До 2050 година ќе има повеќе пластика од риби во океаните

Проблемот со пластиката е што досегашната стратегија за собирање и за рециклирање не дава позитивни резултати Можеме да ѝ помогнеме на планетата Земја доколку ја намалиме употребата на пластика за еднократна употреба, доколку не користиме ќеси, цевчиња, пластични шишиња, пластичен прибор за јадење. Од почетокот на 20 век почна да се воведува пластиката во масовното производство. На Земјата се произведени околу...

„Исламска држава“ соопшти дека убиецот од Торонто е нејзин војник

„Исламска држава“ презеде одговорност за нападот во Торонто, во кој загинаа две лица, а 13 беа повредени, јави агенцијата на групата АМАК. - Напаѓачот беше војник на „Исламска држава“ и го изврши нападот како одговор на повиците за цели да се избираат граѓани на земји од коалицијата - соопшти „Исламска држава“ без да даде повеќе детали или докази за своите...

Македонија очекува рекордна туристичка сезона

Многу поголем раст од лани и рекордна сезона, очекуваат годинава туристичките работници. Според нив, досегашниот таргет од еден милион гости е надминат, сега целта е два милиона. - Мислам дека 20 отсто поголем раст ќе имаме оваа година за разлика од минатата. Нема никакви проблеми. Многу е важно што ја пројдовме досегашната бариера од еден милион туристи. Тоа е најбитно. Сега...

Обвинителството ќе го истражува говорот на омраза во врска со пожарите во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција во кој има и човечки жртви. - Јавното обвинителство ќе испитува...

Рохани: Празните закани на Трамп не заслужуваат одговор

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека нема потреба да одговори на „празните закани“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Рохани ова го изјави на седница на иранската Влада. Тоа беше неговата прва изјава откако Трамп го предупреди иранскиот лидер дека заканувањето кон САД ќе има тешки последици. - Од некои американски лидери доаѓаат неосновани коментари и празни закани - рече иранскиот претседател...

Тур-операторите од Македонија и Романија бараат чартер летови

Македонија и Романија да се поврзат со директен, чартер лет на релација Скопје - Букурешт или Крајова - Охрид, бараат тур-операторите од двете земји. Сметаат дека тоа е клучниот чекор за зголемување на бројот туристи, од сегашните 1.500, на околу 30.000 - 40.000. - Наша цел е романските туристи да ја посетуваат Македонија на ранг на полските и холандските, но...

Утврден составот на ДИК, седница на Собранието во 18 часот

Вечерва во 18 часот ќе се оддржи седница на Собранието на Република Македонија на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија, потврдија за МИА од кабинетот на претседателот Талат Џафери. Претходно Комисијата за изборите и именувањата на експресна седница ги утврди седуммината членови на новиот состав на ДИК, што треба да го спроведе референдумот...

Данило Брестовац е нов тренер на Металург

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, денеска беше промовиран во тренер на ракометниот клуб Металург. Тој доаѓа на местото на Александар Јовиќ, кој го водеше тимот од Автокоманда минатата сезона. Брестовац, на пресот одржан денес, се заблагодари на раководството на тимот за укажаната доверба и додаде дека очекува со многу работа, Металург да се искачи за едно ниво...

Почина Серџо Маркионе, поранешниот шеф на Фиат Крајслер

Поранешниот шеф на Фијат Крајслер Серџо Маркионе почина денеска, на возраст од 66 години, соопшти компанијата Фиат. - За жал, Серџо Маркионе, човек и пријател, почина - соопшти директорот на Ферари Џон Елкан. Компанијата на семејството Анџели, која го основаше Фиат, ја потврди смртта на Маркионе. Тој дојде во Фиат во 2004 година и го водеше спојувањето на со тогаш банкротираниот американски...

Подобрена здравствената состојба на девојчето со дијабетес

Здравствената состојба на 14-годишното девојче од Охрид со дијабетес тип 1 кое во сериозна состојба со кетоацидоза беше примено на КАРИЛ се подобрува и тоа спонтано дише. Ова денеска на прес-конференција го истакна заменик – министерот за здравство Асим Муса. Тој посочи дека 14-годишното девојче од Охрид, како и уште двете деца на возраст од три години од Свети Николе...