Неизвесно кога ќе се спроведе договореното од лидерската средба

Собранието на Република Македонија синоќа не одржа седница како што беше најавено од кабинетот на претседателот Талат Џафери, на која треба да се спроведе договореното на лидерската средба за Законот за финансирање политички партии, за Законот за Влада и за избор на членови на ДИК. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата вчера по лидерската средба ја почна пострапката...

Седумнаесет полесно повредени во сообраќајки изминатото деноноќие во Скопје

Седумнаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од 13-те сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција санкционирала 51 возач што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 25 возачи. Според полицискиот извештај, 21 управувале возило пред да се стекнат со право на управување...

Грција треба да го признае македонското малцинство во Грција

Ставови на „Македонија 2025“ за спогодбата од Мала Преспа Ние не ја гледаме потребата од постоењето на заедничка комисија што ќе ги разгледува историјата, археологијата и образованието, вклучувајќи ги и учебниците и мапите, унилатерално насочена кон Македонија. Ова е непотребно мешање во културните и образовните аспекти на странски ентитет во домашните работи на соседна земја и сметаме дека тоа создава...

Северна Европа погодена од тропски горештини

Суша и високи температури го зафатија целиот северен дел на Европа, јавија светските агенции. Во Финска силно е погодена северната провинција Лапландија каде горат и неколку пожари. Во исто време продолжува да се шири и пожарот по нејзината источна граница, кој почнал од Русија. Во Норвешка исто така се регистрирани многу високи температури. Во последните два месеци, мај и јуни, се...

Надал: Во тенисот има помалку допинг од другите спортови

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека во тенисот има помалку допинг за разлика од другите спортови. - Во сите спортови има луѓе кои мамат, но мислам дека во тенисот досега немало сериозни случаи на допинг. Воглавно тоа е многу поретко отколку во другите спортови, иако и за нас контролите се строги и мораме да бидеме достапни за проверки во текот...

„Де Бирс“ ќе префрли 200 слонови од Јужна Африка во Мозамбик

Производителот на дијаманти „Де Бирс“ соопшти дека ќе префрли 200 слонови од нивниот приватен резерват во Република Јужна Африка во соседен Мозамбик, со цел повторно да се обнови овој животонски вид откако во тамошниот конфликт нивната популација беше речиси уништена. Слоновите ќе поминат 1.500 километри од националниот парк „Зинаве“ до Мозамбик. Тие ќе бидат сместени во живеалиште кое се простира...

Сѐ уште нема разрешница за Асанж

Дипломатскиот ќор-сокак за шестгодишниот престој на Џулијан Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон достигна врв, изјави неименуван извор близок до основачот на Викиликс, откако медиумите објавија дека јужноамериканската држава ќе го повлече политичкиот азил. Асанж живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година, откако еквадорските власти му дадоа азил, со што основачот на Викиликс избегна екстрадиција во...

Делови од Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода утре без струја

Корисниците од булевар „Кузман Јосифиовски Питу“ бр.22 и бр.24, и од улицата „Симеон Кавракиров“ од број 1 заклучно со број 9 во општина Аеродром  утре од 8:30 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9:45 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Мајка Тереза“, „Васил Ѓоргов“, „Бел Камен“, „Козара“ и...

Заев од Мостар: Регионот има лидери кои се подготвени да сплотуваат луѓе и држави

Тоа што не поврзува е заедничката иднина на нашите граѓани, на регионот и на светот. Тоа што не поврзува е потребата за стабилност, сигурност и безбедност, а со тоа и економски придобивки, за нашите граѓани и нашите држави, истакнал премиерот Зоран Заев во Мостар каде што попладнево отпатува за традиционалната манифестација „Mostar Peace Connection“. Како што информира владината прес-служба, пред...

Џафери ги чека имињата од партиите за новите членови на ДИК

Во Собранието на Република Македонија речиси два часа се чека Кабинетот на претседателот Талат Џафери да го извести претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за одговорите од партиите за кандидатите за членови на состав на Државната изборна комисија. Комисијата за прашања на изборите и именувањата по 19 часот одржа седница на која беше утврдено дека...