Уставен суд без судии поради „прочистувањето на корумпираните“

Процесот на прочистување на правосудните институции и полицијата во Албанија од корумпирани личности или лица што биле или се дел од криминални структури не го мина уште еден уставен судија, со што практично Албанија остана без Уставен суд, бидејќи проверката не ја минаа повеќе од половина од неговите членови. Последен во низата уставни судии што не го минаа процесот е...

Цариниците прекинале акција со контролирана испорака на кокаин

Контејнерот со банани во кои биле скриени 32 килограми кокаин неколкупати се враќал во Црна Гора, но никој не го преземал Црногорските цариници при контрола на контејнер за ладење, во кој имало 40 килограми кокаин, ја прекинале акцијата со контролирана испорака на наркотици, која една година ја водела американската ДЕА за да се открие крајната дестинација. Контејнерот со кокаин што...

Хеликоптер се урна во Јужна Кореја, петмина загинати

Пет луѓе загинаа, а едно лице е повредено при пад на хеликоптер во близина на јужнокорејскиот град Поханг, соопшти денеска морнарицата на Јужна Кореја. Хеликоптерот прво се запалил, а потоа паднал од висина од околу 10 метри. Несреќата се случила во поморската база, каде секоја година американските и јужнокорејски маринци одржуваат вежби. Сė уште не се познати причините за несреќата, а истрагата...

Владата предлага членовите на ДИК да се бираат со мнозинство од 61 пратеник

Владата во собраниска процедура ги пушти измените на Изборниот законик, потврдуваат од кабинетот на претседателот на македонското Собрание Талат Џафери. Предлогот на Владата е веќе ставен, по итна постапка, на денешната пленарна седница на Собранието, на што реагира опозицијата. Измените предвидуваат членовите на ДИК да се бираат со просто мнозинство од 61 пратеник, а не како што е досега со двотретинско. Целта...

Иран поднесе тужба против новите американски санкции

Иранските власти денеска пред Меѓународниот суд на ОН во Хаг поднесоа тужба против САД поради возобновата на американските економски санкции кон Иран. Како што соопшти иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, целта на тужбата е „да се утврди одговорноста на САД за незаконското ново воведување на едностраните санкции“ кон Иран. - Независно од тоа што САД ја занемаруваат дипломатијата...

Македонските претставнички ги добија ривалите во Европа

Ракометарките на ЖРК Металург го добија својот противник во првото квалификациско коло од ЕХФ Купот. Вицешампионките на Македонија ќе имаат тежок предизвик против францускиот тим Иси Париз. Противникот има големо искуство во настапите во европските натпреварувања. Во својот состав, меѓу другите, ги има Норвежанката Хана Бреда Офтедал, Австријката Соња Фреј, Романката Крина Пинтеа итн. Првиот натпревар на програмата е на 8/9...

Хан: Имате рандеву со историјата, затоа нема време за губење

Ајде да се зафатиме со работа, имате рандеву со историјата. Затоа нема време за губење. Ние сме само на почетокот од едно долго патување, порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан обраќајќи се на седницата на Националниот совет за евроинтеграции. - Важно е да демонстрирате инклузивност и дека се работи на стратешките приоритети на земјата. Имате единствена можност да се обединат сите...

Се очекуваат пониски откупни цени на тутунот

Пониски откупни цени и процена во пониски класи поради намален квалитет на тутунот очекува Стопанската комора на Македонија од годинашната реколта. Како што беше кажано на вчерашната прес-конференција, површините под тутун се за десет отсто поголеми од лани, но врнежите кон крајот на јуни и на почетокот на јули, како и невремето минатата недела, предизвикаа појава на болести и штетници,...

Вајгл: Сега е клучниот момент за Македонија, нема да има втора шанса

Ова е клучен историски момент за Македонија и треба да се процени како прв конкретен чекор кон членството во ЕУ, порача известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл на седницата на Националниот совет за евроинтеграции во македонското Собрание на која беше и еврикомесарот Јоханес Хан кој официјално и го инаугурираше почетокот на скрининг процесот за подготвеноста на земјата...

Субвенционирањето на минималецот води кон уравниловка

Многу работодавци признаваат дека главен проблем не им беше зголемувањето на минималната плата, туку притисокот за зголемување што тоа го направи кај другите плати, особено оние во опсегот до 18.000 денари, со цел овие работници да не бидат демотивирани кога помалку продуктивните работници им се приближуваат со платата Работодавците што ќе им дадат покачувања на вработените со минималецот од 12.000...