Турнеја на обоистот Томе Атанасов во Шпанија и во Франција
Обоистот Томе Атанасов ја започнува својата солистичка триесетдневна турнеја во Шпанија и во Франција, како солист на Камерната филхармонија на Келн. Тој ќе исполни по два соло-концерта од Бах и од Вивалди во една вечер. Тој е долгогодишен солист на овој оркестар и оваа успешна соработка се потврдува и годинава.
Томе Атанасов (1984 година) во 2002 година добил стипендија на...
Стразбур: Русија мора да му исплати отштета на семејството на Ана Политковскаја
Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска пресуди дека Русија треба да им исплати 20.000 евра како надомест на роднините на убиената новинарка Ана Политковскаја, поради лошо водење на истрагата за нејзиното убиство.
Рускиот и словачкиот судија гласаа против пресудата во Стразбур, а „за“ беа пет судии.
Судот и забележува на Русија дека го нарушила „правото на живот“ во...
Триесеттата „Поетска ноќ во Велестово“ со скратена програма
Јубилејната 30-та „Поетска ноќ во Велестово“, годинава со скратена програма, ќе со одржи на 20 и 21 јули, на локации во Велестово и во Охрид, и ќе биде посветена на најновата македонска поезија. Од годинашната програма изостанало планираното гостување на пет хрватски поети и издавање книга посветена на современата хрватска поезија, бидејќи, како што наведува организаторот, манифестацијата оваа година...
Објектот Тетекс на градинката Младост во Тетово целосно се реконструира по 45 години
Децата згрижени во објектот Тетекс на градинката Младост во Тетово, од септември ќе посетуваат целосно реновирани простории. Станува збор за најголемата реконструкција на градинките, за која ќе бидат потрошени 5 милиони денари, пари одвоени од општинскиот буџет.
- Конкретно се менуваат сите санитарни чворови, секоја занимална ќе има свој санитарен чвор за децата, се реновираат сите простории, се руши се...
Османи: Од нас зависи дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад
Ова е време на одлуки со големо „О“. За Македонија ЕУ и НАТО интеграцијата е точката која не поврзува во земјата и пред нас имаме една година за да докажеме дека го заслужуваме членството, порача вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ Бујар Османи на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.
- Ова е време на одлуки со големо „О“....
„Исцелител“ ќе се прикажува во грчките киносали
Македонскиот игран филм „Исцелител“, на режисерот Ѓорче Ставрески, од четврток ќе се прикажува во грчките киносали. Својата кинопремиера филмот ќе ја има во едно од најстарите кина во Атина - „Трианон“. „Исцелител“ е прв долгометражен филм во македонско-грчка копродукција и е единствениот македонски филм добитник на награда на престижниот Солунски филмски фестивал.
Кинодистрибуцијата на „Исцелител“ во Грција следува по деветте...
Восхит од врвното музицирање на романските оперски пејачи
Во амбиент на еуфорично расположение и креативна понесеност, по церемонијалниот дел од поздравните говори на отворањето на фестивалот „Охридско лето“, спектакуларно се одгласија оперските асови од Романија, сопранистката Елена Мошуц, тенорот Калин Братеску и темпераментниот маестро Николае Молдавиану. Тие во придружба на Македонската филхармонија реализираа спектакуларен концерт, кој би можеле да го прогласиме за еден од најуспешните почетоци во...
Захариадис: Меѓу мирните граѓани на протестите можеби имаше и такви, кои „зедоа нешто“
Можеби граѓаните кои на протестите говореа за предавства и создадоа тензии и не се толку чисти патриоти, можеби и зеле нешто, вели директорот на пратеничката група на СИРИЗА, Костас Захариадис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио 104.9 ФМ“, во однос на случајот со активностите на руските дипломати во северна Грција и информациите за обиди за поткуп.
-...
Кралскиот секстет „Д’квин сикс“ одушевен од „Св. Софија“
Амбиентот во црквата „Света Софија“ е многу уникатен за секој што ќе го посети овој сакрален храм и е многу необичен и различен од англиските цркви. Има неверојатна уметност исцртана на ѕидните фрески и тоа е многу импресивно и специјално за нас. Исто така, и акустиката е многу специфична и одговара за пеењето на нашата група, вели Даниел Бритејн,...
Разговори за зачленувањето на Косово во Интерпол
Заменикот на помошник-државниот секретар за прашања на стабилноста и безбедноста на Соединетите Американски Држави (САД), Пит Мароко, престојува денеска во Приштина, каде што утрово се сретна со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.
Средбата беше затворена за медиумите, но Харадинај на својот профил на Фејсбук информира дека со високиот американски гостин разговарал за зачленувањето на Косово...







































