Една изјава ги нарушува српско-бошњачките односи
Србија
Изјавата на Сулејман Угљанин, еден од лидерите на бошњачката заедница, за тоа дека актуелните државни функционери на Србија не ги претставуваат и интересите на ова малцинство, предизвика остри реакции во домашната јавност.
- Актуелниот претседател на Бошњачкиот национален совет, Сулејман Угљанин, е загрижен дека ќе ги изгуби претстојните избори за ова тело, па е во таен договор со одделни надворешни...
Заев на средба со Мекеј: Подготвени сме за организиран брз и ефикасен пристапен процес
Процесот на преговорите по добивањето на поканата во Брисел е дополнителна мотивација за институциите, за сите во јавната администрација и за граѓаните на земјата, за придонес во оваа фаза која нė води поблиску до гарантираната безбедност и сигурност во друштвото на земјите членки и сојузници во НАТО, што отвора и перспективи за дополнителен економски развој на нашата земја.
Ова го...
Акции за кастрирање и стерилизирање бездомни кучиња во Аеродром
Во општина Аеродром вчера се организираше акција за третирање на бездомните кучиња, во соработка со жители од општината, љубители на животни, кои доброволно излегоа на терен заедно со службите на стационарот „Вардариште“.
Според соопштението на општина Аеродром, акцијата се одвивала кај поштата во Ново Лисиче и опфатила хумано заловување на бездомните кучиња кои немаат маркици и никогаш не биле стерилизирани...
Бошњаковски: Нема да има амнестија
Амнестија за судските постапки што се водат, а кои произлегоа по објавувањето на прислушуваните разговори, нема да има, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
- Не постои никаква можност за амнестија, директна или индиректна, за случаите за кои се води постапка, а кои произлегоа од објавените „бомби“ - рече Бошњаковскии на денешната прес-конференција во Владата.
Опстанокот станува невозможна мисија во земјата на сиромашните милионери
Венецуела која ги поседува најголемите светски резерви на нафта, се наоѓа во голема економска криза поради која многумина нејзини жители не можат да си дозволат храна и лекови, додека полиците во маркетите се празни. Згора, стапката на криминалот е во рекорден пораст, со што многумина Венецуелци се плашат да ги напуштат домовите ноќе, пишува британски „Гардијан“.
Јужноамериканската држава е погодена...
Власта и опозицијата постигнаа согласност, седницата за ДИК и референдумот в сабота
Потпретседателот на Собранието на РМ и пратеник од НСДП, Горан Мисовски, денеска изјави дека е постигната согласност меѓу власта и опозицијата за составот на ДИК и законските решенија што беа договорени на лидерската средба и оти тие најверојатно во сабота ќе бидат донесени на собраниска седница на која ќе биде распишана и одлуката за референдумот.
- Не очекуваат клучни моменти...
ПЕТ „Ендорфин“ со волонтерски активности низ планините во Кичевско
Покрај освојувањето на многу планински врвови во земјава и на Балканот, планинарско еколошкото друштво „Ендорфин“ од Кичево, активно е вклучено во повеќе волонтерски активности во регионот.
Минатата година планинарското друштво учествуваше во одбележување на планинарската патека на планината Добра Вода, а летово активностите продолжија со одбележување, расчистување и освежување на повеќе планинарски патеки во регионот.
-Нашето друштво наместо планинарска тура изминативе...
Инспекција ги отстранува дивите тезги околу „Зелен пазар”
Инспекција на општина Центар изминатите денови, по претходна опомена и известување, спроведе акција за отстранување на диво поставените тезги и дивите препродавачи околу "Зелен пазар".
По опомената, дел од дивите препродавачи продолжија со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот.
Сите затекнати диви препродавачи се санкционирани согласно законите и правните регулативи.
Оваа акција...
Најмалку 80 загинати во пожарите во областа Атика
Бројот на загинатите во пожарите во регионот Атика се искачи на 80, откако еден 84-годишен маж им подлегна на повредите во атинската болница, каде што беше пренесен со сериозни изгореници.
Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, според официјалните податоци од грчката противпожарна служба, објавени пред да биде соопштено дека повредениот им подлегна на повредите, 79 лица го...
И ВМРО-ДПМНЕ ги достави до Џафери предлозите за членови на ДИК
Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери конечно ги доставила предлозите за членови на ДИК од нивната партија.
Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на составот на ДИК, но, исто така, е и своевидна потврда дека пратеничките групи се договориле да го реализираат она што беше договорено на понеделничката...







































