Пристапот до дел од „Ѕидот на плачот“ забранет поради одрон

Локалните власти на Ерусалим денеска забранија пристап до дел од „Ѕидот на плачот“, откако од него се одрони камен тежок 100 килограми. - Камен тежок 100 килограми падна на плочникот, без да повреди никого, изјави градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат, објаснувајќи ги причините за забраната на пристапот до ова еврејско светилиште. Каменот се одронил на плочникот каде вообичаено стојат еврејските верници...

Прскање против комарци во Кичево

Екипа од Центарот за јавно здравје од Битола, денес и утре ќе спроведе теристичко прскање против возрасни комарци во Општина Кичево. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20 часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување, поставена на пикап возило. Во првата фаза ќе бидат опфатени 800 хектари и тоа градот Кичево и урбаните населби Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица....

Островот на Исламската држава стана забавен парк

Забавниот парк кој се наоѓа на остров на реката Тигар, во ирачкиот град Мосул, беше отворен во април. Изградбата почна во 2011 година, но запре кога Исламската држава (ИД) ја презема контролата над градот во 2014 година. ИД го користеше островот за складирање на оружје и муниција.

Македонија и Грција сакаат заедно да организираат ЕП во кошарка

Кошаркарските федерации на Македонија и на Грција прават напори двете земји заедно да конкурираат за домаќини на Европското првенство во кошарка за мажи во 2021 година или за жени во 2023. Ова го соопшти спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Владимир Темелковски, на денешната прес-конференцијата по повод претстојното Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б, што ќе се...

Во сообраќајката кај велешко Мамутчево повредени 20 работници

Дваесет работници се повредени во сообраќајката што се случи попладнево околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамутчево во која се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес. Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес пред 50-ина минути со возило на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20...

Градот ги уништи овошките и градинарските култури во дел од селата во Кичевско

Брзата промена на времето во земјава, во текот на денот предизвика повеќе бранови врнежи од дожд и град во одредени региони, што им донесе многу неприлики на жителите од повеќе села во Кичевско. Најголемата штета ја предизвика градот во јужниот дел од општината, каде во повеќе села невремето направи големи штети врз овошките и градинарските култури. Во тој бран настрадаа културите...

Постигнат договор за „пржинска Влада“, за ДИК и за финансирање на партиите

Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, денеска, во Клубот на пратениците, по речиси шест часа дебата постигнаа договор за дел од прашањата што им беа на маса. Конкретно, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, договорени се сите детали околу техничката влада пред секои избори, според „пржинскиот модел“. За останатите отворени прашања, пак, особено за датумот и прашањето на...

Пожарот кај Атина надвор од контрола, евакуирани населби и затворен автопатот кон Коринт

Жителите на најмалку три мали населби се евакуирани по наредба на грчката противпожарна служба, а со одлука на полицијата затворени се и новиот и стариот автопат Атина -Коринт и во двата правци, поради големиот пожар што сė уште не е ставен под контрола. Поради неповолните услови за возење и густиот чад, грчката полиција одлучи да го запре сообраќајот на автопатот...

Судар меѓу камион и автобус кај село Мамутчево, повеќе повредени

Тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион се случи денеска околу 13:20 часот на патот Велес-Штип кај селото Мамутчево. Во сообраќајката има повредени повеќе лица, информираат за МИА од МВР. Лицата кои се повредени се пренесуваат во болницата во Велес. Увидот сė уште е во тек. Поради сообраќајна незгода, од 13:15 часот попладнево сообраќајот на патот Велес - Штип е...

Над 60 починати во топлотниот бран во Јапонија

Најмалку 65 луѓе починаа поради високите температури во Јапонија, додека во рок од една недела 20.000 лица побарале лекарска помош. Во Кумагаја, на 65 километри северозападно од Токио, утрово се измерени 41,1 степени Целзиусови. Во реонот на Токио температурата на воздухот се искачи над 40 степени, а во центарот на главниот град на Јапонија попладнево се измерни 39 степени. Во Јапонија минатата...