Пустош од невремето во Прилепско
Земјоделците од Прилепско, посебно од атарите на селата Мало и Големо Коњари се неутешни по денешното невреме проследено со пороен дожд и град во кое сто отсто им е уништен родот, главно, тутунот, пиперките и дел од житните култури.
- За 15-тина минути градот уништи се. Имам 10 декари со тутун, ама се е уништено. Останаа само стеблинките од тутунот....
Ахмети: Државните интереси да бидат пред партиските
Претседателот на ДУИ Али Ахмети изјави дека претставниците на владејачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска имале разлики во ставовите кои се однесувале на референдумското прашање и оти за него попладневниот дел од средбата бил разочарувачки.
- Владејачките партии ги бранеа државните интереси. Разликите се во прашањето кое треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот...
Рот: Направен е историски чекор кон НАТО и ЕУ, трагично е ако тој пат се попречи
Без решение за спорот за името нема конкретна перспектива за ЕУ и за НАТО. Сега е направен исчекор на тој пат. Ова е голем успех, историски пробив и би било трагично ако кон натамошниот пат кон ЕУ биде попречен, ако не постои подготвеност во оваа земја во однос на прашањто на ЕУ, Уставот, изборното право. Треба да постои конструктивна...
Анѓушев: Немам што да кријам, го охрабрувам Обвинителството да го истражи случајот
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференција рече дека ја разбира сензитивноста на јавноста во врска со случајот со компанијата „Кастинвест“ која се откажа од грантот од Фондот за иновации и технолошки развој и додаде оти во целост ги испочитувал сите законски аспекти.
- Имам разбирање за сензитивноста на јавноста со оглед на тоа што десет години се...
Мицкоски: Референдумското прашање мора да биде еднозначно
Главните разлики меѓу владеачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ според лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски биле околу референдумското прашање. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, според него, е дека референдумското прашање мора да биде еднозначно, онака како што предвидува Законот.
-Не можеме, додаде тој, да се согласиме со прашање со повеќе значења. Прашањето треба да се однесува само на договорот, изјави Мицкоски по...
Седуммина загинати при напад во џамија во Нигерија
Седум лица загинаа, а седум други се ранети денеска кога бомбаш самоубец активирал експлозивна направа во џамија во градот Кондуга во северозападниот дел на Нигерија, јави ДПА.
Нигериската Национална агенција за управување со вонредни состојби (НЕМА) соопшти дека нападот бил извршен за време на одржување на молитва во џамијата.
Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот, што се случи...
Заев: Мицкоски не ја сака Македонија во ЕУ и НАТО
Премиерот Зоран Заев по попладневната сесија на лидерската средба изјави дека не е постигнат договор за референдумот за името со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој, меѓудругото, рече дека ДИК сепак ќе има и дека референдумот ќе биде спроведен.
- И покрај тоа што попладнево не беше постигнат договор за референдумот останува договореното од претпладневниот дел на разговорите: за...
Недостигот на докази му дава надеж на Македонецот обвинет за убиство во Мелбурн
Адвокатите на Борче Ристевски (54) фрлија сомнеж на доказите за кои полицијата тврди дека покажуваат оти Македонецот го сокрил телото на неговата мртва сопруга Карен во северен Мелбурн, пишува австралиски „Њуз“. Тој се соочува со обвинението за убиство на сопругата која последен пат била видена на 29 јуни 2016 година, на оддалеченост од околу 50 километри од националниот парк кај...
Договореното на лидерските средби уште вечерва на собраниска седница
Претседателот на Собранието Талат Џафери попладнево ќе свика нова седница на која на дневен ред ќе се најдат законските решенија што беа договорени во претпладневниот дел на средбата меѓу четворицата лидери на најголемите партии во земјата. Доколку попладнево биде постигнат договор и за референдумот, се очекува на дневен ред на оваа седница да се најде и Предлог-одлуката за распишување...
Единаесет дена нема решение за брод со мигранти насукан кај Тунис
Брод со 40 мигранти од Африка веќе 11 дена е насукан во близината на брегот на Тунис, а туниските власти не им дозволуваат на луѓето да се симнат на територија на земјата.
Претставник на Црвената полумесечина, Монџи Слим изјави дека туниските власти ги сметаат мигрантите за илегалци и бараат да ги прими некоја друга држава, како Малта или Италија. Бродот...







































