Уште едно дете со дијабетес упатено на Детската клиника
Дете на возраст од шест години со возило на Итна медицинска помош од Охрид е упатено на Клиниката за детски болести во Скопје, изјави за МИА директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), д-р Ирина Сотирова Бухова.
- Детето е во многу полесна состојба, свесно, контактибилно, значи не е тешка клиничка состојба како што беше 14-годишното девојчето на КАРИЛ,...
Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора бараат целосно повлекување на косовската одлука
Министрите за земјоделство, трговија и економија на Македонија, Србија и БиХ, како и претставникот од Црна Гора денеска на состанокот во Белград ја поздравија одлуката на Приштина за делумно повлекување на трговските бариери, со барање, веднаш, без одложување, да ги повлече царините и за останатите производи.
Еден од заклучоците на состанокот е и секоја земја да може да воведе соодветни...
Три жртви на Западнонилска треска во Србија
Од почетокот на јуни во Србија се регистрирани 41 случај на лица заболени од Западнонилска трска, од кои тројца починале, соопшти денеска директорката на српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ - Батут“, Верица Јовановиќ.
Сепак, според неа, нема причина за паника кога е во прашање Западнонилската треска, бидејќи Институот и здравствените установи дејствуваат заеднички во справување со болеста.
Јовановиќ...
Заев: До 30 јули одлуката за референдум на 30 септември, ако треба и без ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот Зоран Заев верува дека до 30 јули Собранието ќе донесе одлука за распишување на референдумот, кој, како што изјави денеска во одговор на новинарско прашање, ќе го организираат и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ во случај со нив да не се постигне договор за што во тек се разговори на парламентарно ниво.
Во случај да не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ...
Многу вложуваш во трубата, ама и многу ти враќа
Бојан Митрески, трубач
Прилепчанецот Бојан Митрески уште од мал се интересирал за дувачките инструменти, но трубата му оставила силен впечаток пред сѐ заради тоа што му била поразлична и поспецифична од сите други инструменти. Токму затоа сe одлучил да ја изучува, иако е доста тежок инструмент. Завршил и ФМУ во Скопје и сега настапува на голем број концерти.
- Трубата е...
Кокев во хуманитарна акција за стипендирање студенти по медицина
Модната куќа „Кокев“ и Здружението за кардиоторакална хирургија (ЗКТХ) во заедничка хуманитарна акција за стипендирање на најдобрите студенти по медицина.
Оваа хуманитарна кампања со наслов „Docendo discimus“ што значи „Учејќи го другиот, се учам себеси“ има цел да ја подигне хуманоста кај нашите граѓани, за да се соберат средства, кои ќе бидат донирани на крајот од годинава во форма на...
Пешак загина во Прилеп
Шеесет и седумгодишен пешак загина денеска во Прилеп, откако во него удрил автомобил.
Како што е наведено во полицискиот билтен, денеска во 11:20 часот било пријавено дека на улицата „Биди маж“ во Прилеп патничко моторно возило „голф“ управувано од Г.П.(46) удрило во пешак М.Ш.(67).
Од здобиените повреди пешакот починал. Увидот е во тек.
Легендарната рок-група „Триангл“ повторно снима
Новите песни имаат весел призвук и наша цел е да ги расположиме луѓето во овие сиви времиња, па затоа и правецот по кој сега одиме го нарековме балкански или „чобан рок“, вели Кокан Пандиловски
Кокан Пандиловски, основачот на легендарната рок-група „Триангл“ (1975-1982), по подолга пауза, одлучи да го реактивира бендот, што остави голема трага во историјата на македонскиот рокенрол. Сѐ...
Димитров: Периодот е деликатен, не сакаме да му попречиме на процесот
И покрај двата обида, денеска не се оддржа седницата на собраниската Комисија за надворешни прашања, на која излагање за остварување на меѓународната политика требаше да има и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Новата седница е закажана за утре.
Денешната седница се одложи откако претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, побара пратениците кои имаат безбедносни сертификати да ги добијат класифицираните материјали...
Концертот на Цукеро во СЦ „Билјанини извори“
Поради лошите временски услови, во договор со менаџментот на италијанската музичка ѕвезда Цукеро, организаторот на концертот, продукцијата „Авалон“ одлучи денешниот концерт да го префрли во спортската сала „Билјанини извори“. На вечерашниот концерт Цукеро, со својот карактеристичен блуз-вокал, ќе отпее дел од своите најголеми хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други. За поубава прегледност, на...







































