењето со отровот, и утврдила дека во неговиот дом има мало шишенце во кое се содржани траги од „Новичок“. Неговата партнерка, Дон Стурџис (44) почина од...
„Исцелител“ ќе се прикажува во грчките кино сали
Македонскиот игран филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески од 19-ти јули ќе се прикажува во грчките кино сали. Својата кино премиера филмот ќе ја има во едно од најстарите кина во Атина – „Трианон“.
„Исцелител“ е прв долгометражен филм во македонско-грчка копродукција и е единствениот македонски филм добитник на награда на престижниот Солунски филмски фестивал.
Кино дистрибуцијата на „Исцелител“ во Грција...
Албански медиуми: Албанија губи поголем дел од територијалните води во Јонското Море
Со договорот што Грција и Албанија треба да го потпишат за определување на морската граница, Атина добива 12 милји од албанските територијални води во Јонско Море, тврдат медиумите во Тирана.
Според содржината на договорот, од кои детали објавија грчките медиуми, Грција добива 12 милји од мирските води, почнувајќи од најсеверниот остров, па се до островите околу Крф.
Албанските медиуми оценуваат дека на...
Калин: Турција ќе ја укине вонредната состојба на 18 јули
Вонредната состојба во Турција нема да биде продолжена по 18 јули, соопшти денеска портпаролот ма турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин.
Вонредната состојба во Турција беше воведена на 20 јули 2016 година по обидот за воен удар во ноќта меѓу 15 и 16 иститот месец, и од тогаш таа беше продолжувна на секои три месеци. Последното продолжение на вонредната...
САД поднесоа кривични пријави против 12 руски агенти поради изборите во 2016 година
Американскиот заменик јавен обвинител Род Розенстин денеска најави дека специјалниот обвинител Роберт Малер поднел кривични пријави против 12 Руси, офицери на безбендосната служба ГРУ.
Според обвинението, руските агенти биле ангажирани во хакерските напади во кои беа објавени електронски пораки на кандидатката за демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон и нејзини блиски соработници, како Џон Подеста.
Пораките покажаа како Демократската партија...
Словенија поднесе тужба против Хрватска поради спорот за границата
Словенечката Влада соопшти дека денеска пред Европскиот суд на правдата во Луксембург поднела тужба против Хрватска поради неспроведување на одлуката на арбитражата за нивната меѓусебна поморска граница во Пиранскиот Залив.
Во соопштението се посочува дека тужбата е поднесена врз основа на член 256 од Лисабонскиот договор, според кој, земја членка на ЕУ може да поднесе тужба против друга членка поради...
Утре без вода високите зони на улиците „Бојмија“ и „23 Октомври“ во Аеродром
Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100мм на ул. „23-Октомври“- раскрсница со ул. „Бојмија“ прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од висока зона на ул. „Бојмија“ згр. 2, 4, 6, 8 и дел од корисниците од ул. „23 Октомври“, во општина Аеродром.
Како што соопшти РЦУК, водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09:00 до завршување на работите за реконструкција.
Тачи: Ако постигнеме договор со Србија, Русија ќе го смени ставот кон Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека ставовите на Русија по однос на косовското прашање се познати, но дека тие ќе се сменат доколку Косово и Србија постигнат договор и Москва ќе се прилагоди на него.
Тачи, како што јави дописникот на МИА од Приштина, изјави денеска дека тоа му го потврдил и премиерот на Русија Дмитри Медведев, при нивната средба...
Захарова: Лавров засега не ја откажува планирата посета на Грција
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ресорниот министер Сергеј Лавров засега не планра да ја откаже есенската посета на Грција и покрај одлуката на Атина да протера двајца руски дипломати и да им забрани влез на уште двајца.
Грција ги обвини руските дипломати дека се мешале во внатрешните грчки политички прашања, а според грчките медиуми, тие поттикнувале протести против...







































