„Зборува Скопје“ – почна одбележувањето на годишнината од скопскиот земјотрес

Не е заборавена поддршката што пред 55 години нашиот град ја доби од целиот свет. Ова нека биде добра прилика да покажеме дека го сакаме нашиот град, неговата култура и уникатната урбаност која ќе ја негуваме во иднина, истакна вечерва градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во Музејот на Град Скопје каде што беше откриена пораката на Јосип Броз Тито...

Грција се бори со огнената стихија

Грција бара меѓународна помош во гаснењето на пожарите, поради кои прогласи вонредна состојба во областа Атика, во поширокиот регион на Атина. Едно лице го загубило животот во пожарите во источниот дел на областа Атика, 25 лица се повредени и пренесени во болница, од кои шест се во сериозна состојба. Дел од граѓаните се упатиле кон плажите за да избегаат...

Делови од Центар, село Бардовци и локалитетот Матка утре без струја

Корисниците од објектите на Музеј Матка, Ресторан Кањон Матка и црква „Свети Андреј“ на локалитетот Матка во Општина Сарај утре ќе бидат без струја од 8.30 до 15 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија. Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во истиот период од денот ќе останат и корисниците...

Грција бара меѓународна помош за пожарите

Грција доставила барање за меѓународна помош во гаснењето на пожарите, соопштија од грчката противпожарна служба. - Поради големиот обем и интензитет на пожарите и опасноста, нашата земја поднесе барање, преку Европскиот механизам за цивилна заштита, за меѓународна помош по воздух и земја, рече Ставрула Малири портпаролка на грчката противпожарна служба. Потпретседателот на грчката итна помош Милитиадис Милонас, во изјава за грчката...

Нетанјаху: Израел не сака ирански сили ни на 100 километри од Голан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го отфрли рускиот предлог иранските сили во Сирија да бидат распоредени најмалку на 100 киломатри од израелско-сириската граница на Голанската Висорамнина. Како што соопшти претставник на израелската Влада, кој побарал анонимност, ваквиот предлог бил изнесен на денешната средба на Нетанјаху во Ерусалим со руска делегација предводена од министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Според...

Ципрас итно се враќа од Мостар поради вонредната состојба во Атика

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и нема да присуствува на свеченоста во Мостар, каде што требаше да биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, поради сериозната ситуација со пожарите во областа Атика, и итно се враќа во Атина. Претходно, Ципрас од Босна и Херцеговина рече дека е во континуиран контакт со надлежните...

Јуниорите изборија реми против Италија во самата завршница

Македонската јуниорска репрезентација одигра нерешено против Италија 27-27, на ЕХФ шампионатот, дивизија Б, за ракометари до 20 години, што се одржува во Скопје. Првите 20-тина минути од натпреварот се играше гол за гол, а избраниците на селекторот Данило Брестовац до крајот на полувремето успеаа да поведат и на паузата заминаа со минимална предност од еден гол 13-12. Во почетокот на вториот...

Касами: Партиите да работат граѓаните да имаат можност да се изјаснат на референдум 

Билал Касами, лидер на крилото на БЕСА која е во опозиција по лидерската средба во Клубот на пратениците изјави дека го поздравуваат договор во делот на ДИК, во делот за финасирање на политичките партии и за организирање на изборите од страна на техничка влада по моделот на Пржино. - Во делот на организирање на референдум се надевам дека сите политички...

Активни пожари во западниот и источниот дел на Атика, во околината на Атина

Нов пожар изби попладнево во источниот дел на областа Атика во поширокиот регион на Атина, кој исто како и оној од претпладнево во западниот дел на истата област, се уште не е ставен под контрола. Противпожарната служба на Грција со 70 пожарникари и 30 возила, два хеликоптера и пет авиони се обидува да го стави пожарот под контрола, а силниот...

На италијанската „политичарка без лице“ ѝ здодеа да се крие од мафијата

Италијанската политичарка Пјера Ајело (51), која беше приморана да се кандидира анонимно на парламентарните избори, поради заканите од мафијата, неодамна го покажа лицето во јавноста откако доби место во парламентот, пренесува британски „Гардијан“. - Конечно можам да го погледнам светот в лице и без страв да го покажам моето лице. Ова е како да се враќам во живот. Во овој...