Повторно „Македонска Тур де Франс експедиција“
„Македонската експедиција Тур де Франс 2018 - Доломити“, во состав Никола Ѓорѓиев, Васко Русевски, Бојан Диковски и Слободан Трајковски утре тргнува за Италија, со старт и цел на потфатот во градот Толмецо.
Целта на експедицијата е искачување со велосипеди на планинските превои на Алпите, на Доломити и на неколку други во околината. За искачување тие ги планираат превоите Стелвио (2.758...
Веќе две паузи на лидерската средба, договор сė уште нема
По пет часа разговори лидерите на четирите најголеми политички партии во Клубот на пратениците заминаа на втора пауза. Ниту еден од учесниците во разговорите официјално не соопштува дали има напредок и за што конкретно станало збор.
На лидерскта средба присуствуваа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, Али Ахмети од ДУИ, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Билал Касами од...
Осми „Белички средби“ во Кичевско
Викендов по осми пат во питорескното село Белица, Кичевско, се одржаа традиционалните „Белички средби - 2018“. Годинешната манифестација беше збогатена со учество на голем број познати естрадни ѕвезди, фолклорни ансамбли, поетско читање, а за вистинските гурмани беа приготвени и вкусни специјалитети.
Целокупната програма се одвиваше во кругот на реновираната црква „Свети Ѓоргија“, каде што за вакви пригоди е изграден и...
Зошто одењето на плажа налето нѐ прави среќни?
Убавото опкружување на плажите нѐ смирува и нѐ одмора од прекумерна стимулација што ја имаме во секојдневниот живот. Ни помага да се опуштиме и психички да се насочиме кон живеењето во сегашниот момент
Првата асоцијација на летото е плажа и среќни и насмени луѓе. Ништо не може толку да нѐ орасположи како капењето, дружењето, сонцето во најтоплите летни денови. Дури...
Патот Велес – Штип во прекин поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода, од 13:15 часот попладнево сообраќајот на патот Велес - Штип е во прекин.
Како што соопшти АМСМ, незгодата се случила кај село Мамутчево.
Засега нема други детали.
Сакам да го извадам македонскиот рокенрол од подрумите
Тошо Филиповски, автор на „Првата македонска рок-енциклопедија“
Особено сум горд на првите македонски рокери, на ентузијастите од 1960-тите, 1970-тите што ги поставуваа темелите на македонската рок-музика. По 50 години, конечно некој им оддаде почит за она што го направиле, вели Филиповски
„Сакам да докажам дека македонската рок-сцена не била толку мала и сиромашна како што мислат многумина, туку напротив. Да го...
„Култура сега!“ на „ДримОН“ во Струга
Шестото фестивалско издание апелира за културни настани и во провинцијата, за деметрополизација, современост...
„Култура сега!“ е мотото на 6-то издание на фестивалот за процесирање култура „ДримОН“, кој ќе се одржува во Струга, од 25 до 29 јули. Организаторите со мотото апелираат дека е доста со запоставување на културата, која е важна гранка во општеството, и дека мора веднаш да се...
Собранието изгласа намалување на патните трошоци на пратениците
Пратениците ќе добиваат понизок износ на патни трошоци, со измените на Законот за пратеници, што денеска беа изгласани во Собранието со 76 гласа „за“ и еден „воздржан“.
Со законските измени наместо досега утврдените до 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, пратениците ќе добиваат надомест до 20 проценти по изминат...
Доаѓаат британските уметнички ѕвезди Трејси Емин и Сара Лукас
Проектот „Перцепции“, кој ќе биде претставен во текот на оваа и наредната година низ регионот на Западен Балкан, во соработка со Британскиот совет, опфаќа дела на најпознатите современи британски уметници, како што се Трејси Емин и Сара Лукас, како и дела на локални уметници. Поставката, која се состои од пет изложби што ќе бидат поставени во текот на 2019...
Големо невреме го погоди Прилеп и околината
Силно невреме проследно со град го зафати Прилепско денеска околу пладне. Поплавени беа улиците, но најмногу настрадаа земјоделските производи во околните населени места.
Според првични инфромации од поединци земјоделци во Мало и Големо Коњари речиси целосно е уништен тутунот.
- Отиде сė. Целиот род за годинава. Сė е уништено и тутун и земјоделските производи. Никој нема да ни ја...







































