Бошњаковски: Граѓаните нема да бидат заложници на партиски интереси
Владата нема да дозволи опозицијата да ги направи граѓаните заложници на партиски интереси, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски информирајќи за поднесените измени на Изборниот законик кои се однесуваат на избор на членови на ДИК.
- Отсуството на одговорност кај опозицијата не може да биде пречка за изразување на волјата за мнозинството граѓани на земјава, волјата...
Филм со Летиција Каста ќе се снима во Битола
Француската актерка и супермодел Летиција Каста ќе игра во една од главните улови во играниот филм „Зад хоризонтот” (Le Milieu De L’Horizon) кој ќе се снима во околината на Битола од 20-ти до 24 јули, соошти продукцијата „Кино око“ од Скопје, која е носител на филмскиот сервис во овој проект.
Филмот е во режија на Делфин Лерисе, копродукција е...
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин
Владата на редовната 80-та седница го прифати предлог - законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка. Со предлог законот ќе се овозможи избор на Државната изборна комисија и ќе се надминат објективните слабости во праксата.
Измените се однесуваат на неколку ставови од членот 27. Во него, целосно се брише ставот 3 кој гласи: „Комисијата за прашања на изборите...
Бомбашки напад на северот на Авганистан, најмалку 20 загинати
Најмалку 20 лица загинаа денеска при самоубиствен бомбашки напад во село во провинцијата Сар-и-Пул во северниот дел на Авганистан.
Како што соопшти началникот на полицијата на Сар-и-Пул, Абдула Квауома Бакизоија нападот го извршил припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД) за време на средба на повозрасни жители од селото со претставници на талибанците.
Според Бакизоија, меѓу загинатите при нападот е и...
Ливерпул понуди рекордни 70 милиони евра за Алисон
Англискиот клуб Ливерпул ја направи својата прва понуда за голманот на Рома, Алисон Бекер. Според италијанските медиуми, предлогот е рекорден за голман и е во износ од 70 милиони евра (62 милиони фунти), откако 10 милиони од нив се во форма на бонуси.
Другиот клуб кој се очекува да влезе во битка за Бразилецот е Челзи.
Претходно денеска, најпопуларниот...
Напаѓачите на Саздовски ќе се соочат со обвинение за убиство
Против тројцата осомничени за смртта на Никола Саздовски ќе се води истражна постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“, откако ОЈО Скопје го преквалификува кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година.
- По преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во предметот против трите лица осомничени за кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година при...
Нова демократија: Смешно е протестите против Договорот од Преспа да се поврзуваат со руските интереси
Смешни се тврдењата дека стотиците илјади Грци на протестите против Договорот од Преспа беа поттикнати или платени од мрачни руски интереси, коментираат од Нова демократија.
- Речиси е комично владини фактори да се обидуваат да ги поврзат нелегалната активност на руските дипломати со општото неодобрување на договорот што го потпишаа Ципрас и Заев. Уште посмешно е да тврдат дека стотици...
ПСЖ: Нејмар и Мбапе остануваат
Многу шпекулации имаше околу двете најголеми ѕвезди на Светското првенство, Нејмар и Килијан Мбапе. Тие играат во најбогатиот клуб во светот ПСЖ, но поради одредбите за финансискиот ферплеј на УЕФА, се проговори дека Реал Мадрид може да ги купи во пакет.
Сепак, ова беше медиумска гласина во кој нема вистина. И уште еднаш, парискиот клуб објави дека и двајцата...
Нова опрема за битолските пожарникари
Битолските пожарникари наскоро ќе добијат нова опрема. Преку проектот „Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Ресен)”, за битолските пожарикари во наредниот период е предвидено да се набават 16 дишни апарати, како и 42 професионални комбинизони за гаснење на пожари на отворен простор со пожарникарски ракавици и чизми.
Деновиве Центарот за развој на Пелагониски плански...
Турнеја на обоистот Томе Атанасов во Шпанија и во Франција
Обоистот Томе Атанасов ја започнува својата солистичка триесетдневна турнеја во Шпанија и во Франција, како солист на Камерната филхармонија на Келн. Тој ќе исполни по два соло-концерта од Бах и од Вивалди во една вечер. Тој е долгогодишен солист на овој оркестар и оваа успешна соработка се потврдува и годинава.
Томе Атанасов (1984 година) во 2002 година добил стипендија на...







































